Xtratime Community banner

1 - 20 of 33 Posts

·
Registered
Joined
·
27,119 Posts
Discussion Starter #1


To help mark UEFA's Jubilee, each national association was asked to nominate its most outstanding player of the past 50 years. Macedonia chose Darko Pančev as their Golden Player. Not many Macedonian players have left their mark on the game in recent years, so Darko Pančev, the legendary striker who began his career with FK Vardar, stands out like a beacon.

Glory days
As a player with FK Crvena Zvezda, Pančev not only won the 1990/91 European Champion Clubs' Cup, he also scored in the European/South American Cup victory over Chile's CSD Colo Colo. In fact, he was the continent's top marksman that year with 34 goals.

Teenage prodigy
Nor was this Pančev's first taste of success. As a 21-year-old, he was a key figure in the talented Vardar team that won the 1986/87 Yugoslavian championship. Of his early days with the Skopje-based side, he said: "I took up football when I was 11, playing for Vardar's youth teams. We managed to win the Yugoslavian youth cup. Then I made my debut for the first team and scored my first senior goal against NK Željeznicar."

In demand
His good form for Vardar soon had many of the big clubs from the former Yugoslavia interested in signing him. Pančev decided to join Crvena Zvezda, and over the next four years the Belgrade outfit touched previously unscaled heights.

Golden moments
Scoring the winning penalty in the shoot-out victory against Olympique de Marseille in the European Cup final in Bari capped probably Pančev's best performance in the red and white of Crvena Zvezda. While the subsequent triumph in Tokyo represented the crowning glory for that team.

Cherished memories
"I cannot say which trophy is my favourite. I will always remember the title win with Vardar, the three title triumphs with Crvena Zvezda, and the victories in Bari and Tokyo. My first goals for Vardar and for the Macedonian national side are also very dear to me," Pančev commented.

Foreign adventures
Pančev became the first Macedonian to play in the Italian league when he left Belgrade for FC Internazionale in 1992. He spent two and a half seasons at the San Siro, before further spells at VfB Leipzig, FC Fortuna Düsseldorf and FC Sion.

An honour
After independence in 1991, Pančev played for the newly-formed Macedonia national side. "My appearances for the Macedonian national team are very important to me. It was an honour for me, and others who were nearing the end of their careers, to play for our country," he said.

Other career highlights
The centre-forward scored more than 300 goals in official games during his career, 171 of them in the former Yugoslavia. He also reached the quarter-finals of the 1990 FIFA World Cup in Italy in the colours of that nation.

On the future
Now aged 38, Pančev is optimistic about his country's footballing future. "There have always been, and will always be, talented players in Macedonia. There are some organisational problems, but when these are overcome and the right people are in the right jobs, then I believe Macedonian football will continue to improve," he said.

http://www.uefa.com/Competitions/EURO/news/Kind=2/newsId=388942.html


Ahh the glory days of Darko Pancev :proud:
 

·
Registered
Joined
·
2,261 Posts
Панчев конечно ја доби заслужената Златна копачка
04.08.2006
Дарко Панчев


По 15-годишно задоцнување, Дарко Панчев конечно ја доби Златната копачка. Тоа е награда за најдобар стрелец во Европа во сезоната 1990/91 за 34-те гола што најпознатиот македонски фудбалер ги постигна тогаш.

Поранешниот француски фудбалски ас Мишел Платини дојде специјално во Скопје да му ја врачи Златната копачка на Панчев, а беше присутен и претседателот на Црвена ѕвезда Драган Стојковиќ Пикси.

Токму во Црвена ѕвезда Панчев го заслужи ова признание со 34-те гола, директно придонесувајќи за успесите на клубот кој во истата сезона беше победник во Лигата на шампионите и светски клубски првак.

„Се надевам дека овој трофеј ќе биде мотивцација за денешните играчи кои играат за нашата репрезентација и клубови, а исто така и за идните генерации кои ќе дојдат“, рече Дарко Панчев.

