Xtratime Community banner

41 - 60 of 84 Posts

·
Expecto patronum!
Joined
·
13,563 Posts
Discussion Starter #41
Ako imate amblemi od makedonski klubovi posebno pokvalitetni sliki ako se, stavete gi tuka. Kontaktiram so deckoto od HQFL i bara da mu pratam uste amblemi od makedonski klubovi. Jas kutriot uspeav samo novoto logo na FFM da mu go najdam, za drugo mi treba pomos.
 

·
Registered
Joined
·
27,119 Posts


Брегалница од Штип е еден од најсгтарите клубови во Македонија, формиран во далечната 1921 година. Покрај Вардар, Тетекс, Победа, Куманово, МИК, Пелистер, тиквеш, Беласица, Балкан и скопски Металург има играно од 1964 па се до 1990 година, со мали прекини во Втората лига на Југославија. Речиси и нема вид на натпревари во Македонија во кој нема настапувано Брегалница почнувајќи од Штипски потсојуз, Четврта зона, Втора лига на Македонија, едно време играше и во Т ретата лига - исток, во Првата лига каде и денес настапува. Првиот официјален натпревар Брегалница по своето формирање 1921 година го има одиграно против Тимот Југовиќ забележувајќи победа од 2:1. Во Штип во изминатите години на кормилото на Брегалница биле познати тренери почнувајќи од Владимир Беара, Петар Пуриќ, Љубиша Арсеновиќ, Кирил Дојчиновски, Кочо Димитровски, Мирко Наџаков, потоа и нејзините поранешни фудбалери Стојан Арсов, Драган Христовски, Никола Хаџиев, Гордан Здравков... За првпат Брегалница стана член на Првата лига на Македонија во сезоната 1950/51 кога го освои петтото место во конкуренција на 12 клубови. Брегалница со успех играше повеќе години во Втората лига на Југославија. за првпат во сезонагта 1963/64 година по одиграните две квалификациони средби со Титоград. Во Штип беше 1:0 за Брегалница, во Подгорица 1:0 за титоград така што мораше да се изведуваат пенали. Јунак на тој меч беше голманот на Брегалница Ефремов кој одбрани три удари од белата точка и штипјаните станаа членови на Втората лига.
Денес во нашата постојана рубрика "Слики во времето" ќе го претставиме тимот на Брегалница од 1964 година кога играше во Втората лига на поранешна Југославија.

1. Петар Пуриќ, еден од најуспешните тренери на Брегалница. Во Штип дојде во 1958 година и се до својата смрт остана во градот под Исарот.
2.Никола Хаџиев, капитен на екипата, еден од најдобрите играчи. Подоцна од 1979 па се до 1988 година тренер на тимот.
3. Симеон Ефремов, меѓу најдобрите голмани кој бил на голот на Брегалница. Покрај за Брегалница долги години има брането за Бор, за ОФК Београд и во Грција. Денес е тренер. Работел и во Тунис.
4. Кире Иванов, десен бек. Во својата кариера играл само за Брегалница.
5. Коце Манушев - Руфе, лев бек, почна и кариерата ја заврши во Брегалница.
6. Стојан Арсов, едно од најпознатите фудбалски имиња во Брегалница. Центархалф, столб на одбраната. Играше и за прилепска Победа. Беше и тренер на Брегалница, едно време и член на Стручниот штаб на Силекс од Кратово. Беше избран меѓу единаесетмината фудбалери на векот на Брегалница. Има напишано автобиографска книга "Џали°.
7. Мирко Ципушев, покрај за Брегалница настапувал и за Плачковица.
8. Ѓорѓи Желев, еден од фудбалерите кој целиот свој фудбалски век го има минато носејќи го дресот на Брегалница.
9. Благој Ашиков, во Брегалница дојде од Беласица. Голгетер, еден од најдобрите напаѓачи. Починат е.
10. Јордан Ражанков по завршувањето на кариерата како фудбалер во Брегалница беше тренер на Рудар, Слога од Виница, Силекс...
11. Гордош Иштван љубителите на фудбалот го паметат во неговите решавачки голови. Од Штип замина за Сомбор, каде остана да живее.
12. Војче Спасовски, легенда за охридскиот фудбал, кој едно време го носеше дресот на Брегалница. Лево крило, извонреден играч, вистински голгетер. По завршувањето на кариерата се посвети на тренерскиот позив во својот Охрид.
 

·
Registered
Joined
·
960 Posts
D.J. Jovanovski?

lol :howler: :howler: :howler:
 
U

·
Guest
Joined
·
0 Posts
FK Tiverija





Belasica



Za zal ne znam od koja godina se slikite no se gleda deka se dosta stari !!
 

·
Registered
Joined
·
27,119 Posts


КНИГА ЗА ФУДБАЛОТ ВО КИЧЕВО И ФК НАПРЕДОК

Ф.К. Напредок за кичевчани не е само фудбалски клуб. Нешто многу повеќе. Низ децениите на неговото постоење се испреплетени доста животни приказни. Клубот е симбол на Кичево и во него дел од својот живот и душа имаат внесено многу кичавчани. Отсекогаш ќе остане институција која ги врзувала граѓаните независно на националност, религија или било што. Впрочем на тоа во мојот град и никогаш не сме му придавале зачење. Можеби и оттука е големината на ФК Напредок, клуб кој му припаѓа на секој кичевчанец. Авторот Душан Ристоски издаде уникатна книга „Седум децении фудбал во Кичево-ФК НАПРЕДОК 1928/1998 година“ во која се поместени текст и слики на 221 страна и 123 слики, буквално од самите почетоци на фудбалот во кичево од дваесеттите години па се до издавањето на книгата Книгата е издадена во 2000 година. Богатство е да се има. Следната година ќе се одбележат 80 години од фудбалот во Кичево и се надевам дека ќе имаме уште едно исто вакво издание. Гордост ми претставува што во историјата на мојот град имало вакви луѓе. Во овој пост е пренесен почетокот на книгата кој е за самите почетоци и првата фудбалска топка која е донесена во Кичево, до почетокот на втората светска војна, период за кој малкумина знаат! Останатите делови се периодот на Втората Светска војна, периодот после втората светска војна и СФР Југославија (1945-1991) и периодот од македонската независност па до 1999/2000 година кога е издадена книгата.

