Шпанија сака пријателска со Македонија, но на нејзин терен
Петтата фудбалска сила на светот (според ранг-листата на ФИФА) Шпанија, сака да игра пријателска средба со Македонија! Ова им го соопштил новоизбраниот претседател на шпанската федерација Вилар Лона Ангел Марија, на двочлената делегација од Фудбалската федерација на Македонија, составена од претседателот Хари Хаџи-Ристески и секретарот Лазар Митровски во седиштето на УЕФА, во Нион. Но, единствен проблем е што "црвената фурија" сака мечот против нашиот национален тим да се одигра некаде во Шпанија, а не во Македонија. "Ние веќе долго време, преку факсови, контактиравме со Шпанците, но сега, се сретнавме 'тет-а-тет' со Ангел Марија. Тој беше мошне срдечен и ни соопшти дека има расположение нашите репрезентации да одиграат контролен меч. Но, единствена опција е тој натпревар да се игра во Шпанија, што е финансиски неисплатливо за нас", ни изјави генералниот секретар на ФФМ, Митровски. Според ген-секот на нашата "куќа на фудбалот", посебно за истакнување е сертификатот кој лично им бил врачен од главниот лиценцор на УЕФА Марсел Бенц, според кој ФФМ стана национален лиценцор.
This would be great i would do it if i was FFM, we can play a top 5 team in the world and if we beat them or tie with them like we did against Holland then for sure we will move up on the FIFA rank list.