„Овој трофеј нека биде од големо знчење, не само за мене, и за сите луѓе што го сакаат фубалот во нашата држава. И ова треба да ни биде мотив да работиме што подобро“, додаде Панчев.


www.a1.com.mk
 

·
Registered
Joined
·
2,261 Posts
ДАРКО ПАНЧЕВ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ КРУНИСАН ВО "КРАЛ НА ГОЛОВИТЕ"

Платини ја донесе златната копачката

"За мене ова е една голема сатисфакција", изјави Дарко Панчев на вчерашниот коктел со Платини и Пикси

Златната копачка на УЕФА пристигна во Македонија и ја донесе француската легенда Мишел Платини. Ова големо и престижно фудбалско одликување денеска по пауза од 15 години ќе заврши на својата крајна дестинација и во рацете на Дарко Панчев. Нашиот фудбалер на векот во 11 часот во хотелот "Александар Палас" ќе биде крунисан во "крал на головите" за 1992 година.

Мишел Платини во Скопје е придружуван од Драган Стојковиќ - Пикси, а со него е и новинарска екипа од весникот "Л'Екип". Фудбалските легенди вчера беа гости на МОК во "Александар Палас" каде беше организиран коктел, а таму нашиот Панчев изјави:

"За мене ова е една голема сатисфакција. Благодарение на лобирањето на Платини и Пикси Стојковиќ исправена е грешката иако до денеска никој не го оспори фактот дека оваа титула сум ја заслужил. Од денешните разговори добив информаија дека признанието не ми е доделено поради воените конфликти кои во тоа време ја зафатија поранешната држава".

Мишел Платини по Молдавија и Ерменија доаѓа во Скопје. Тој по вторпат е во нашата престолнина и денеска по главната церемонија ќе одржи прес-конференција на која ќе ја каже својата визија околу кандидатурата за прв човек на УЕФА.

На вчерашниот коктел Дарко Панчев уште еднаш потврди дека се враќа како раководител во Вардар.

"Мојот ангажман во Вардар е сигурен. Деновиве преговараме со спонзорот Брацо Вујчиќ околу некои детали и грешки кои се направени а кои треба што е можно побрзо да се отстранат. Се надевам дека во иднина Вардар ќе биде на потребното ниво", беа зборовите на популарниот "Кобра", кој му се враќа на фудбалот по неколкугодишна пауза.

И. Д. Ивановски



Панчев го "капариса" Катанец!?

На едно место и токму таму, во "Александар Палас", фудбалски величини од типот на Панчев, Платини, Стојковиќ и Катанец. Тоа е италијанска врска и фудбалери кои ги бранеле боите на Интер, Јувенус, Верона и Сампдорија. Нова средба на триото Панчев-Пикси-Катанец кои го носеа синиот дрес на СП 1990. Со чашка во рака и со насмевка на лицето Панчев му се обрати на Катанец со зборовите:

"Заврши со репрезентацијата и доаѓај за тренер во Вардар".

На коктелот и челниците на ФФМ Хаџи Ристески - Митровски, но и Тупурковски, претседателот на МОК.



И ЛЕГЕНДАТА НА ЦРВЕНА ЗВЕЗДА ВЧЕРА ВО "АЛЕКСАНДАР ПАЛАС"

Пикси лобирал за Панчев

Според информациите до кои успеа да дојде "Македонски спорт", Драган Стојковиќ - Пикси е човекот што го информирал Мишел Платини за неправдата што беше направена кон нашата фудбалска легенда, кој мораше да чека 15 години за да го добие заслуженото признание.

