УШТЕ ЕДНА ПРИКАЗНА ЗА "МАРАДОНА ОД КАРПАТИТЕ"
Хаџи - еден од најголемите Македонци!
* "Восхитувачки е да се слушнат сведочењата на неговите пријатели дека нашиот Георге Хаџи обожава да пее македонски песни на тој начин забавувајќи го поранешниот претседател на Рапид Букурешт, Пол Казан. Замислете... Хаџи, 'Македонско девојче' и две чашки ж'лта."
"Лутајќи" некаде по "интернет светот", "Македонски спорт" наиде на една интересна сторија објавена во текот на вчерашниот ден на балканскиот спортски интернет-портал "Јадран спорт", која е нова приказна за еден од најголемите фудбалери на 20. век, Георге Хаџи. Иако приказната и вистината дека Георге Хаџи е Македонец се стари повеќе од 10 години, сепак, дефинитивно интересно е да се прочита и од аголот на дописникот на "Јадран спорт", нашиот Стеван Василевски, за тоа колку всушност малку знаеме за Големите во светот кои со гордост го носат македонското во себе.
Затоа во целост ви ја пренесувам приказната на Стеван Василевски за еден од најголемите Македонци во светот...
"Во летото 2005 година, на еден фудбалски турнир во Онтарио, Канада, еден од моите соиграчи, Црногорец, ме погледна и онака ме праша: 'Стиви, знаеше ли дека Георге Хаџи е Македонец?' Бев шокиран, иако знаев нешто за таа приказна. Еден од моите омилени фудбалери е мој сонародник? Продолжувајќи со дискусијата мојата недоверба дефинитивно ја прекина еден Романец пред мене кој слушајќи за што зборуваме потврди дека Хаџи е Македонец: всушност тој факт во Романија бил многу добро познат. И, потоа изминатово лето на еден турнир на кој настапуваа турски тимови, повторно: 'Знаеш дека Хаџи е Македонец?' Цел Балкан знаеше дека Хаџи е Македонец кој се гордеел со тоа, а јас, или ние во Македонија толку малку знаеме за тоа... Овој податок постојано 'кружеше' низ мојата глава, па затоа безусловно решив да научам с$ за балканската фудбалска легенда, и еве накратко што најдов...
Георге Хаџи, роден на 5 февруари 1965 во Констанца, Романија, е син на сиромашно македонско семејство кое емигрирало во Романија од Кавала, Северна Грција, во 1932 година. Хаџи е внук на Кристијан "Хаџи" кој, за Македонците, всушност, значи човек кој го посетил 'Светото место' преку Ерусалим. Најпрво фамилијата Хаџи се сместила во мало романско село во близина на границата со Бугарија, а потоа се префрлиле во село Сачеле во близина на Констанца. Токму во тоа село Георге Хаџи, кој има и две сестри, Султана и Елена, во 1968 година ги прави и првите фудбалски чекори, и тоа главно со рачно шиени топки од страна на неговата баба Султана. На деветгодишна возраст е најмладиот во групата на фудбалери во селото Коичиу, кое е населено само од Македонци, постигнувајќи голови со вистински топки, на реално фудбалско игралиште, почнувајќи да го 'гради' своето име.
Во април 1975 година еден млад фудбалер на ФК Констанца му соопштил на неговиот тренер дека има едно момче во близина на школото кое ги 'уништува сите со својата игра'. Токму тој тренер потоа фудбалски го води Хаџи, с$ до моментот кога на препорака на министерот за млади, Нику Чаушеску, прави трансфер во Спортул од Букурешт. Потоа, талентираниот Хаџи во 1987 година се приклучува на Стеауа каде постигнува 76 гола во 97 настапи во Првата лига. Од 1990 до 1992 година, потоа, настапува во Реал Мадрид, па Бреша (1992-1994), Барселона (1994-1996) и во Галатасарај (1996 - 2001). Токму Галатасарај го одведе до титулата во Купот на УЕФА и европскиот Супер куп, а како капитен репрезентацијата на Романија во 1994 година на СП ја одведе до најголемиот нивни успех во историјата. На 36 години во 2001 година ја завршува својата фудбалска кариера, по што е тренер на Галатасарај, Бурса, Политехника...
