Xtratime Community banner

1 - 15 of 15 Posts

·
Registered
Joined
·
27,119 Posts
Discussion Starter #1
Мостарецот по шест дена го заврши ултрамаратонот и пристигна во Скопје
Голо истрча 600 километри во чест на Трајковски :thumbsup:



Мостарскиот маратонец Александар Голо вчера околу 14 часот пристигна во Македонија преку граничниот премин Блаце, откако на 20 февруари од Мостар стартуваше со ултрамаратонот во чест на Борис Трајковски, организиран од дневниот весник Дневникки. Облечен во куси панталони и покрај ниските температури, без видливи траги на замор, Голо направи куса пауза на Блаце, каде што во чест на неговиот подвиг го пречекаа организаторите на маратонот и децата на покојниот претседател Трајковски, Сара и Стефан. Видно возбуден дека го делат само 20 километри до крајната цел, Голо рече дека и покрај искушенијата, желбата да направи нешто во чест на загинатиот претседател го одржала да истрае до целта.По мајка сум Македонец. Лани, на денот на несреќата бев многу тажен и затоа сакав да направам нешто во чест на загинатиот претседател. Еве, добро се чувствувам. До остварување на сонот ме делат уште дваесетина километри. Благодарен сум на организаторот на маратонот, без кој мојот сон немаше да се оствариии, рече вчера мостарецот Голо, кој во својата досегашна кариера, трчањето од Мостар до Скопје ќе го бележи како најдолга патека. Тој дневно, во просек, изминувал по сто километри. Патеката поделена во неколку етапи, првата од Ротимле до местото Виљуси во Црна Гора, а следната од Подгорица до Колашин, па преку Пеќ, Приштина и граничниот премин Блаце, до Скопје, делумно ја измени поради големите снежни наноси во делови на Црна Гора. Така, Голо трчаше по изменетата маршрута, од Сараево кон Вишеград, за преку Србија, Црна Гора и Косово да пристигне во Македонија. За време на трчањето, речиси без паузи освен за преспивање, Голо, како што рече, лесно се хранел, најмногу со коцки чоколадо и консумирал повеќе енергетски пијалаци. Го следеле променливи временски услови, со силни врнежи од снег, повремено и од дожд. Трчал преку планини, тесни патчиња, а минал, како што рече, и неколку гранични премини. Повремено го придружувале и неговите синови, Тихомир ( 18 ) и Михајло ( 16 ) , а во постојана придружба била новинарска екипа на Дневникки. Новинарот Бранко Ѓорѓевски истакна дека за време на целото патешествие желбата за достигнување на целта била голема кај Голо и не дозволувала потклекнување на искушенијата.За големиот гест кој мостарецот го направи во чест на Борис Трајковски, благодарност му искажаа и децата на загинатиот претседател, Стефан и Сара, кои преку Дневникки на Голо му испратија капа, шал и ракавици за успешен старт на маратонот, а вчера на Блаце го пречекаа со букет цвеќе. Возбудена од гестот на Голо, Сара на маратонецот му се заблагодари за чинот што го направил во чест на нејзиниот татко. Преостанатите 20 километри од Блаце до Скопје, Голо ги трчаше заедно со тринаесет граѓани на Македонија кои доброволно се приклучија на мостарецот, кој денеска ќе биде дел од активностите организирани по повод една година од трагичната смрт на Борис Трајковски.

What a great accomplishment and for a great cause i have a lot of respect for Aleksnadar Golo and once again in memory of our former president Boris Trajkovski who last year at this time lost his life in a tragic plane crash :(
 

·
Registered
Joined
·
8,928 Posts
Yes he was. Did u hav to wear that avatar as well MacoBoy
 

·
Registered
Joined
·
14,901 Posts
Even in Poland was many informations about this aeroplane crash. :( :( He should be in memory.
 
U

·
Guest
Joined
·
0 Posts
It was not really a accident but that is another story..... Boris was one of the most calm and good hearted President and as a human not only in europ but also in ther world(the balkan president are close to that) He respected all and everything and had a very calm friendly attitude to all people..... Some thing for the west to take over from.....

Boris Trajkovski was very much into sport and never miss a game with the Macedonian soccer NT or when Vardar playd in Euro cups. He was also a great Vollyball supporter and never miss a match with Rabotnicki in the top team cup in europ when Rabotnicki was strong.....

Madzari soccer stadium are named after him. Boris Trajkovski Stadium.......
 

·
Registered
Joined
·
4,323 Posts
Condolences. Sad that a vibrant man like had to die this young. His Albanian was not bad when he spoke Albanian to a gathering of people in Tetova.
 
U

·
Guest
Joined
·
0 Posts
Benny said:
Condolences. Sad that a vibrant man like had to die this young. His Albanian was not bad when he spoke Albanian to a gathering of people in Tetova.
what dos Vibrant mean Banny? Don't know that english word.
 

·
Registered
Joined
·
27,119 Posts
Discussion Starter #11
Меморијален крос за претседателот Трајковски во родната Струмица

Со меморијалниот крос кој се одржа во градскиот парк во организација на атлетскиот клуб "Струмица - Гроз" сограѓаните на Борис Трајковски му оддадоа почит. Лошите временски услови не ги спречија над 100 учесници по дождливо време на првиот меморијален крос да ја одбележат годишнината од прераната и трагична смрт на својот неповторлив претседател и сограѓанин.
 
1 - 15 of 15 Posts
Top