"Точно е дека јас лично се заземав за Панчев да го добие она што го заслужува за сезоната кога беше најдобар стрелец во Европа. Јас и Дарко уште пред една година разговаравме на таа тема, и му ветив дека ќе му помогнам. Најголемиот проблем беше да се најде кој е одговорен за доделувањето на Златната копачка, односно дали е тоа обврска на УЕФА или на весникот Л'Екип. Разговарав со Платини, од кого побарав тој лично да се ангажира за да ја исправи неправдата. Пресреќен бев кога Платини ми се јави за да ми каже дека работата е завршена, и дека тој лично ќе дојде во Скопје да му ја даде Златната копачка на Панчев", изјави Пикси, кој вчера исто така престојуваше во хотелот Александар Палас.

www.sport.com.mk
 
U

·
Guest
Joined
·
0 Posts
Congrat Pancev !!! well deserved,, lets hope players like Pandev and Slavkovski will go on in is foot steps
 

·
Registered
Joined
·
2,261 Posts
ИНТЕРВЈУ: ДАРКО ПАНЧЕВ, ПОДЗАБОРАВЕНАТА „ЗЛАТНА КОПАЧКА“

Не сум богат, само добро ситуиран

Не се чувствувам како бизнис-моќник. Таквите треба да ги бараме на друго место. Впрочем, за се' што имам купено, сите многу добро знаат од каде ми се парите. Се' е јавно, за разлика од многу други што се збогатуваат преку ноќ и работат скриено. Во една ваква транзициска држава, како што е нашата, јас не се чувствувам како богат човек. Добро ситуиран - да, вели Панчев


„Златната копачка“ по 15 години пристигна дома. Кај нејзиниот сопственик - најдобриот стрелец во сите европски национални првенства во сезоната 1990/91, Македонецот Дарко Панчев. Трофејот за век и веков е кај македонскиот фудбалер на векот.

Таа 1991 година не блескаа само 34-те гола на популарната „Кобра“, постигнати во дресот на Црвена звезда. Блескаше и решавачкиот гол во серијата-пенали против Олимпик Марсеј, во финалето на Купот на европските шампиони, на 29 мај, на стадионот „Сан Николо ди Бари“. Блескаше и висококренатиот пехар во рацете на Панчев и на капитенот на „звездашите“, Илија Најдоски, на тронот за интерконтинентален првак, во декември, во Токио. Блескаа и головите на подоцна најдобриот стрелец во квалификациите за Европското првенство 1992 година.

„Златната копачка“ е повторно дома, во фудбалскиот клуб Вардар. За полни трибини на Градскиот стадион. Во периодот кога му се радуваме на фудбалот: поради Вардар, поради успесите на Работнички Кометал во квалификациите за Лигата на шампионите... Да се надеваме и поради репрезентацијата, на 6 септември, кога повторно ни доаѓа Англија на гости. Добар повод и за разговор со најславното фудбалско име кај нас.

Панчев е тешко дофатлив, како на теренот. Брз како молња, го снема по церемонијата во „Александар палас“. Замина на одмор во Грција. Сепак, се согласи да одговори на неколку прашања, макар и по телефон.

* Имаше многу верзии за тоа зошто не ви е доделена „Златната копачка“ - дека е украдена, односно поради војната во тогашна Југославија. Факт е дека и неколку години потоа не беше доделена поради сомневањата кон стрелците од Истокот, па беа воведени коефициенти за првенствата. Кои се вашите информации за оваа приказна?

- Единствена точна верзија за недоделувањето на „Златната копачка“ во таа 1991 година се исклучиво немирите и почнувањето на војната во тогашна Југославија. Сите други шпекулации што се појавуваа наредните денови се неточни. Дури се пишуваше дека биле спорни головите, што се апсолутно глупости. Наводно, некој стрелец од Кипар таа сезона бил подобар, што не е точно и може да се провери.

* Уредникот на францускиот магазин „Л’Екип“, при доделувањето во Скопје, со симболиката дека заборавената, правлива и сива копачка блеснала во вашите раце, како да ја призна грешката, зашто таа година Ц.Звезда беше европски и светски првак. Имаше ли тука и политика, затоа што конкурент ви беше токму Французинот Жан-Пјер Папен, кој таа година пред нос ви ја зема и „Златната топка“ на „Франс фудбал“ за најдобар европски играч?

