I found this from Makedonski Sport yesterday
УШТЕ ЕДЕН ЗА НАС НЕПОЗНАТ ФУДБАЛЕР ГО НОСИ ДРЕСОТ НА ГОЛЕМ ЕВРОПСКИ КЛУБ
Урдинов, дете на ПСВ, надеж на Македонија
Холандскиот клуб пред 4 години го купи талентот од белгискиот Мехелен
Македонија има свое дете и во ПСВ Ајндховен. Јани Урдинов е еден од најдобрите фудбалери кој настапува во екипата до 17 години на познатиот клуб. Станува збор за играч кој настапува по левата страна и кој е роден во Белгија. Сепак, неговите македонски корени се цврсти, а неговиот татко е Зоран Урдинов, кој кон крајот на осумдесеттите години го носеше дресот на Кожуф.
"Веќе 4 години сум тука, во ПСВ", ни открива младиот Јани во своето прво интервју за медиум од Македонија.
"Јас сум роден во Мехелен и почнав да играм во екипата од тој град. Се играше турнир по кој скаутите на ПСВ ми понудија да се преселам во нивниот клуб и тоа се случи многу брзо. Играм како лев бек или како лево крило. Таа страна од теренот е моја", коментира Урдинов, детето на ПСВ и надежта на Македонија.
Јани Урдинов!? Тоа е името кое барем засега првпат се слуша, но се надеваме дека во иднина тој ќе израсне во голем фудбалер. Во ПСВ тој одлично напредува и е стандарден во тимот за кој настапува. Тој и неговите врсници редовно освојуваат турнири и титули, а Јани се надева дека за многу брзо време ќе биде префрлен меѓу сениорите.
"Тој сега игра во третата екипа на ПСВ. Секој ден патува од Мехелен до Ајндховен и што е најважно упорен е во работата. Се наоѓа во голем клуб од кој излегле многу познати фудбалери", е изјавата на Зоран Урдинов, таткото на младот талент кој имал супер брзина и одличен шут со левата нога. Младиот Јани игра на позиција која во холанската тактика е многу ценета и на која се обрнува големо внимание во младинските категории.
"Редовно доаѓам во Македонија и затоа добро го знам мајчиниот јазик. Се интересирам и за фудбалот во Македонија. Знам за резултатите на националниот тим за Пандев од Лацио и за Мазнов, кој игра тука, кај нас, во Локерен", е појаснува младиот Урдинов околу тоа што се знае за фубалот во земјата од која потекнува.
Ова дете со самото тоа што го носи дресот на ПСВ е уште еден наш голем феномен како Горан Славковски (Интер), Блерим Џемаили (Цирих)...но ги има уште такви кои треба да се откријат и да се повикаат во националниот тим на Македонија.
И. Д. Ивановски
Веднаш би ја прифатил Македонија
"Мојот син игра за Белгија, мене ми е драго што тој доби повик да игра за еден национален тим, но од друга страна и тешко затоа што тоа не е Македонија", објаснува таткото на талентот, Зоран Урдинов.
"Ја прифати Белгија затоа што никој не знае за него од Македонија. Според правилата на ФИФА, тој с$ уште има право да ја смени одлуката и репрезентацијата. Ние сме Македонци и сакаме тој да игра за Македонија, но...", додава Урдинов повозрасниот.
Јани има 16 години, што значи дека е препорака до нашиот селектор до 17 години Златко Цветановски, кој треба да обрне внимание за да не загубиме уште еден наш голем талент.
Има настапи за Белгија
"Одиграв две тест средби за репрезентацијата на Белгија до 17 години. Двете беа со Турција. На првата влегов од клупата и загубивме со 2:1, а на втиориот меч бев стартер кога победивме со 2:0", открива Јани Урдинов за настапот за репрезентацијата во земјата каде што е роден.Тој на секој две години потпишува договор со тимот на ПСВ, а селекторите од Белгија редовно ги следеле неговите игри за холанскиот клуб.
Овој талент во својата биографија напоменал дека негов омилен играч му е Замброта од Барселона затоа што и двајцата играат на истата позиција.
I think with Sikov, Slavkovski, Tasevski, Nedzipi, Pandev and Urdinov and maybe my brother we have new big talented players like never before.
That shows that our NT is just getting better and better....