They did show some memory goals on the MKTVsat news. This did feel very bade.
http://www.a1.com.mk/vesti/sport.asp?VestID=71940
Почина Рикардо Оливеира
Предраг Петровиќ
19.12.2006
Рикардо Оливеира
На бразилскиот фудбалер Рикардо Оливеира му откажало срцето. Тоа се првичните наоди од извршената обдукција на фудбалерот кој изутрината мртов бил донесен на Токсикологија.
И покрај 15-минутна интервенција, безуспешен бил обидот да го повратат во живот 28-годишниот Бразилец, кој последнава година и пол паузираше од фудбалот.
„Од тоа што ми е пренесено од страна на дежурниот колега, после тренингот наводно свратиле во некое кафуле каде земал едно до две пива и тоа е се. Тие го нашле утрото фактички на Ве-Це шоља“, рече Нико Беќаровски, директор на Токсикологија
Обдукцијата треба да расчисти повеќе шпекулации по смртта на фудбалерот, дали трагичниот исход е последица на наркотични средства?
Тој пред да биде донесен на Токсикологија бил примен на Ургентен центар, каде уште бил во свесна состојба. Починал на патот од 50 метри кон Токсикологија.
Бразилскиот фудбалер тренираше и повторно требаше да се активира во фудбалот. Годинава ова е втор случај на смрт на странски фудбалер.
Во февруари, иако неколку години престојуваше во Македонија, ниту еден од трите клуба за кои играше не откри дека нигерискиот фудбалер Еје Абдурашим Адамс е носител на вирусот на СИДА.
Од клубовите каде што играл Оливеира одбиваат да коментираат за здравствените тестови кои ги поминал. Тие само велат дека тоа не е релевантно со оглед дека Оливеира повеќе од една година не беше во фудбалот.
I think this si drug related since he hade drug problems before, why would he be in a WC for so long ? he wos still alive when they first did faind him... Its very could to sleep in a WC....
God, bigg tragic noon the less..