- Уредникот призна дека е нивна грешката и потврди дека освојувањето на „Копачката“ од моја страна за нив никогаш не било спорно. Точно е дека таа година Папен ја освои „Златната топка“, но тоа е сосема друг трофеј, иако најголеми конкуренти му бевме јас и Савиќевиќ. На крајот го освоивме второто место. Сигурно дека тоа беше чудно, зашто таа година со Звезда го освоивме Купот на европските шампиони и Интерконтиненталниот куп. Можеби имало и малку политика во сето тоа.

* Домаќин на церемонијата за „Златната копачка“ во Скопје беше Фудбалската федерација на Македонија. Сите сакаа да се претстават како иницијатори на задоцнетото доделување на драгоцениот трофеј. Кој навистина беше поттикнувачот?

- Точно е дека домаќин беше ФФМ, од проста причина што сето тоа беше под покровителство на Европската фудбалска унија УЕФА, чија членка е ФФМ. Вистинските иницијатори за пронаоѓањето на „Златната копачка“ сме јас, Пикси и Мишел Платини, кој ми го додели трофејот и лобираше кај сонародниците да го пронајдат. Пред повеќе од две години, јас ги потсетив таа неправда да биде исправена.

* Во „Александар палас“ седевте до претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, кој ве победи во кампањата за прв човек на Федерацијата пред повеќе од три и пол години. Тогаш се повлековте, разочаран од состојбите во македонскиот фудбал. Со ФФМ се смиривте или се помиривте?

- Нормално беше да седам до претседателот на ФФМ, затоа што беше организатор на настанот. Инаку, немало расправање, ниту помирување со ФФМ. Јас само ги коментирам состојбите во нашиот фудбал кои, за жал, не се онакви какви што треба да бидат.

* Добра вест за македонската јавност е и вашето повторно враќање во фудбалот, поточно во матичниот клуб Вардар. Претходно имавте неколку обиди како функционер, во Македонија Ѓорче Петров, со „црвено-црните“...Секогаш отстапувавте, разочарани од односите што владеат на и околу зелениот терен. Слободан Брацо Вујчиќ, спонзорот на Вардар, и тогаш и сега беше човекот што успеа да ве окуражи пак да се обидете. Има ли сега амбиент за работа како директор во нашиот најпопуларен фудбалски колектив, кога Вардар е во голема криза? Или, пак, токму кризата беше и поводот за ваше враќање?

- Секако дека е добро што ќе се активирам во нашиот фудбал, особено во клубот во кој израснав, а тоа е Вардар. Клубот е во криза подолг период, и тоа е една од причините за моето враќање меѓу „црвено-црните“. Се надевам дека неправилностите во работата, кои очигледно биле присутни, час поскоро ќе ги решиме.

* Познато е дека добро заработивте од фудбалот, а сепак не бевте заинтересирани за инвестиција во некој клуб. Што стана со идејата за отворање ваша фудбалска школа и камп на теренот на Локомотива во Скопје?

- Состојбите во македонскиот фудбал се такви што тешко се наоѓаат луѓе што се осмелуваат да инвестираат во едно вакво првенство. Што се однесува до идејата за фудбалска школа, не се реализира од познатите „бирократски причини“.

* Ве поврзуваа со повеќе бизниси, како концесија за експлоатација на вода, потоа кафуле, обложувачници, бутици, застапник на „Лото“...Што е вистината од сите овие шпекулации?

- Не се чувствувам како бизнис-моќник. Таквите треба да ги бараме на друго место. Впрочем, се' што имам купено, сите многу добро знаат од каде ми се парите. Се' е јавно, за разлика од многу други што се збогатуваат преку ноќ и работат скриено. Во една ваква транзициска држава, како што е нашата, јас не се чувствувам како богат човек. Добро ситуиран - да!

