Xtratime Community banner

1 - 14 of 14 Posts

·
Registered
Joined
·
14,901 Posts
Discussion Starter #1
we always have a thread about derby, so this is a new one :)
 

·
Registered
Joined
·
2,860 Posts
Some stats:

Rabotnicki - Vardar
6 wins 11
5 draws 5
11 lost 6
25/40 goals 40/25
55 yellow c. 57
3 red c. 5
2/2 penalty k. 6/4

Rabotnicki K. as host
12 2 4 6 15:21 10

Vardar as host
10 5 1 4 19:10 16

Average attendance: 2.400
 
U

·
Guest
Joined
·
0 Posts
http://www.utrinskivesnik.com.mk/?ItemID=3926671E2F7AC241B0597D81767C555A

„Романтичарите“ мудро молчат, вардарци најавуваат победа

ЕМИЛ КИТАНОВСКИ

Работнички Кометал или Вардар, со големото градско дерби на фудбалското првенство на Македонија денеска (почетокот на мечот е закажан во 14 часот на Градскиот стадион во Скопје) започнува деветтото коло од домашниот шампионат. Двете скопски екипи кои ги обележија последните неколку првенства, пред почетокот на денешниот меч влегуваат со подеднакви амбиции, да се забележи триумф против лутиот ривал кој ќе ја врати самодовербата кај победникот. Историјата која служи за потсетување, вели дека традицијата на овие дерби средби е на страната на црвено-црните, кои во досега одиграните меѓусебни натпревари дури 11 пати се радуваа на победата, од друга страна пак, на последните три натпревари момчињата на тим-менаџерот Ѓоре Јовановски на два пати го совладаа Вардар и со тоа само го потврдија одличното реноме на оваа екипа кое годинава доби уште една потврда, онаа на меѓународната сцена со убедливите настапи кои ги имаа „романтичарите“ во фудбалска Европа.

„Двете екипи немаат што да кријат пред денешниот дерби натпревар. Сите одлично се познаваме, како ние во Стручните штабови така и фудбалерите, така што сметам дека други моменти ќе бидат пресудни по конечниот исход на оваа средба. Мислам дека мотивацијата секогаш е на највисоко ниво кај играчите, а тие ветуваат одлична фудбалска претстава на Градскиот стадион во Скопје“ вели тим-менаџерот на „романтичарите“ Ѓоре Јовановски. Во неговиот состав поради повреда ќе отсуствуваат А.Нухији, Нено и Михајловиќ, меѓутоа овој искусен стратег и покрај повредите верува во капацитетот на неговиот состав.

„Им верувам на сите мои фудбалери, и токму затоа очекувам пред се квалитетна фудбалска претстава, на која ќе победи поквалитетниот тим во моментов. Првенството е долго, треба да се одиграат уште многу натпревари до крајот, и тоа значи дека допрва ќе претстои неизвесност и драма во шампионатот“, заклучи Јовановски.

Неговиот колега од спротивниот табор смета дека околу прашањето на конечниот победник на натпреварот ќе решаваат ситници или поточно речено нијанси. „Имаме континуитет во играта, компактност на целиот тим во кој посебно добро функционира напаѓачката двојка, така што очекувам дека моите напаѓачи ќе блеснат и на денешниот меч на Градски“ вели кормиларот на црвено-црните, Драган Канатларовски.

Во потврда на ваквите констатации популарниот Цапар ја пренесува одличната - победничка атмосфера во неговиот тим која во последно време им донесе многу радост на симпатизерите на црвено-црната боја.

„Играме се подобро, цврсто во одбраната и решително и одлучно во нападот, така што полека но сигурно ги поставуваме работите на свое место. Победата против директниот конкурент за титулата е секогаш голем предизвик за сите посебно за фудбалерите, и затоа очекувам одлична фудбалска претстава на Градскиот стадион во Скопје“ заклучи Канатларовски. Во неговиот тим нема повредени фудбалери, а според последните информации ќе настапат и пожолтените играчи кои ќе паузираат на некој од следните натпревари на оваа екипа.
 
U

·
Guest
Joined
·
0 Posts
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=20276C9692104944BE768FB522CA7FCB

ДЕНЕСКА (14 Ч.) НА МЕГДАН ВЕЧНИТЕ РИВАЛИ РАБОТНИЧКИ К. И ВАРДАР


А Дербито не е мајсторка



И во двата табора истакнуваат дека оваа средба ја сметаат како и секоја друга за бодови, иако исходот може да донесе смена на врвот на табелата





