Xtratime Community banner

1 - 15 of 15 Posts

·
Registered
Joined
·
14,901 Posts
Discussion Starter #1
The great tragedy falled on Cementarnica and on me in last days of the year :cry: :cry: :cry: :cry: :cry:
Perica Gruevski, our great coach, is dead :frownani: :frownani: :frownani: :cry: :cry: :cry: he raised Cementarnica from the knees after relegation to second league, he rebuild our power, thank You, thank You for everything Petre !!!! I'll never forget you !!!

Rest In Peace :( :( :(

:scream: :cry: :( It's not easy to make me cry but today I was crying for the first time since the match Sileks - Cementarnica in 2004/2005 season
 
U

·
Guest
Joined
·
0 Posts
RIP Perica :cry:

we hade to many of this topic lately, it started with the young Makedonija GP player :moan:

My wish is that 2007 we will not have to open a topic like this
 

·
Registered
Joined
·
1,290 Posts
Rest in peace Perica/ :moan: :cry:

Ноќеска ненадејно во 54-тата година од животот почина познатиот фудбалски тренер и поранешен фудбалер на ФК Вардар, Петре Груевски. Смртта го затече на функцијата тим-менаџер на ФК Цементарница 55.
Во својата богата фудбалска Кариера, Груевски остави печат како првотимец во ФК Вардар потоа во ФК Приштина, а настапуваше и во Колумбија.
По завршувањето на кариерата фудбалер продолжи во тренерските води каде успешно ги водеше екипите на Вардар,Пелистер, Силекс, Македонија ЃП, Саса, Тиквеш , Цементарница како и екипи од Грција.
Беше и селектор на младата репрезентација на Македонија.
Во фудбалските кругови ќе остане во сеќавање како бескомпромисен борец, но и добар познавач на фудбалската игра во која го вложи целиот свој живот.
Погребот на Груевски ќе се изврши утре во 12ч. на гробиштата во Бутел.
 

·
Registered
Joined
·
14,901 Posts
Discussion Starter #6
Harry Potter said:
u cried for that? :eek:
yes I cried after it was awarded to 3-0 for Sileks because it was a pure scandal and we were 3 points deducted ... I wouldn't cry if it would be a fair lose on the pitch but it was a scandal ... (generally it's difficult to make me cry, only Cementarnica could do it in last 5 years)
we were close to relegation, but Spasovski and Ristovski with their shots in play-off against Turnovo saved Cementarnica.
 

·
Registered
Joined
·
323 Posts
Нека му е вечна славата на тренерот кој стоеше зад успесите на Ѓоко Хаџиевски со репрезентацијата на Македонија, тренерот кој минатото лето го создаде тимот на Македонија ЃП кој го освои Купот на Македонија.

Никако не ми е јасно која е причината за смртта. Тој беше најдобриот тренер кој сум го запознал. Ова време минатата година правев интервју со него во неговата канцеларија на стадионот во Ѓорче. Човекот ми свари кафе и ме почасти кутија цигари. Засекогаш ќе остане во моите сеќавања...

Нека му е лесна земјата...
 

·
Registered
Joined
·
2,860 Posts
УШТЕ ЕДЕН "ШОК" ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ, ЗАМИНА ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ СПОРТСКИ РАБОТНИЦИ

Фудбалот остана без Перица Груевски

*Извонредниот фудбалер но и тренер на многу екипи од Македонија не е повеќе меѓу живите

Македонскиот фудбал од пред два дена остана без еден од најдобрите и најценети спортски работници. Вечерта, во петокот према саботата, во својот дом во Скопје ненадејно почина Петар Груевски, долгогодишен фудбалер и тренер на многу екипи од нашата земја. Смртта го затекна како шеф на стручниот штаб на Цементарница 55, која беше на добар пат по една година пауза да & се врати на Првата лига. Груевски целиот свој живот го посвети на фудбалот. Ја почнува кариерата во Вардар каде и го поминува поголемиот дел од животот. Во црвено-црниот дрес има одиграно дури 416 натпревари во кои како одбранбен фудбалер има постигнато пет голови за најтрофејниот македонски клуб. Потоа заминува во ФК Приштина, а оттаму на печалба во далечната Колумбија. И по завршувањето на кариерата & се препушта на "бубамарата" овој пат како тренер на многу познати екипи во нашето првенство. Груевски има седено на клупата на Вардар, потоа беше тренер и на Пелистер, Силекс, Саса, Тиквеш... Лани првиот дел од сезоната го помина како тренер на Македонија ЃП каде успеа да го направи најголемиот успех на "лавовите" и од тим кој тогаш беше нов прволигаш, успеа да го искачи меѓу најдобрите три екипи во првенството. По отказот од ѓорчепетровци, шест месеци останува без работа, а пред почетокот на оваа сезона седна на клупата на Цементарница и полусезоната ја заврши на втората позиција која носи пласман во Првата лига. Груевски беше и селектор на младата репрезентација на Македонија.