* Добивте понуда и од претседателот на Црвена звезда, Драган Стојковиќ - Пикси да работите како директор на „црвено-белите“. Зошто не ја прифативте понудата?

- Да, добив понуда од Пикси да работам со него во Звезда. Тоа ми го повтори и сега кога беше на доделувањето на „Златната копачка“ во Скопје. Не прифатив единствено поради една работа, а тоа е мојата неспремност да се селам и да почнувам нов живот. Барем не сега, можеби подоцна ќе се премислам. Сметам дека вратите на тој клуб секогаш ќе ми бидат отворени.

* Дали Интер ви е најголемата траума во животот, и покрај добрата заработка од трансферот. Порано изјавивте дека покрај тогашниот тренер на тимот од Милано, Освалдо Бањоли, кај „нераѕурите“ не просперирал ниту Денис Бергкамп и редица други напаѓачи поради неговата дефанзивна тактика.

- Сигурно дека Интер ми е најголемата спортска траума во кариерата. Уште потешко ми е кога знам дека во тој период ме бараа сите најголеми европски екипи. За жал, јас ја избрав најлошата опција. Точно е дека не само јас, туку во Интер и многу други напаѓачи поради дефанзивната тактика на тренерот не успеаја во овој клуб. Но, тоа и не ми е некоја сатисфакција.

* Не мислите ли дека прерано се откажавте од фудбалот, со одвај 31 година?

- Точно е дека прерано се откажав од фудбалот, разочаран од сите овие работи. Но, мора да напоменам зашто многумина не знаат дека дел од причините за моето откажување беше и Вардар, заради мојата желба во 1997 година да дојдам и да му помогнам. Тогаш станав директор на клубот, кога „црвено-црните“ беа во сериозна криза.



* Настапот во македонскиот национален дрес ќе остане запаметен по деби-победата против Словенија во октомври 1993, кога наместивте и постигнавте еден гол, а конечниот резултат беше 4-1 за „црвено-жолтите“. Но, потоа бевте исклучени на првиот квалификациски натпревар за Македонија, против тогашниот европски првак Данска, во Скопје. Тогашниот селектор Андон Дончевски застана во ваша одбрана пред јавноста.

- Премиерниот настап на Македонија против Словенија во Крањ ќе биде запаметен по извонредната победа која беше постигната. Тоа беше една силна и квалитетна генерација. Дури и сега македонскиот селектор Сречко Катанец, кога се видов со него пред извесно време, се потсети на тој натпревар, велејќи дека не му било чудно што сме ги растуриле.

* Со наследникот на Дончевски, селекторот Ѓоко Хаџиевски, не ви беа најдобри односите. На крајот завршивте со само шест настапи во црвено-жолтиот дрес!

- Хаџиевски во наредниот циклус на квалификации не ме повикуваше да играм за репрезентација, ниту, пак, другите искусни играчи со кои играв додека селектор беше Дончевски. Зошто беше така, немам поим, но сметам дека тоа беше голема грешка. На крајот на краиштата, негов проблем!

* Какви се шансите на Вардар во ова првенство, покрај силниот Работнички Кометал, како и Македонија Ѓорче Петров, која е во налет? Ќе биде ли ова ваше враќање на голема врата?

- Сметам дека по се' што се случуваше во Вардар во последно време, шансите не ми се многу големи. Меѓутоа, затоа влегуваме во клубот, за да може што побрзо да се поправаат сите грешки што се направени во текот на последните неколку години. Не би прогнозирал ништо, но сигурно е дека Вардар мора секогаш да се труди да биде меѓу најдобрите екипи во лигата.




