Xtratime Community banner

1 - 20 of 27 Posts

·
Registered
Joined
·
323 Posts
Discussion Starter #1
Официјално ве известувам дека во продажба излезе првиот број на спортскиот магазин Esport.

Овој месечник е всушност продолжение на Club Football со тоа што досегашното списание кое излегуваше 2 години „порасна“ и прерасна во ново - за сите спортови, во поголем формат и поголем број на страници.

Темава не ја отварам за да го рекламирам списанието, туку да ги слушнам вашите коментари, пофалби и особено критики откако ќе го видите. Критиките ќе ни бидат многу важни на нас во Esport бидејќи само тоа е начин да се подобриме и унапредиме.

Тимот кој досега го создаваше Club Football се прошири со неколку луѓе и тоа: Милорад Стојмановски (заменик главен и одговорен уредник на Дневник и спортски уредник во истиот весник), Драган Николовски (А1 телевизија), Александар Табаковски (Формула1.ком.мк), Енко Каракаш (Македонски Спорт и макнба.ком.мк) од познатите и неколку други се уште не толку афирмирани новинари.

Магазинот има доста нови содржини, а во првиот број, она што би ви било најинтересно се интервјуто со Емил Божиновски, анализи на ситуацијата во ФФМ, репортажа од Загреб (Хрватска-Македонија), анализи на влезот на Работнички Фершпед во Јадранската лига и т.н.

Мислам дека особено интересен дел се писмата т.е. коментарите од читателите. За првиот број, со цел да се поттикнат понатамошни коментари и луѓето да сватат дека конечно еден медиум одделува простор да ги искажат своите мислења во јавноста, го поканив да напише коментар JumboMKD кој убаво го „исплеска“ сегашното раководсво на ФФМ.

Бидејќи Jubmo доби еден примерок од списанието, би го замолил прв да искоментира за неговите впечатоци, а потоа и сите останати кои би го купиле.

За тие што нема да го купат, за неколку дена ќе качам PDF документ (околу 8 мегабајти) слободен за download за да разгледате, прочитате и искоментирате.

Отворен сум да одговорам на било какви прашања и да слушнам било какви предлози за теми кои вие мислите дека треба да се обработат.

Поздрав!
 

·
Registered
Joined
·
323 Posts
Discussion Starter #2
Ambis со својот пост во темата за Прва лига ми даде идеја веќе во следниот број да се обработи темата за бројот на клубови во Првата лига.

Планирам на оваа тема да разговарам со повеќе фудбалски имиња и да ги слушнеме нивните мислења и можеби да се покрене една поширока дебата во јавноста околу начините на подобрување на квалитетот на нашето домашно првенство, без разлика дали станува збор за намалување на бројот на тимови во Прва лига или нешто друго...
 

·
Registered
Joined
·
27,119 Posts
Great stuff BRAVOS! :thumbsup:


За тие што нема да го купат, за неколку дена ќе качам PDF документ (околу 8 мегабајти) слободен за download за да разгледате, прочитате и искоментирате.
Odvaj cekam. :excited:
 

·
Registered
Joined
·
323 Posts
Discussion Starter #5
JumboMkd said:
esport e odlicen. ne mi raboti tastat. i kucam so maus na program. koge ke mozam ke napisam poveke.esport e odlicen.
Штом без тастатура два пати напиша esport e odlicen значи е добро :) Ајде, купувај тастатура па да пишеш, едвај чекам :)
 

·
Registered
Joined
·
323 Posts
Discussion Starter #7
Harry Potter said:
ke go kupam vo petok, do togas iam ispiti, nema nisto da naucam ako go kupam sega
Па богами, сега веќе е на 100 страници, треба да решиш - еден колоквиум/испит или Esport :)
 

·
Registered
Joined
·
862 Posts
Harry Potter said:
ke go kupam vo petok, do togas iam ispiti, nema nisto da naucam ako go kupam sega :D
Me too:howler:
 

