Xtratime Community banner

1 - 20 of 24 Posts

·
Registered
Joined
·
2,261 Posts
Discussion Starter #1
Znam deka e malku rano ama utre neli site ke sme zafateni so krsenje jajca, odenje vo crkva i drugi Veligdenski aktivnosti.

Zatoa na site vas i na celiot Makedonski narod kade i da e od srce mu go cestitam najgolemiot Hristijanski praznik - VELIGDEN -

HRISTOS VOSKRESNA


NAVISTINA VOSKRESNA
 

·
Registered
Joined
·
2,261 Posts
Discussion Starter #2
ПОСЛАНИЕ НА АРХИЕПИСКОПОТ Г.Г. СТЕФАН

Не продаваат, не распнуваат, но ние воскреснуваме


Воскреснатиот Христос ја востанови Едната, Света, Соборна и Апостолска црква. Нашата, пак, Македонска православна црква е дел од неа, од целоста на Христовата црква. Бог не ги остава оние што веруваат и се надеваат на Него. Не постои сила на светот што може да Му се спротивстави на Оној што го создал светот. Со Божја помош, и по молитвите на светиот апостол Павле и на свети Климент Охридски, се возобнови Охридската архиепископија во лицето на нашата Македонска православна црква. И еве, веќе четири децении таа го живее својот воскресенски живот, грижејќи се како вистинска мајка за нашиот народ, и овде - во Татковинава, а и насекаде во светот. Таа наша света Македонска православна црква - нашата Охридска архиепископија - и покрај сите пречки, продолжува да сведочи за тоа кои сме и што сме!
Без разлика дали живееме овде, или, пак, нашите прадедовски корења се од прекрасното парче земја на Балканот, кое ни го подарил Господ и го нарекол Македонија, треба да го сакаме и да го чуваме! За жал, некои и денес сакаат да ни го приграбат она што е наше. Но, не ќе можат! Ние сме народ со минато, сегашност и иднина; кој длабоко во себе ги носи верата и традициите од своите предци, народ со долга историја и вековно опстојување. Сведоци сме дека Вистината ослободува, дека Бог не остава никого од оние кои одат по Христовиот пат, туку ги крепи и води. Колку и да се обидуваат силните на светот да не скршат, да не одродат и однародат - Бог тоа не го дозволува, туку не држи, не води и утешува и не не заборава. Потврда за тоа ни е секојдневниот раст на нашата света Црква, како и враќањето на нашиот народ кон верата и живеењето според неа. Возљубени христољупци, И во ова време, повторно не продаваат, предаваат и распнуваат, но ние воскреснуваме! Колку повеќе не навредуваат и негираат, толку поцврсти стануваме. А силата, за да истраеме до крај, ја добиваме само преку благодетот на воскресението. Бог ни помага! Еве, по Божјата милост, напредуваме и со нови архијереи и со бројни дејности и активности во севкупниот живот на нашата света Црква. Велигденските празнувања нека ни бидат за наша духовна поткрепа, за наше духовно обновување. Ова ни е потребно за да ја зголемиме нашата љубов кон Бога и кон ближните; да го продлабочиме меѓусебното разбирање и да ја зацврстиме трпеливоста. Тоа, пак, ќе не води до поголемо единство, кое ни е многу потребно, особено сега, особено во нашево време. Велигденски е во секого да гледаме свој ближен, зашто секој човек е наш брат и наша сестра. Воскреснатиот Господ Исус Христос ни заповеда да го љубиме својот ближен, бидејќи сите сме браќа и сестри во Бога, нашиот Отец Небесен. Ако се сакаме, ако имаме меѓусебно разбирање и слога, ние сме исполнители на Словото Божјо, исполнители на Светото Евангелие. Затоа, во овие мигови на велигденска духовна радост, ја упатуваме Христовата порака: "Возљуби го својот ближен како себеси!" (Матеј 22, 39). Љубовта е духовната сила на секој побожен народ. Таа е и наша сила, сила на македонскиот народ - и овде, и насекаде каде што не има; таа е сила која ни помага да ги надминеме сите недоразбирања; таа е сила на соединувањето и гаранција за нашето напредување во се!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА-НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА
МАКЕДОНИЈА ГО СЛАВИ ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА, НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!
На овој Голем ден, човештвото ја слушна најрадосната вест. Победата над смртта.

Ако нема воскресение на мртвите, тогаш ни Христос не Воскреснал. Ако Христос не воскреснал, залудна е нашата проповед, залудна е и Вашата вера. Овие зборови од светиот апостол Павле сведочат за воскресението на Синот божји, кој дојде на земјата за да ги избави луѓето од гревот. Православните христијани денеска на полноќ ќе го прославуваат Христовото Воскресение - Велигден, еден од најголемите христијански празници. Архиепископот Охриски и Македонски г.г. Стефан од пред Соборниот храм, Св. Климент Охридски ќе ја обзнани радосната вест. Веста за победатата над смртта, денот кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Оваа вест ќе одекне од сите Храмови и манастири на Македонска православна црква, во Македонија, но и во дијаспората.
Чествувањето на најголемиот Христијански празник, почна пред 49 дена, кога верниците пристапија кон пост. Постот пак е вовед во духовното и телесното прочистување на човекот за на тој начин човекот преку светата тајна причеста да го прими телото и крвта Исусова. На овој Голем ден, човештвото ја слушна најрадосната вест - Христос воскресна! Со тоа чудо над чудата, велат евангелијата се отворија небесните врати за верниците да преминат кон Бога, да бидат таму каде што Он подготви место за оние што веруваат и се надеваат на Него. Со раширените раце на крстот, Он ги собра во Својата прегратка и ги поведе таму каде што му вети и на разбојникот. Тоа е преминот - тоа е Пасха! Воскресението Христово е мост од временото кон вечното, преод од смрт кон живот. Затоа Спасителот рекол "Одам да ви приготвам место. И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам, и ќе ве земам вас при Себе за да бидете и вие каде што сум Јас". Господ Исус Христос затоа и дојде: да ја дарува небесната слава и вечниот живот. Он е "воскресение и живот", кој верува во Него "и ако умре, ќе живее". За воскресението сведочат Светите преданиа. Велигденското јајце е старо колку и Христијанството. Црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Воскресението. Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе! Пред Велигден, Црквата ги прослави и трите дена жалост. Велики Четврток, кога Христос на Тајната вечера ја востановил Светата причест-Евхаристијата, земајќи ги за основа лебот и виното. Оваа света тајна е дадена за спасение на луѓето, а за основа ја има христовата крв. Затоа црвената боја, симболизирајќи ја Христовата крв од светата причест ги украсува велигденските јајца. Велики петок - ден на страдањата и смртта на Исус Христос. За Велипеток црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење, освен за немоќните и старите. На Велипеток не бијат црковните камбани, кои ќе се огласат утре на денот на Христовото воскресение. Марјан Николовски

ПРАЗНИКОТ ГО ЧЕСТИТАА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ПРЕМИЕРОТ
Честитки по повод големиот Христијански празник вчера до архиепископот Стефан упати државниот врв.
- Славејќи го овој голем христијански празник, Воскресение Христово, сакам да го истакнам своето уверување дека МПЦ, како и досега, и натаму ќе продолжи да дава особен придонес во јакнењето на меѓуверскиот соживот на сите граѓани. Религиозната и етничка толеранција се едни од основните постулати во обединувањето на сите наши граѓани за посветла и просперитетна иднина - стои во честитката на претседателот Бранко Црвенковски.
Премиерот Владо Бучковски во честитката пак нагласува дека пораките од овој празник ќе бидат поттик за меѓусебно почитување и развој на меѓуверскиот дијалог. Честитка упати и Цане Мојановски, претседател на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
 

·
Registered
Joined
·
2,101 Posts
Navistina Voskresna
I od mene go cestitam ovoj golem praznik do site Makedonci.
Pozdrav
 

·
Registered
Joined
·
2,101 Posts
TMRO said:
Cestit da ti bide i tebe i na tvoeto semejstvo brat.
Blagodaram Brat isto na tebe i na tvoeto semejstvo.
 
U

·
Guest
Joined
·
0 Posts
Navistina Voskresna
Cestito do site za ovaj golem praznik....

Utre da raportirame koj bil pobednik vo peckajne :)
 

·
Registered
Joined
·
2,860 Posts
Вистина воскресе! Ај за многу години ;)

ПС. Имав јако јајце вчера и скршив 2 ама веќе ми се умори за третото и ми го скршија :D

Поздрав братчиња и да сме живи и здрави
 
U

·
Guest
Joined
·
0 Posts
За многу години да ни е денов

Инаце со овие јајцава не е лесна работа,, имa текника за ова а таткоми има повејке искуство :D еден на цетери ме совлада денеска :)
 

·
Registered
Joined
·
2,101 Posts
Odlicno si pominav vo crkva nokeska. Mnogu mladi imase sto me iznenadi prijatno. Popot go slusnav rece da se molime za tie sto se vo zatvor? Ne pamtam toa da sum go slusnal do sega.
Za jajcata i jas pocnav silno dobiv 4 ama na 5 mi pukna eden del. Sledniot pat pak tepav so edna strana, ama posle izgubiv. Tolku mi e merak da jadam jajca sega.
Uste ednas srecen praznik na site i za mnogu godini da ni e.
Pozdrav
 

·
Registered
Joined
·
1,825 Posts
Popot go slusnav rece da se molime za tie sto se vo zatvor? Ne pamtam toa da sum go slusnal do sega.
Mozda go mislese toa za tie sto se nevini i vo zatvor. Znajs koj dvajca gi mislam.

Morame da se setime i na tie dvajca sto sedat sega vo ovoj moment vo zatvor, a meguvreme teroristite ziveat slobodno i ne navreduvaat sekoj den.
 

·
Registered
Joined
·
2,101 Posts
FastMako said:
Mozda go mislese toa za tie sto se nevini i vo zatvor. Znajs koj dvajca gi mislam.

Morame da se setime i na tie dvajca sto sedat sega vo ovoj moment vo zatvor, a meguvreme teroristite ziveat slobodno i ne navreduvaat sekoj den.
Znam brat zatoa go napisav. Me interesirase dali toa go imate slusnato i vie koga otidovte vo Crkva?
 

·
Registered
Joined
·
2,261 Posts
Discussion Starter #20
I jas si pominav mnogu ubavo vo crkva. Imase okolu 300 luge vo crkvata vo Kopenhagen sto e prilicno golema brojka za ovde.
Nasiot pop sto bese dojden od Makedonija isto taka gi spomna nevinite zatvorenici bez ime. Kazuvase kako nasite dusmani od sekogas sakale da ne unistat a nie kako Felix sme se ragale povtorno. Rece deka nikoj nisto ne ni moze se dodeka sme slozni i edinstveni. Alal da mu e. Mlado popce ama dobar bese za da gi zainteresira mladite za nasata vera i drzava.
 
1 - 20 of 24 Posts
Top