Можеби немаше некој поголем успех, но во секој клуб каде и да беше оставаше траен "белег" во позитивна смисла. Голем борец на теренот, го сакаше фудбалот, а и голем џентлмен. Секој пораз го прифаќаше со насмевка на лицето, знаеше дека и тој е дел од фудбалската игра.

Вчера од него се збогуваа неговите најблиски роднини и пријатели. Со неговата загуба македонскиот фудбал сигурно ќе загуби многу бидејќи ќе остане без еден од луѓето кои оставиле големи траги во неговиот развиток.

Како што дознавме Груевски (54) во последно време имал проблеми со шеќерот во крвта, а како резултат на тоа пред неколку години нагло ослабел и изгубил многу килограми. Популарниот Петре во петокот вечерта ја загуби битката со инфарктот, кој е главната причина за раната смрт на одличниот тренер.

Г. Бошев
Б. Давидовски

ИН МЕМОРИАМ

ПЕТАР ГРУЕВСКИ

РОДЕН: 1952 година во Скопје

ФУДБАЛСКА КАРИЕРА:

- Вардар, ФК Приштина, Колумбија

ТРЕНЕРСКА КАРИЕРА:

- Вардар, Пелистер, Силекс, Саса, Тиквеш, Македонија ЃП, Цементарница

- тренер на неколку екипи во Грција

- селектор на младата репрезентација на Македонија

Црна недела за мак-фудбалот

Смртта на Перица Груевски се случува само пет дена по трагичниот настан на Оливеира, кој во вторникот доби срцев удар и почина на пат кон Токсикологија. С$ на с$, црна и незаборовна ќе биде оваа недела за нашиот фудбал кој во рок за само неколку дена загуби двајца работници кои многу придонесоа за развој на фудбалот и спортот во нашата земја.

РЕАКЦИИ ПО СМРТТА НА ГРУЕВСКИ ОД НЕГОВИТЕ ПОРАНЕШНИ СОИГРАЧИ И СЕГАШНИ КОЛЕГИ

Замина една голема легенда

Кочо Димитровски:

"Беше извонредна личност, благородна, сентиментална душа, сакан од сите, не само на просторите на Македонија туку и пошироко. На секој натпревар даваше максимум од себе, вистински столб во одбраната, еден од најдобрите во лигата на бившите ју простори. Како колеги и на тренерски предизвик, исто така во повеќе случаи ја потврдуваше својата стручност, квалитет, посебно педагошката страна му беше за истакнување. Нашиот Перица никогаш нема да биде заборавен", со жал за загубениот другар зборува Кочо Димитровски.

Ѓоре Јовановски:

"Што да кажам, што да изјавам, вест која сите н$ шокира, трагедија која никогаш не може да се заборави. Перица беше пред с$ човек, дружељубив, достапен за сите, како фудбалер почитуван, со извонредено чувство да ги 'прочита' акциите на противникот, со еден збор универзална личност. Тренерската судбина му беше повеќе успешна, многу 'загубени' резултатски екипи и поединци ги враќаше во живот, ги носеше до пиедесталот, до високи дострели", потенцира Ѓоре Јовановски.

Влатко Димитровски:

"Со посебен епитет треба да се каже дека Петре спаѓа меѓу 20- те великани на Вардар кои му дадоа посебен печат и значење во успесите на клубот, кој ќе го паметат многи генерации, зашто убавите спомени никогаш не одат во заборав. За чудо, не беше корпулентен фудбалер за местото столб на одбраната во екипата, меѓутоа иако 'ситен' по возраст, неговата креативност, интелегенција, техника доаѓаше до полн израз. Се сеќавам на мечот со Олимпија, која практично ја 'растури' противничката одбрана, ја погоди и пречката и доби невиден аплауз на стадионот. Како тренер признат стручњак и надвор од нашата држава", вели Димитровски.
 
1 - 15 of 15 Posts
Top