·
Registered
Joined
·
2,860 Posts
zEk0 said:
Штом без тастатура два пати напиша esport e odlicen значи е добро :) Ајде, купувај тастатура па да пишеш, едвај чекам :)
on-screen keyboard e najdobar program na windows :)
ako imam pak prisap do laptopot na sestra mi ke pisam podolgo
 

·
Registered
Joined
·
323 Posts
Discussion Starter #10
Jumbo, уште ли не купи тастатура?? Да собереме сите по 1 евро да ти префрлиме на сметка ? :)
 

·
Registered
Joined
·
2,860 Posts
Конечно имам функционална тастатура :)

Освен техничкиот проблем имам и некои други занимации во периодов (станав тетин по втор пат - девојка ми доби внук, имам колоквиуми...) па така немав време убаво да го прочитам Еsport.

Многу ми се допаѓа дизајнот. Поубаво и помодерно мислам дека неможевте да направите и вакво нешто немам видено не само во Македонија, туку и пошироко.
Исто многу ми прави ќеиф што се вклучени некои поискусни новинари со нивните колумни и коментари, а за мене е посебно убаво што доста внимание е посветено на Македонскиот спорт.

Среќен сум што и јас со моето писмо имав удел во првото издание на Esport. ;)

Продолжете така :thumbsup:
 

·
Registered
Joined
·
323 Posts
Discussion Starter #12
Фала на убавите зборови, само те молам и по некоја критика, оти само така ќе промениме тоа што не чини...

Друг никој не го ѕирнал списанието? Сите чекате пдф да качам а? :)
 

·
Registered
Joined
·
4,323 Posts
zEk0 said:
Фала на убавите зборови, само те молам и по некоја критика, оти само така ќе промениме тоа што не чини...

Друг никој не го ѕирнал списанието? Сите чекате пдф да качам а? :)
Zeko you should have a section in Albanian too in this magazine in my opinion. Hey look at it this way, you will sell more copies. :)
 

·
Registered
Joined
·
323 Posts
Discussion Starter #14
Benny said:
Zeko you should have a section in Albanian too in this magazine in my opinion. Hey look at it this way, you will sell more copies. :)
Зашто? Албанците не знаат да читаат Македонски? :)
 

·
Registered
Joined
·
323 Posts
Discussion Starter #16
Harry Potter said:
ps. Kaj mi e posterot od Javier Zanetti?
Лелеееј... сега ми текна :) Ветувам во следните неколку броја обавезно, сакам да има некаков повод, сега можеби со титулата кога ќе ја освојат, ќе има убави слики сигурно!
 

·
Expecto patronum!
Joined
·
13,563 Posts
eve sega sto i teoretski ja osiguraat titulata ke ima mnogu dobar povod. bas pred nekoj den na inter.it imase intervju so Zanetti kade toj rece deka posle 12 godini igranje za Inter konecno go osvojuva Scudettoto. toa e dovolno za povod, pa duri i za edna reportaza za nego (jas bespari ke vi ja napisam ako treba :pp)
 

·
Registered
Joined
·
2,860 Posts
Harry Potter said:
(jas bespari ke vi ja napisam ako treba :pp)
Ако си расположен да напишеш нешто тогаш слободно можеш да пратиш едно писмо до Esport кое има посебен дел наменет за коментарите и ставовите на читателите.

А исто така ако си до толку расположен да ги вежбаш твоите новинарски способности кои си ги стекнал на факултетот кој го учиш, можеш слободно и на мене да ми помогнеш па одвреме на време да пишеш по некој текст и за кај мене :)
 

·
Expecto patronum!
Joined
·
13,563 Posts
ke im pisam obavezno!

JumboMkd said:
А исто така ако си до толку расположен да ги вежбаш твоите новинарски способности кои си ги стекнал на факултетот кој го учиш, можеш слободно и на мене да ми помогнеш па одвреме на време да пишеш по некој текст и за кај мене :)
koga pocnuvam?
 
1 - 20 of 27 Posts
Top