Xtratime Community banner

1 - 5 of 5 Posts

·
Registered
Joined
·
27,119 Posts
Discussion Starter #1
Македонија и натаму 93. на ранг - листата на ФИФА

И покрај скандалозниот нерешен резултат против аматерите од Андора на Гардскиот стадион во Скопје во рамките на квалификациите за СП 2006 година во Германија, фудбалската репрезенатција на Македонија со 498 бода остана на 93-та позиција и на најновата ранг - листа на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Колку за илустрација пред нас се наоѓа Индонезија со 504 бода, а зад нас е Исланд со пет бода помалку.
На првите 10 позиции нема промени, единствено што Мексико скокна за едно место и сега е на делба на шестато со Холандија. И натаму води Бразил (840 бода), а потоа следат Франција 789), Аргентина (783), Чешка (776), Шпанија (764), Мексико (755), Холандија (755), Англија (749), Португалија (745), Италија (738). Меѓу првите 20 репрезентациии најголем скок оствари европскиот првак Грција, која благодарејќи на победата над Данска во квалификациите за СП од 2:1 се искачи на 13 место (претходно беше 18). Украина, пак, повторно се врати во групата на најдобри 50 национални селекции. Украинците по победата над Албанија во гости забележаа напредок од осум позиции и сега се наоѓаат на 49 место.
Покрај Холандија кој и натаму е шеста и останатите двајца конкуренти од нашата квалификациска група за пласман на СП, Романија и Чешка стагнираат на 28-то односно четвртото место. Од репрезентациите од бившите Ју-простори најдобро пласирана е Хрватска (и натаму е 23.), па потоа следат Словенија (43. пад за една позиција), СЦГ (и натаму е 46.), и БИХ (78. скок за едно место).
 

·
Registered
Joined
·
27,119 Posts
Discussion Starter #2
Well i must say im surprised how does this rank list work?? we lose and tie to Andorra and we are still 93rd while when we tied Holland we only moved up a couple places :wth:
 

·
Registered
Joined
·
1,929 Posts
MacoBoy said:
Ah I dont take it seriously anymore I dont see us getting back up anytime soon.
Maybe we can if we get a good coach to replace Kanatralovski :D.
 
1 - 5 of 5 Posts
Top