Also here is what Zahovic had to say about him:
Катанец е одличен, ама не го кревајте во облаци
- Среќко Катанец е одличен селектор, кој, апсолутно, си ја знае својата работа, меѓутоа не му дозволувајте да се крене во облаци. Човекот има проблем со својот карактер, по успесите што ги направи со репрезентацијата на Словенија, тотално се промени и затоа нашата државна селекција, која направи огромни резултати, на крајот пукна како меур од сапуница. Се надевам дека повторно ќе биде оној „стариот“, како во времето кога ја презеде репрезентацијата на Словенија и му посакувам се најдобро нему и на вашата репрезентација во наредниот квалификациски циклус - порачува Златко Заховиќ, еден од најдобрите словенечки фудбалери на сите времиња. Тој беше водечката фудбалска личност во репрезентацијата на „дежелата“ во времето кога селектор беше Катанец.
„Време“ ексклузивно успеа да стапи во телефонски контакт со Златко Заховиќ, кој живее и работи во Лисабон, Португалија, и го замоли поранешниот фудбалер на Партизан, Гимараеш, Порто, Валенсија, Олимпијакос и на Бенфика да го искоментира, речиси, сигурното наименување на Среќко Катанец за нов македонски селектор. Тој многу добро го познава, околу четири години работеа заедно во националниот тим на Словенија, а на крајот имаа големо несогласување поради кое и денеска не се во најдобри односи.
Сепак, Заховиќ, како голем професионалец и пред се спортист, не крие дека Катанец е одличен тренер, стручњак што умее да создаде атмосфера, тимски дух, да наметне и да всади победнички менталитет. Но, тој ги открива и карактерните особини на идниот македонски селектор. Според него, Катанец е човек што многу се променил откако ги постигнал успесите со словенечката фудбалска репрезентација.
- Од Македонија?! Баш ми е драго што се јавивте. Зошто да не, апсолутно ви стојам на располагање - беше првата реакција на Златко Заховиќ, откако „Време“ побара негов коментар, мислење за наименувањето на Среќко Катанец за селектор на Македонија.
- Сте направиле, без сомнение, одличен потег со ангажирањето на Катанец. Тој е одличен стручњак, селектор што ги направи најголемите успеси во историјата на словенечката фудбалска репрезентација. Создаде одлична селекција, можеби и имаше среќа што во тој период многу репрезентативци на Словенија настапуваа во странство и веќе беа мошне искусни, прекалени фудбалери. Сепак, нема сомнение, Катанец одлично ги сложи коцките во мозаикот, заедно со нас фудбалерите создаде една одлична атмосфера во репрезентацијата, ни всади победнички менталитет и едноставно резултатите дојдоа. Тоа беа одлични денови на словенечкиот фудбал, обезбедивме пласман на ЕП 2000 во Белгија и во Холандија, а потоа и на СП 2002 во Јапонија и Јужна Кореја. Но, тогаш дојдоа и проблемите, за кои, според мене, највиновен е Катанец. Едноставно, човекот тотално се промени откако ги направивме тие успеси, се крена во облаци, со него не можеше ниту чесно да се зборува. Ќе ви дадам и пример - раскажува Заховиќ.
- Таа генерација на фудбалери, на кои тој им беше селектор, претходно имавме играно со него и во репрезентацијата, и на почетокот владееше еден другарски однос, така што функциониравме одлично. Откако дојдоа успесите, Катанец се промени, инсистираше од „ти“ да прејдеме на „вие“ во меѓусебните разговори кога ќе му се обраќаме, стана недопирлив, воопшто не размислуваше за можните последици. Тоа доведе апсолутно да се нарушат односите во репрезентацијата, дел од фудбалерите беа навредени од таквиот став на Катанец, јас бев еден од оние што бурно реагираа на тие промени. Веројатно и знаете, тогаш имавме една жестока расправија, не би сакал сега јас тоа да го предимензионирам, но морав да застанам во одбрана на репрезентативците. Сепак, се надевам дека Катанец ја сфати својата грешка, имаше доволно време за тоа и, искрено, му посакувам се најдобро како предводник на македонската фудбалска репрезентација. Велам, само не го пуштајте да се крене во облаци, а ако тоа не се случи, верувам дека Македонија ќе има одлични резултати во наредниот период. Тоа од срце ви го посакувам - заврши разговорот со Златко Заховиќ, кој живее во Лисабон и планира да продолжи да работи во фудбалот откако ја завршил тренерската школа во Португалија.
He basically says that Katanec had a problem with his character and that he changed after they had the big success, but when he took over the Slovenia NT early on he was a great coach. To me it sounds like a guy that needed to move on and maybe he had too much success way too early but if we can even come close to being as good as Slovenia was with him when they made the WC i would be really happy. I love the hire and lets hope we can make some noise with him in the next Euro qual