Денеска (14 ч.) ќе се одигра првиот од трите првенствени натпревари меѓу вечните и лути ривали Работнички К. и Вардар. Актуелниот шампион му е домаќин на лидерот на табелата, ако воопшто тоа има значење во дуелите на соседите од Градскиот парк, кои средбите ги играат на ист терен.
Сепак, ова дерби си има посебна драж не само меѓу приврзаниците на двата клуба, туку затоа што може да го измени врвот на табелата. Вардар моментно има еден бод предност од Работнички К., кој во случај на победа прв пат би ја презел лидерската позиција сезонава.
Меѓутоа, иако челното место е посакувано во редовите на Работнички К., тим-менаџерот Ѓоре Јовановски на оваа средба гледа како на секоја друга за бодови и не сака да ја крева тензијата меѓу играчите.
- За мене е многу поважно како ќе го одиграме дуелот со Вардар. Секако, важни се и бодовите, но дербито не е мајсторка. Останува да се одиграат уште многу натпревари на кои треба да се освојат бодови за титулата. Она на што ние тежнееме како клуб е да играме во стил на европските клубови. Не смееме да се задоволуваме со нивото на домашното првенство и секој играч кој не мисли да игра според европските стандарди не му треба на клубот, вели Јовановски.
Во редовите на "црвените" во никој случај не очекуваат лесен натпревар, иако Вардар минатата недела освои само бод против Македонија Ѓ.П.
-Вардар си е Вардар и заслужува респект. Наша практика е да ги следиме наредните противници најмалку на две претходни средби, дома и на гости. Формата на Вардарци е променлива, но ние си ја гледаме својата работа и максимално сериозни му пристапуваме на секој дуел, истакнува Ѓоре.
Вардар својот квалитет и апетити во годинашното првенство најдобро ќе ги потврди на денешниот натпревар со актуелниот шампион, Работнички К.. Кикс кредитите "црвено-црните" ги искористија минатата недела, кога прокоцкаа сигурно водство од 2:0 против прволигашот од Ѓорче Петров.
- Дерби како дерби. Двата тима имаат голем предизвик пред себе. Посакувам да одиграме добро и на крајот да се радуваме на нови три бода. Нема изразит фаворит и двете екипи имаат подеднакви шанси да ја слават победата. Ние ќе настапиме комплетни, вели тренерот на Вардар, Драган Канатларовски.
Запрашан за пристапот и тактиката за денеска, популарниот Цапар изјави дека нема потреба од екстра подготовки од едноставна причина бидејќи двата тима многу добро се познаваат.
- Трениравме со исто тампо. Се подготвивме како за секој првенствен натпревар. Нема потреба од тензија, бидејќи многу добро се познаваме со соседот, вели Канатларовски, кој додава дека најмногу стравува од сопствените играчи и од евентуалните нивни грешки. (Б.Т. - М.С.)
 
U

·
Guest
Joined
·
0 Posts
Saturday, October 21, 2006
1st Division, Macedonia
2:00 PM

3Way
Rabotnicki 1.80
X 3.25
Vardar 3.75

Double chance
Rabotnicki or X 1.16
X or Vardar 1.74
Rabotnicki or Vardar 1.22
 

·
Registered
Joined
·
1,887 Posts
JumboMkd said:
Some stats:

Rabotnicki - Vardar
6 wins 11
5 draws 5
11 lost 6
25/40 goals 40/25
55 yellow c. 57
3 red c. 5
2/2 penalty k. 6/4

Rabotnicki K. as host
12 2 4 6 15:21 10

Vardar as host
10 5 1 4 19:10 16

Average attendance: 2.400
Статистикава ги вклучува само дуелите од осамостојувањето (и тоа без куп-средбите), без оние одиграни во натпреварувањата на СФРЈ. Сум им се јавувал во Мак. Спорт, сум им ја праќал комплетната статистика ама џабе. Срамота!
 

·
Registered
Joined
·
14,901 Posts
Discussion Starter #9
Naum said:
Rabotnicki-Vardar 2-0

Stankovski and own goal by Dragan Kanatlarovski
hahaha, first part of your prediction is right, now waiting for Kantlarovski entering the playground :D :pp
 
U

·
Guest
Joined
·
0 Posts
RABOTNICKI - VARDAR 1 - 1 (1-1)
1-0 Stankovski 23 min, 1-1 Masev 45 min

According to radio Skopje who just a minute ago did summarize the game told that Rabotnicki did dominate the first half and Vardar playd defence soccer and Masev scord on vardars first chance of the game.. In the 2 half the games wos not one sided, Ivan Trickovski hade the best chance in the 2 half and did almost become the hero of the day but his shot hit the crossbar in the 89 min...
 

·
Expecto patronum!
Joined
·
13,563 Posts
Комесарот ќе го нокаутираше Ѓоре!?

Во 15. минута тим - менаџерот Ѓоре Јовановски за малку ќе добиеше класичен нокаут. Имено, комесарот за безбедност Александар Лозанов, попознат како Вошка, една топка исфрлена надвор од теренот ја шутна со сета сила и го поткачи само по косата Јовановски, кој во тој момент беше на тартанот. Ѓоре шокиран се сврте кон Лозанов, а овој со потег "да пукне со раката" му се извини.


gospodinot Voska, komesar za bezbednost

:howler: :howler: :howler: :howler: :howler: :howler: :howler:
 

·
Registered
Joined
·
2,860 Posts
Вошка е легенда :D :D :D

Ех кога ќе видам какви луѓе работат во нашите клубови и воопшто не ме чуди што фудбалот ни е на вакво ниво
 
1 - 14 of 14 Posts
Top