ПРВАТА ТОПКА ВО КИЧЕВО

Според сеќавањата на постарите кичевчани - фудбалери и фудбалски работници: Мито Бабоски, Лазе Угриноски, Трене Тренески, Борче Мицкоски, Саќа Зердески, Славе Белески, првата топка во Кичево ја донел Мише Пејоски кој учел во учителската школа во Битола. Тие се сеќаваат дека кожна топка донел и Ѓоко Сретеноски кој учел во учителската школа во Скопје и тоа во 1926 -1927 година, бидејќи во 1927 година Ѓоко заминал на отслужување на воениот рок ое до 1928 година кога се враќа во Кичево. Меѓу Кичевчаните се зборува дека кожна топка во градот донел и Веле Стан-коски кој го служел војниот рок во Хрватска, но во семејсвото Станкооки, топка до-нел Димитрија Станкоски кој учел гимна-зија во Солун, а медицина студирал во Грац - Авотрија и Лајпциг - Германија.

Прв организиран фудбалски клуб во Кичево бил формиран во 1928 година под име СК "Јадран". Овај фудбалски клуб бил формиран од тогашните влаоти, претежно од воени старешени, државни службеници, а подоцна се вклучиле и граѓаните од Кичево. Со Клубот раководел воениот старешина Матиќ, а името "Јадран" го ставиле луѓето од Управата, кои највероватно потекнувале од градовите покрај Јадранското Море. Според сочувани фотографии СК "Јадран", може дасе види дека фудбалерите имале црвени дресови со крагни, а на самиот дрес било навезено името СК "Јадран". Најголемиот број фудбалери во Фудбалскиот клуб "Јадран" биле воени лица, бидејќи градот Кичево бил меѓу поголемите воени центри, седиште на дивизискаформација. Имало фудбалери и државни службеници, а од 1928 година и 1929 биле вклучувани и фудбалери од маалските фудбалски клубови од Кичево како:Варош Мала, Теќе и Чифлиг Мало. Меѓу фудбалерите се спомнуваат: Мито Бабоски, Диме Станкоски - Батемберг, Славе Белески, Коце Наумоски - Шиндра, Борис Бунгуроски, Благоја Стојаноски, Нико Пусоски, Иван Софески, Владо Дебрчанец, Душан Станкоски, Трене Тренески, Јонче Србиноски - Овчарко, Матиќ и други.

Бидејќи државниот Фудбалски клуб СК "Јадран" не можел да ги вклучи сите младинци како фудбалери, маалските фудбалски дружини прераснале во фудбалски клубови, каде се раѓала и желба за ривалска борба со Фудбалскиот клуб "Јадран". Така во Варошко Маало фудбалскиот клуб го добил името"Китино Кале", кој фудбалски клуб го раководел Мито Бабоски кој воедно и играл во Клубот. Во "Китино Кале" играле: Борис Алексоски - Карче, Јанко Михајлоски, Коце Тодороски, Благоја Митаноски - Инќарот, Миле Блажески, Борче Мицкоски, Бране Симјаноски - Жајберот, Жика Фиданоски, Јорго Лаброски, Тасе Петкоски и други.

http://kicevo.blog.com.mk/system/files?file=Slika 8_1_1.jpg
Сл. 8: ФК „Кичево“ пред натпревар со ФК Југославија од Припеп 1938 год. од лево на десно 1 Мито Бабоски-тренер, 2 Слафко Фурдек, 3. Реџеп Ножарот, 4 Саќа Зердески. 5. Стојан Божиноски, 6. Томе Букпески, 7. Боро Бушески. 8. Алит Ајрадиноски-Топачот, 9. Перо Конески, долу клечат: 10. Илија Ресавски. 11. Трене Тренески (голман) 12. Раде Попгиноски, долу лежи: 13. Борис Алексоски-Карче.

http://kicevo.blog.com.mk/system/files?file=Slika 113_1_1.jpg
Сл. 113: Фудбалери на ФК „Напредок“ кои влегоа во Прва македонска фудбалска лига во сезона 1998/1999 година. Од лево на десно: Драган Блажески - шеф на стручен штаб, Зоран Горгиоски - тренер, Игор Митрески, Роберт Пејоски, Горан Дамјаноски, Бобан Дујковиќ, Валентин Целески, Драган Матески, Благоја Димоски, Љупче Најдоски, Миле Стојкоски - тренер, Перо Трајкоски - тренер. Долу клечат: Горан Милоцаноски, Горан Најдески, Ѓоле Трпески, Борче Ангелески, Гоце Маркоски, Дејан Аврамовиќ, Влатко Мицески, Стојо Павлески доктор, Мартиноски - голман.

http://kicevo.blog.com.mk/node/66095
 

Attachments

41 - 60 of 84 Posts
Top