Лична карта

Роден: 7 септември 1965, во Скопје

Прекар: Кобра

Оженет со: пејачката Маја Гроздановска - Панчева, две ќерки Надица и Марија


Кариера:

1982-1988: Вардар, Скопје (шампионска титула во првенството на СФР Југославија во 1986/87)

1988 - 1992: Црвена звезда, Белград (три шампионски титули во поранешна Југославија - 1989/90, 1990/91, 1991/92, национален куп 1989/90),

1990/91 - Најдобар стрелец во поранешното југословенско првенство со 34 гола, што му ја донесе Златната копачка

1992-1995 - Интер Милан (12 меча, 1 гол)

Јануари 1994 - позајмен на Лајпциг (10 меча, 2 гола), се враќа во Интер за само 7 меча (2 гола)

1995/96 - Фортуна Диселдорф (14 меча, 2 гола)

1996/97 - Сион, по што ја завршува кариерата како активен фудбалер

- Четирикратен најдобар стрелец во поранешна Југославија во 1983/84, 1988/89, 1989/90, 1990/91

- Најмлад европски стрелец во национално првенство со 19 години, во сезоната 1983/84, кога постигна 19 гола

- 5. место на СП 1990 како член на „сините“, кога постигна два гола на мечот со Емиратите

- Вкупно 171 гол во поранешна Југославија за Вардар и Ц. Звезда, второ место на вечната листа зад Слободан Сантрач

- Најдобар стрелец како член на поранешна Југославија, на квалификациите за Европското првенство 1992 со 10 гола

- 30 настапи за поранешна Југославија (17 гола)

- 6 настапи за Македонија, 1 гол

www.dnevnik.com.mk
 

Attachments

·
Registered
Joined
·
323 Posts
Дарко Панчев сместен меѓу странците кои никогаш не се снашле во Италија.

Darko Pancev (Inter 1992-93)
He arrived as one of Europe’s most deadly strikers. He certainly didn’t leave with the same reputation. After finishing as Yugoslavia’s top scorer for three consecutive seasons between 1989 and 1992, Darko Pancev was rightly considered as one of Europe’s finest.

How quickly one season at Inter can change all that. Having been part of the successful Red Star Belgrade side that lifted the 1991 European Champions’ Cup, he was snapped up by the Nerazzurri.

Pancev will always be remembered as one of the most incompetent players Serie A has ever seen. His one season at Inter in 1992-93 saw him collect just one goal in 12 League games. This after he hit 84 goals in three seasons in Belgrade. As Inter fans remember he was more likely to hit the curva’s at the San Siro or the corner flag then he was the net.

His poor finishing continued, in Germany he netted just four times in two seasons before virtually disappearing off the face of the earth. In the end his haircut seemed to have more finesse than his finishing ability. Needless to say Italy was like a foreign country to him.

http://www.channel4.com/sport/football_italia/articles/pancev.html
 

·
Registered
Joined
·
27,119 Posts
Discussion Starter #13
ФУДБАЛ - „ЗЛАТНАТА КОПАЧКА“ ГО НАЛУТИ горан пандев

Панчев нека си ја гледа својата работа


Дарко Панчев нека си ја гледа својата работа, порача од Рим напаѓачот на италијанскиот калчолигаш Лацио, Горан Пандев. Ваквата реакција кај новиот лидер во македонската фудбалска репрезентација ја предизвика „Златната копачка“ на Европа за 1991, Дарко Панчев, со своите ставови за потенцијалот на македонската репрезентација.

- Ние сме тие што сме. Колку можеме, се трудиме да се прикажеме во најдобро светло. Едно е сигурно: од првиот до последниот гинеме на теренот и не е фер да бидеме омаловажувани, а најмалку од човекот што газел по истиот пат - вели Пандев.

Фудбалерот на векот во Македонија, Панчев, во пресрет на квалификацискиот меч за ЕП 2008, Хрватска - Македонија, во Загреб, ја анализираше играта на Македонија. Не беше поштеден ниту македонскиот селектор, Словенецот Сречко Катанец.

- Споредбите од типот и татко ми може да биде селектор за 5. место во групата се во најмала рака непристојни. Катанец, пред се', е извонреден човек и стратег. Има визија и добро ја предводи репрезентацијата, која изминатава година направи голем исчекор - додава Пандев. Со Пандев и без него, Македонија не е истиот тим, заклучија Хрватите, но и Панчев.

Македонија под водство на Катанец изминатава година одигра 9 меча, во кои на 6 надвор од земјава има серија без пораз, а на трите настапи во Скопје нема ниту бод. На 24 март (20:15 ч.) и' гостуваме на водечката селекција во Е- групата, Хрватска.

- Ќе биде тешко, но не и неостварливо. Имаме свои адути и ако ни се укаже шанса, може да ја искористиме - вели Пандев, кој неодамна го прослави 100. натпревар во една од најсилните лиги, Серијата А, каде што сезонава постигна 8 гола за Лацио.


I guess Naum was right about this guy i mean congrats and i'm proud for what he did in his career and winning the golden boot but to attack our team and especially Katanec not giving him any credit and saying his dad could coach the team to be 5th in the group is a joke. He is really starting to sound like frustrated old man jealous of what the younger players are accomplishing. :groan:
 

·
Expecto patronum!
Joined
·
13,563 Posts
Ambis said:
I guess Naum was right about this guy i mean congrats and i'm proud for what he did in his career and winning the golden boot but to attack our team and especially Katanec not giving him any credit and saying his dad could coach the team to be 5th in the group is a joke. He is really starting to sound like frustrated old man jealous of what the younger players are accomplishing. :groan:

not only his dad but I can bring us 5th place too! :D
 

·
Registered
Joined
·
2,860 Posts
Јас се согласувам со Панчев и незнам што толку Пандев се има налутено.
Како прво Панчев не кажал ништо лошо против Пандев ниту било кој друг фудбалер. Како второ ни Катанец го нема нешто посебно навредено. И како трето целосно се согласувам и го поддржувам во изјавата за 5то место во групата. Тоа ќе биде целосен неуспех! Успех е клавификување, 2, 3 или најмалку 4то место. Не треба да се задоволуваме и да бидеме заслепени со едни 0:0 со Англија.
И што кога ќе завршат квалификациите, а ние ако се пласираме на 5 место? Ќе си викаме „Еј добро барем игравме 0:0 со Англија“?
Неможе веќе така! Треба да одиме на поголеми успеси
 

·
Registered
Joined
·
27,119 Posts
Discussion Starter #16
JumboMkd said:
И што кога ќе завршат квалификациите, а ние ако се пласираме на 5 место? Ќе си викаме „Еј добро барем игравме 0:0 со Англија“?
Неможе веќе така! Треба да одиме на поголеми успеси
Tocno taka treba da odime na pogolemi uspesi ama dosega Katanec e eden od najuspesnite treneri vo istorijata na nasata reprezentacija a Pancev go pluka coekot i veli deka dedomu mozel da napravi isto kako toj dosega. Znam deka na coekot nesto mu e krivo i deka sto posto se neki so Katanec but he has to give credit to him at least for what he has done so far because we are not finished with qual yet and the guy is basically trying to say we are gonna end up 5th in the group, personally i think he hates him because of the whole Hari situation and how Katanec supported him during the legal battle in FFM.



btw as far as being happy with a 0-0 draw vs England well we are not some world super power in football for us not to be happy with that result, we are not Croatia who have been 3rd in a WC and played in almost every major tourney since independence... we have to understand that until we get some more world class talents like Pandev (and hopefully Slavkovski turns out to be like him) we should not expect to be beating the England's of the world.
 

·
Registered
Joined
·
2,261 Posts
„ЗЛАТНАТА КОПАЧКА“ НЕ МУ ОСТАНУВА ДОЛЖЕН НА ПАНДЕВ

Панчев: Анализата е моја работа, нека ме демантираат на теренот
„Златната копачка“ на Европа од 1991 година, Дарко Панчев, е изненаден од реакцијата на новиот лидер во македонската фудбалската репрезентација, Горан Пандев. Напаѓачот од редовите на римски Лацио, Пандев, се огласи по анализата на играта на македонската репрезентација од страна на фудбалерот на векот пред квалификацискиот дуел со Хрватска, на 24 март, во Загреб.

- Очигледно Пандев не ја сфатил добро мојата анализа или, пак, нешто друго е во прашање. Фудбалот е моја работа. Зар Пандев очекуваше новинарите од Загреб да бараат мислење за нашиот фудбал од некој што продава пиперки и патлиџани. Жал ми е ако сето ова се става во функција на кампањата на сегашното раководство на ФФМ пред изборите. Мојот колега треба да знае дека игра за Македонија, а не за поединци во ФФМ - вели Панчев.

Во анализата на Панчев во хрватските медиуми, Панчев вели дека ги опишал само нашите можности, а Пандев го потенцирал како моментно наш најдобар играч.

- Ако и ваква анализа не им се допаѓа, зелениот терен е местото каде што можат сите нас да не' демантираат. Ќе не' израдуваат ако не бидеме на крајот постојано на 5. место. Добро е да не' однесат малку повисоко - појаснува Панчев.

Некогашната „кобра“ за голманите може да се пофали со 14 лични и клупски трофеи и со повеќе од 300 постигнати гола на официјалните натпревари, што му даваат за право да коментира и да се интересира за развојот на мак-фудбалот.

- На Пандев му порачувам да продолжи да игра добро и му посакувам да оди во некој поголем клуб за да може да освои некој значаен трофеј, а не да заврши како многу играчи што играле фудбал, но не освоиле ништо значајно во кариерата. Горане, играј, освојувај и сите ќе се радуваме - му порачува Панчев на напаѓачот.
 

·
Registered
Joined
·
1,825 Posts
Se soglasuvam so Pancev, 5. mesto moze sekoj da ne donese. Uspeh e nesto povisoko, nesto poveke od remi so Anglija. Toa veke go imavme vo kvalifikaciite za EURO 2004, a ne donese nisto na kraj. Isto taka remi so Holland.

Vreme e za cekor napred.
 

·
Registered
Joined
·
27,119 Posts
Discussion Starter #19
ПОКАНА ЗА МАКЕДОНСКАТА ЛЕГЕНДА

Дарко на спектаклот на Михајловиќ

Македонија преку Дарко Панчев ќе биде присутна на натпреварот за збогум од фудбалските терени на една од најголемите европски фудбалски ѕвезди Синиша Михајловиќ, кој на 28 мај ќе се одржи на стадионот "Караџорџе" во Нови Сад. Нашиот фудбалер на векот вчера и официјално е поканет на спектаклот кој ќе биде од хуманитарен карактер, а ќе се сретнат актуелниот шампион на Италија, Интер, и тимот на "Другарите на Синиша" во кој секако би бил и Панчев. "Вистинска чест ќе ми биде што ќе го претставувам македонскиот фудбал на еден таков собир на најголемите поранешни и сегашни европски фудбалски ѕвезди. Утрово се слушнавме со Михајловиќ и со задоволство ја прифатив неговата покана", ни изјави вчера Панчев. Инаку, во тимот на "Другарите на Синиша" ќе настапат неговите најпознати соиграчи од Црвена Звезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер, меѓу кои покрај се разбира Стојковиќ, Савичевиќ, Панчев, Просинечки, Југовиќ, итн, ќе бидат и Манчини, Недвед, Тоти, Виери, Неста и уште голем број други ѕвезди од "Калчо лигата".

http://www.sport.com.mk/?ItemID=FBB1D6684FAF61E46A989860BCD82E97D
 

Attachments

·
Registered
Joined
·
1,810 Posts
pancev bese car kako igrac
 
1 - 20 of 33 Posts
Top