Xtratime Community banner

1 - 20 of 23 Posts

·
Registered
Joined
·
1,290 Posts
Discussion Starter #1
Загина фудбалер од подмладокот на Македонија-Ѓорче Петров

Дарко Брњарчевски (16) од Скопје, член на младинскиот тим на фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров, загинал, а неговиот соиграч Д.М. (17) бил повреден во сообраќајка што се случила завчера во скопската населба Даме Груев. Веднаш по несреќата повреденото момче било пренесено во Воената болница во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила полицијата по што по налог на истражен судија телото на загинатото момче било пренесено во Институтот за судска медицина.
Споре информациите на полицијата несреќата се случила завчера, околу 15, 40 часот на крстосницата од улицата "Лепеначка" и "Лука Геров" кога од засега непознати причини дошло до судри на камион "фап" што го управувал Б.Ј. (53) од Скопје, со моторцикал што го управувал Д.М. а на кој како сопатник бил Брњарчевски. Од судирот на самото место починал сопатникот на моторот а возачот Д.М. бол повреден.
Загинатиот Брњарчевски и Д.М. биле во подмладокот на фудбалскиот тим Македонија ЃП. Тие завчера пред да се случи несреќата биле на тренинг и со мотрцикал се враќале дома.

Inaku Darko Branjacevski e bratuced so Dragan i Toni Brnjacevski.
 

·
Expecto patronum!
Joined
·
13,563 Posts
R.I.P Darko Brnjarcevski - 16 years old youth

Darko was only 16 and a great talent. He already played for the U-21 team in his club Makedonija GP and was in Ivancevics minds for the senior squad. He lost his live tragicaly in motorcikle accident after returning from training session. He was in the U-19 roster for the national team. Big loss for the macedonian football and neverendid sadness for his family.

Rest in peace Darko. :cry:

There is a whole article in Makedonski Sport, pls someboddy post it here when it will be put on their page.
 

·
Registered
Joined
·
1,290 Posts
Discussion Starter #3
ТРАГЕДИЈА - ВО ГОЛЕМА НЕСРЕЌА ЗГАСНА ЖИВОТОТ НА ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ТАЛЕНТИ НА МАКЕДОНИЈА Ѓ.П

"Лавовите" потресени од смртта на Дарко Брњарчевски

*По враќањето од тренинг со моторче, животот трагично го загуби 16 - годишниот Дарко Брњарчевски, член на младинскиот тим на Македонија ЃП, а неговиот соиграч Дејан Марковски, добил потешки повреди

03.02.1990-06.11.2006

Стадионот во Ѓорче Петров вчера беше завиен во црно. Ненадејната трагична смрт на 16-годишниот Дарко Брњарчевски, член на младинскиот погон на ѓорчепетровци, ги потресе "лавовите". Завчеравечер по завршувањето на тренингот на пат кон дома враќајќи се со моторче животот трагично го загуби 16 -годишниот Дарко Брањарчевски, дете на младинската школа на Македонија ЃП, член на младинскиот тим на ѓорчепетровци, а неговиот соиграч Дејан Марковски, кој го управувал моторчето, добил потешки повреди.

Сите во клубот со тага и со солзи ја примија оваа лоша вест за својот соиграч и другар. Во шок беа сите, а неговите соиграчи од младинскиот погон едноставно не веруваа дека на зелените терени нема да биде со нив Дарко Брњарчевски, момчето кое стандардно го носеше дресот со број "19" и кое со својата екипа есенскиот дел го заврши на лидерската позиција. Но, дресот со број "19" и неговиот лик секогаш ќе останат врежани во нивните срца.

Дарко Брњарчевски е роден 03.02.1990 година во Скопје. Кариерата ја почна како "лавче" кога имаше 8 години. Негова следна станица била пионерската екипа, во кадетскиот погон бил под водство на тренерот Туш Зефиќ, а неговиот талент на 16 години го прекомандувал во младинскиот тим, кај тренерот Роберт Стојановски. Дарко Брњарчевски потекнува од фудбалско семејство. Неговиот татко Томче Брњарчевски кон крајот на осумдесеттите беше еден од најдобрите фудбалери на ѓорчепетровци. Дарко Брњарчевски играше во дефанзивниот ред, лев стопер, а истата улога ја играше и неговиот татко Томче, кој му го трасираше патот кон успешната фудбалска кариера. Неговите братучеди Тони Брњарчевски во Македонија ЃП и Драган Брњарчевски во Цементарница 55 сега успешно ги совладуваат фудбалските тајни. Но, трагичниот 6 ноември ги прекина сите фудбалски планови на младиот, перспективен и надежен Дарко Брњарчевски и ги "скрши" срцата на неговите најблиски и на сите кои го познаваа.

Тренерот на младинците Роберт Стојановски со неизмерна тага и болка ја прими веста за својот фудбалер кој беше незаменлив во младинскиот погон.

" Како фудбалер и како дете Дарко Брњарчевски беше прекрасен. Тој беше ненаметлив, а секогаш присутен. Примерноста и дисциплината беа дел од него. Тој ги одигра стандардно сите натпревари во оваа полусезона, а немаше ниту еден пропуштен тренинг. Покрај добар спортист Дарко беше одличен ученик во гимназијата "Кочо Рацин". Карактеристики кои го красат еден вистински спортист. Загубивме еден талентиран фудбалер и дете кое беше за пример во клубот. Дарко беше голема фудбалска надеж и со 16 години беше дел од младинската екипа и сериозно тропаше на вратите на првиот тим, а беше и во потесниот избор на репрезентацијата до 16 години. Сите во клубот сме шокирани од неговата прерана смрт, низ тага прозборе неговиот тренер Роберт Стојановски.

Одложени двата куп дуели
Денешните две средби од второто коло на Купот кои требаше да ги одиграат кадетите и младинците на Македонија ЃП се одложени. Кадетите требаше да се сретнат со Башкими, додека, пак, младинците требаше да играат со ГФК Неготино. Термините на одигрување на овие два меча дополнително ќе бидат одредени.

Ѓорче "плачеше"
Вчера, на стадионот во Ѓорче Петров, молк и тага. Со солзи во очите сите деца од младинската школа и оние од првиот тим кои го одработуваа редовниот претпладневен тренинг тагуваа по својот соиграч и другар Дарко Брњарчевски. Никој од нив не веруваше дека Дарко Брњарчевски нема да се појави на стадионот. Жална слика која ги "скрши" срцата на сите во клубот. Ѓорче "плачеше" за својот надежен и талентиран фудбалер.

Сочувство од ФФМ
Фудбалската федерација на Македонија испрати телеграма до ФК Македонија ЃП и до семјството на трагично починатиот Дарко Брњарчевски, изразувајќи го своето сочувство за големата загуба на овој млад и надежен фудбалер кој ги бранеше боите на младинската екипа на Македонија ЃП
 

·
Registered
Joined
·
413 Posts
Damn tragedy. 16 years old !!! May he rest in peace...
 

·
Registered
Joined
·
6,209 Posts
RIP Darko.

:depress:
 

·
Registered
Joined
·
2,101 Posts
Mnogu zalno i tasno. Neznam sto da recam.
RIP Darko.
 

·
Registered
Joined
·
862 Posts
RIP
 

·
Registered
Joined
·
14,901 Posts
R.I.P. :( :( :( I see he was brother of Toni and Dragan Brnacarevski (Cementarnica player) only 16 years .... :( :( :( I've got 16 years old now it's terrible to die in such age :( :(
R.I.P. :cry:
 
1 - 20 of 23 Posts
Top