Xtratime Community banner

1 - 1 of 1 Posts

·
Registered
Joined
·
27,119 Posts
Discussion Starter #1
СЛИКИ ВО ВРЕМЕТО
Фудбалската репрезентација на Скопје во поранешна Југославија играше со голем успех на повеќе меѓународни турнири во странство



Пред повеќе од триесетина години, во поранешна Југославија, фудбалската репрезентација на Скопје играше често на меѓународни турнири во странство и тоа со голем успех. Сў уште се во сеќавањето турнирите во англискиот град Братфорд, во градот Рубе во Франција, Ташкент, во Менхенглабдах во Германија.
Репрезентацијата на Скопје имаше во тоа време мошне силен состав, составена од играчите на Вардар, Работнички и МИК.
Во Југославија често имаше традиционални средби со репрезентациите на Белград, Ниш, Загреб. Тренер на репрезентацијата најчесто беше Јово Никушев.
Најголем успех репрезентацијата на Скопје го има постигнато 1973 година, кога на турнирот во Братфорд го освои првото место. Во финалето го победи Братфорд со 1:0, во полуфиналето португалската екипа Баија.
Во Франција, во Рубе, 1972 година, селекцијата на Скопје беше трета, на меѓународниот турнир во Скопје 1972 година, го освои второто место.
Беа тоа традиционалните турнири на збратимените градови кои предизвикуваа големо интересирање кај љубителите на фудбалот бидејќи речиси сите градови настапуваат со мошне познати фудбалери и во најсилните состави.
Во нашата денешна постојана рубрика "Слики во времето° ќе ја претставиме репрезентацијата на Скопје која 1973 година, во Братфорд го освоила првото место.
1. Томче Коцевски, тренер на тогашната репрезентација. Коцевски долги години беше тренер на ФАС "11 Октомври°.
2. Методија Таневски, д-р стоматолог. Кариерата ја почна во битолски Пелистер, потоа беше стандарден првотимец на Работнички во неговите второлигашки денови. Денес живее во Австралија. Неговата ќерка е јуниорски првак на оваа држава.
3. Стерио Георгиевски, во почетокот играше за Питу Гули од Крушево, потоа долги години за Работнички.
4. Љупче Шумантев, настапуваше за МИК, играше за Работнички, беше и првотимец на скопски Вардар, за кој има одиграно десет натпревари.
5. Ѓорѓи Тодоровски-Џони, стандарден првотимец на Вардар со 200 настапи во неговиот дрес со 11 постигнати голови. Играше подоцна и за Тетекс. Денес живее во Австралија.
6. Ванчо Георгиевски имаше богата фудбалска кариера. Почна во Скопје 63, потоа настапуваше за Локомотива, Алумина и Југококта.
7. Слободан Илиевски во тоа време беше еден од најдобрите голмани во Македонија. Кариерата ја почна во скопски Балкан, потоа беше и на голот на Вардар, за кој бранеше на 36 натпревари. Кариерата во Македонија ја заврши во Тетекс. Потоа замина за САД каде со голем успех бранеше на натпреварите во мал фудбал, играше заедно со познатиот играч од Хајдук, Славиша Жунгул. Остана да живее во САД каде има вносен бизнис со перални на алишта.
8. Стерули Бураку, еден од најдобрите фудбалери и голгетер на Балкан, потоа и на Југококта. Денес е сопственик на фирмата за увоз на италијански возила "Аутомобиле СК°.
9. Томче Филиповски, еден од најдобрите играчи за Работнички, негов долгогодишен капитен, беше водач на патот во Братфорд.
10. Горан Климпер настапуваше за Вардар, потоа за Југококта. Денес е раководител на младинските селекции на Фудбалската федерација на Македонија.
11. Ванчо Мешковски играше за Скопје, Југококта и за Работнички.
12. Лазар Диневски, беше долги години стандарден првотимец на Југококта од Ѓорче Петров.
13. Благоја Стојановски-Карпа. Играше за Вардар, за Работнички каде беше тренер. Трагично загина на помошното игралиште на Работнички.

This was in utrinski vesnik today a nice look back at history :thumbsup:
 
1 - 1 of 1 Posts
Top