Тоа што за нас, пак, е најинтересно колку голем Македонец е Хаџи? А, можеби за многумина изненадувачки, но навистина вистински Македонец. И покрај тоа што расте надвор од Македонија, жртвувајќи го своето оригинално семејно име и с$ останато, тој никогаш не се срами да истакне одредени елементи во неговото однесување кои потсетуваат на неговите корени, но напротив и намерно ги истакнува. И покрај тоа што неговиот македонски јазик не е одличен, иако го зборува, за нас сигурно е восхитувачки да се слушнат сведочењата на неговите пријатели дека обожавал да пее македонски песни и на тој начин да го забавува поранешниот претседател на Рапид Букурешт, Пол Казан. Замислете го Георге Хаџи, 'Марадона од Карпатите' како пее 'Македонско девојче' по две чашки испиени македонска ракија. Неверојатно!", пишува Стеван Василевски.
Василевски на крајот само потенцира уште еден момент колку Романците го величат нивниот Георге Хаџи, притоа секогаш нагласувајќи го неговото македонско потекло.
"Во 1999 година Романија ја победи Унгарија по цели 63 години пауза. И секако за тоа најзаслужен беше Георге. Сите романски медиуми тогаш величејќи ја неговата игра бараа и 'да се клонира Хаџи'. Во еден од медиумите се појави и поема за него од Адриан Паунески во која меѓудругото вели 'Синот на Македонија знае за љубовта на домот, за љубовта на нацијата... За споменот на твојот татко, твојата мајка, дојди и бори се повторно... Уште еднаш покажи колку добри Романци всушност сте вие Македонците...'", ја завршува својата топ сторија за "Јадран спорт", Василевски.
Втората жена Македонка
Во својата приказна Стевен Василевски, го забележува и фактот да втората жена на Георге Хаџи, со која и денеска е во брак и имаат две деца, е Македонка.
"Откако неговиот прв брак дојде до крајот, Хаџи се прежена со Македонката Марилена која исто така долги години живее во Романија. Во едно интервју за романски весник подоцна Георге ќе изјави дека дали поради тоа што и двајцата имаат македонско потекло но 'многу подобро комуницира со својата сопруга во вториот брак'", пишува Василевски.
Дончевски го посакуваше во репрезентацијата, но задоцни
Во 1995 година за време на учеството на еден семинар во Барселона, Шпанија, тогашниот македонски селектор Андон Дончевски го посетил и тренингот на ФК Барселона. Посетата, како што подоцна информираше Дончевски, ја искористил и за разговор со Хаџи кој во тоа време го носеше дресот на Барселона.
"Разговаравме на македонски, и самиот ми потврди дека е Македонец кој секаде го потенцира тој факт. Но за нашата репрезентација секако не може да игра затоа што веќе има многу настапи за романската. Но кога тогаш искажа желба, ако е во можност, да му помогне на македонскиот фудбал", беше тогашната изјава на Дончевски за македонските медиуми.
Не сакаше да игра против Македонија
Интересен податок е дека Георге Хаџи иако беше дел од романската репрезентација во квалификациите за СП 1998 во групата во која беше и Македонија сепак не настапи на ниту еден од двата меѓусебни натпревари.
Најпрво, за натпреварот на 14. декември во 1996 година на "Градски" (кој заврши со победа од 3:0 на Романците) информацијата беше дека Хаџи нема да игра поради повреда, и никој во тоа време не ни размислувал дека тоа можеби и не е вистина. Потоа на втората средба на 20. август 1997 година во Букурешт каде загубивме со 4:2 не беше соопштено зошто не игра. А, интересно е дека на сите останати средби во групата Хаџи настапи.
roud:
roud:
roud:
roud: :happy: :happy: