Xtratime Community banner

1 - 20 of 67 Posts

·
Registered
Joined
·
2,860 Posts
Discussion Starter #1
Добив една порака:

voytala said:
Se vikam Wojtek - sum od Polska i studiram makedonski jazik na treta godina. Imam edna molba za tebe... Sega pishuvam diplomska disertacija: "Jazikot za makedonskite sportski komentatori". Dali mozhesh da mi napishesh karakteristichni greshki koi pravaat tv komentatorite (na primer Atanas Kostovski)? Se rabotam za nekolku primeri na izrazi ili rechenici... Ili mozhebi znaesh nekakva web-stranica(ili forum) kade mozham da najdam neshto za mojata tema na dizertacijata? Bim bil mnogu blagodaren za tvoj odgovor.

(Izvinuvam za greshkite vo pismoto ;))
Golemi pozdrav od Polska,
Wojtek
Како прво, мора да го пофалиме нашиот пријател од Полска што вложил толку труд за да го научи Македонскиот јазик :thumbsup: и мислам дека доста добро му оди. БРАВО!

Епа ајде сега и ние малку да се потрудиме и да му помогнеме на нашиот пријател од Полска. Нашите коментатори прават доста грешки при коментирањето на спортските натпревари така да мислам дека нема да имаме околу оваа тема
 

·
Registered
Joined
·
2,860 Posts
Discussion Starter #2
Коментаторката од МТВ, Ирена (не ми текнува како се презива, ќе проверам) која повремено ги коментира ракометните натпревари на Кометал и репрезентацијата порано (веројатно некој сега ја предупредил) цело време викаше „цела среќа
- Цела среќа што сега го промашија голот, цела среќа што сега топката е кај нашите ракометарки, цела среќа што ја одбрани оваа топка, цела среќа...
Скоро секоја реченица ја почнуваше со „цела среќа“
 

·
Registered
Joined
·
2,860 Posts
Discussion Starter #3
GAFOVI NA SPORTSKI KOMENTATORI

Ивко Панговски:

- Гол...гол...гол...гол...не е гол...дали е гол?

Горан Милковски:

- Руската одбрана e бавна, што значи дека автоматски е и спора.

Атанас Костовски:

- Игрите што завршија (Сиднеј 2000) не уверија дека Земјата е тркалезна.

Ирена Андреевска:

- Ова е, би рекла, црно финале на Ролан Гарос (за сестрите Вилијамс)

Горан Стерјов:

- Нигерија веќе е елиминирана. Не знам што чека. Можеби го чека Мајкл Овен.

- Навивачите на Англија насекаде ја следат својата репрезентација па макар било тоа и на крајот на светот.

Златко Калински:

- И дождот паѓа и навивачите свират, тоа дава асоцијација на песната Singing in the rain.

- Тројка на Галис!!! Ми делува некако поспано.

- Драги гледачи, на градскиот стадион во Скопје 15, 20 а можеби и 60 илјади гледачи.

- Јужна Кореја-САД. Натпреварот го следат 60014 гледачи.

- Франција полека го гради резултатот (во втора минута од продолжение, при резултат 0:0).

- Неговата одбрана беше феноменална. Па тоа се граничи со совршен рефлекс.
- Голманот како да ги спушти ролетните на својот гол во овие моменти.

- Видете како се пробива Дражен Петровиќ. Како електричен зајак!

Јанко:

- Драги слушатели, денеска имаме еден африкански дуел (за натпреварот Камерун - Саудиска Арабија)

Зоран Михајлов:

- Се е во знакот на бројот еден. Една минута до крајот, 1:0 на семафорот...

- Судијата вечерва ќе има тешка задача затоа што ќе мора да најде сили да раздвои ни помалку ни повеќе туку точно 219 килограми ( за бокс мечот Тајсон - Луис)

- Еве го Ривалдо го напушта теренот, на маицата му пишува АДИОС. Адиос на шпански значи збогум, им вели збогум на навивачите (инаку, на маицата на Ривалдо пишува АДИДАС)

- Еве го американскиот дрим тим. Можеби не е дрим ама е тим.

- Погледнете го овој сендвич од човечки фудбалери.

- Зидан се најде во сендвич од двајца противнички фудбалери. Да го погледнеме овој хамбургер уште еднаш.

- Еве сега Белгијците си дадоа автогол. Ова беше прекрасен гол.

- Карл Луис трча во четвртата патека, а најлесно ќе го познаете по дресот во оранж боја.
- Нашиот Аце Русевски е во црвените гаќички (противникот му е од Руанда).

Зоран Поповски:
- Погледнете го Шекил Онил висок е 218 цм а тежок 120 кг. Вистинска грдосија.

Зоран Видевски:

- Ова не е за 2 минути исклучување. Ова е за 2 години затвор!

Љубомир Николовски:

- Драфтот ќе биде запамптен по тоа што како прв пик ќе биде избран еден европски кошаркар. Тоа е 227 см високиот Кинез....

- Витни Хјустон на влез кон кошот ( за Крис Витни од Вашингтон Визардс)

Сител:

- Многу бавно помина оваа забавена снимка.



Звонко Михајловски:

- Драган Ќириќ, играч со долга коса но со големи можности!
- Колега, може ли мало ремизе на натпреварот?
- А потоа, кадравиот гаучо тргна по кривиот пат на кокаинските ноќи.
- Крилото никогаш не паѓа далеку од бекот.
- Сите минуси на господинот Целзиус не можеа да го расипат натпреварот.
- Чуден начин на додавање - силно и никому!
- Најдовски скокна одлично, но преку пречката.
- Го задоволи тренерот и затоа сега игра.
- Каков удар! Го подели воздухот на водорот и кислород!
- Топката прелета паралелно со Ибарската магистрала.
- Ова беше поголема опасност за авионите од типот Авакс отколку за голот на Пандуровиќ.
- Преполн стадион на Партизан, 50000 луѓе. Замислете, тоа се 100 000 дланки!
 

·
Registered
Joined
·
2,860 Posts
Discussion Starter #4
20 километри на час беше силен овој удар на Балак (Драган Николовски-А1)
------------
- И тоа е хокеарска измена во домашниот тим...не, не сепак е тоа тајм аут (Зоран Николовски, Алфа ТВ).
-------------
- Без шут на голот, нема голови (стручен коментар на проф. д-р Вангел Симев во телеспорт).
--------------
- Ние секако ќе го дадеме нашиот максимум во реваншот, па и повеќе од тоа (тренер на Цементарница пред реваншот во куп на УЕФА).
-------------
- Наијнтересно ќе биде утре во Чаир каде гостуваат Слога и Победа (СИТЕЛ коментар).
-------------
- Франција, чешка, Шведска и Бугарија се првите пет сигурни учесници на европското првенство (наслов во Дневник 17.09.2003).
--------------
- И еве, нафрлена топка во црвено-црниот шеснаесетник (МРТВ)
---------------
- Ова е очигледно лична грешка на судиите (Љубомир Николовски, НБА).
----------------
- Португалија ќе мора вечер да ја победи Русија за да остане дел од Еурокремот (МКТВ вести 16.06.04).
 

·
Registered
Joined
·
2,860 Posts
Discussion Starter #5
Зоран Михајлов - Олимписки игри во Барселона 1992 „Еве тука неминовно е и знамето на ЦРВЕНИОТ КРСТ“ во моментите кога селекцијата на Швајцарија одеше презентационо на атлетската патека!!!
 

·
Registered
Joined
·
862 Posts
Kalinski od Svetsko 2006.

(Klose dava gol) Klose uste ednas potvrduva deka ima instinkt na golem golgeter, ubiec.
 

·
Registered
Joined
·
1,290 Posts
Хахахахахахахаха Џамбо :thumbsup: :happy:
Леј се искршив од смеење и уште се смеам :howler:
 

·
Registered
Joined
·
2,101 Posts
Prvoto tatko mi go kaza deka od Nikola Momirovski: Topkata ide visoka po zemja.
Koga bev vo Makedonija vo 1999 mi kazaa za komentatorot sto go vodese SP od Makedonija deka Suker vo vikal Surjak. Pa imalo ednas mu rekle eve mi vikaat od studioto deka bil Suker ne Surjak nekolku sekundi posle eve sansa za Surjak i gol.
Tolku od mene
 

·
Registered
Joined
·
2,860 Posts
Discussion Starter #9
Makedonec said:
Koga bev vo Makedonija vo 1999 mi kazaa za komentatorot sto go vodese SP od Makedonija deka Suker vo vikal Surjak. Pa imalo ednas mu rekle eve mi vikaat od studioto deka bil Suker ne Surjak nekolku sekundi posle eve sansa za Surjak i gol.
Tolku od mene
Атанас Костовски - легенда! :D
 

·
Expecto patronum!
Joined
·
13,563 Posts
Svetsko prvenstvo 2002, osminafinale, Germanija - Paragvaj, se igra prodolzenie a germanvite pravat zamena:

"...i eve Germancite ke napravat izmena, izleguva od igra Nevil, na negovo.... pa ova ne e mozno! pa ova e skandal dragi moi! pa kumbe ke igra za Germanija! Ete i toa go ima na svetov, Gerald Asamoa vleguva i sega Hitler se prevrtuva vo grob!"

Janko Ilkovski
 

·
Registered
Joined
·
337 Posts
Mislam deka mnogu nasi komentatori go koristat zborot "utakmica" koj e srpski, namesto "natrpevar".
Atanos Kostovski sekogas me nasmevase koga velese "topkata e trkalezna, fudbalot se igra devedest minitu"... sakajki da kaze deka i nie imame sansi da pobedime :)
 

·
Registered
Joined
·
27,119 Posts
Great_Macedonian said:
Mislam deka mnogu nasi komentatori go koristat zborot "utakmica" koj e srpski, namesto "natrpevar".
A po nase ne e utaknica? jas odsekogas toj zbor go upotrebvam...
 

·
Registered
Joined
·
27,119 Posts
Harry Potter said:
jok! vo Makedonskiot jazik postoi samo zborot natprevar!
Neznam pa valda ne velime "ke odime na natprevar"? jas sekogas velam "ke odime na utaknica" ama OK ako odime tolku bukvalno po nase ne treba ni plavi da velime tuku sini... :pp
 

·
Expecto patronum!
Joined
·
13,563 Posts
Ambis said:
Neznam pa valda ne velime "ke odime na natprevar"? jas sekogas velam "ke odime na utaknica" ama OK ako odime tolku bukvalno po nase ne treba ni plavi da velime tuku sini... :pp

"ke odime li na fudbal?" - taka vikame vo Skopje ;) barem kaj mene vo drustvo

i da, na naski e "sini", a ne plavi, ste me videle li jas nekogas da spomnam plavi? :)
 

·
Registered
Joined
·
1,290 Posts
Мислам дека треба без ли.
Сега кога стана популарно обложувањето, многу често коментаторите наместо обложувалници велат кладилници, и наместо обложување велат кладење.
Јас за тоа плаво на испит добив 9-ка, наместо 10-ка. Значи сино е на Македонски.
 

·
Registered
Joined
·
4,323 Posts
Who was that announcer in last season's cup final. Throughout the whole match he kept saying how the match is fixed and Shkendija is a winner for sure, and that's the reason that MGP is playing like crap. The when it turned out in the last seconds that MGP won, he ate his words. But he couldn't bring himself to say that if it was fixed it was on MGP's favor with the linesman wanting to disallow two goals to non-existing offsides and did for one of them but the main referee allowed at least one.

I just watched that match and some others on DVD again and it's fresh in my mind now.
 
1 - 20 of 67 Posts
Top