Xtratime Community banner

1 - 13 of 13 Posts

·
Registered
Joined
·
2,860 Posts
Discussion Starter #1
Здраво

Нашиот нов член DareBt (со кој одамна се знаеме) реши да ми се приклучи и да ми помогне околу одржувањето на macedonianfootball.com Даре има една идеја која ние би сакале со ваша помош да ја реализираме, а се со цел за популаризирање на Македонскиот фудбал во светот. Ќе започнеме со првење на серијал од текстови за фактите, историјата, резултатите и успесите на Македонските фудбалски клубови како и Македонските навивачки групи. Би требало секоја недела да има по еден нов текст.

Тука и почнуваат проблемите. За поголемите клубови (Вардар, Пелистер, Работнички...) можеме да најдеме информации, но би имале големи проблеми во пишување текст односно наоѓање информации за помалите клубови.
Затоа би сакал да ве замолам да ни помогнете. Знам дека тука има членови со големо познавање на Македонскиот фудбал и неговата историја, па секаква информација, текст, слика или линк до било каква информација би бил многу добредојден.

Однапред ви благодарам
 

·
Registered
Joined
·
1,290 Posts
И јас би сакал да помогнам околку сајтот, имав идеја и свој сајт да правам, ама вака повеќе луѓе поинтересно ќе изгледа зашто може повеќе информации да се стават и слично. Моја идеа е да има состави од сите екипи од 1МФЛ (веќе излегоа во М.Спорт) и 2МФЛ, веќе почнав да ги правам составите, како се дознава повеќе така ќе се праќаат. Исто да се пратат третите лиги.
Кога некој ќе кликне на Новаци, да има лого на клубот, стадионот, и табели и резултати од минатите сезони, секако доколку сме во можност да се најдат. Исто сајтот да биде во Македоска и Англиска варијанта.
Кога некој сака да види кариера на некој играч, тоа да изгледа од прилика вака, Филип Ивановски , Васко Божиновски , Васко Митрев
Еве како за почеток, може да понудам книга 70 години ФК Љуботен 1919-1979, издадена е 1979. Има голем број на слики, пред 2-светска војна, Љуботен-Макаби (Скопје), тогашното тетовско дерби Љуботен-Бистрица, па до меѓународни пријателски средни со екипи од Бугарија. Има доста табели и слично. Со табеливе можеме да направиме архива, од пред 2 Светска војна, екс-ју, па до независна Р.Македонија.
 

·
Registered
Joined
·
163 Posts
Ogromno blagodaram za site shto mozat i sakaat da pruzat pomos. Site zaedno mozime da storime nesto poveke i edna golema promocija na makedonskiot fudbal na Internet. Da dokazime deka ne e sranje kako shto site mislat. Mislam deka nema da bidi problem da se najde nekoja informacija za site klubovi. Jas najsigurno kje najdam se shto e potrebno za Pelister, i kje se potrudam istoto i za Napredok, Pobeda no gledam deka ima mnogu chlenovi koi navivaat za ovie klubovi pa mozat da ni dadat povredni informacii.
 

·
Registered
Joined
·
1,887 Posts
Јас не сум во можност да помогнам во изработката и одржувањето на сајтот, меѓутоа можам да ви понудам една монографија која со сигурност ќе ви користи. Книгата се вика "Кавадарци - некогаш и сега" и е преполна со фотографии од градот во различни периоди од XX век, а поголемиот дел од фотографиите се поврзани со ФК Тиквеш од формирањето на клубот во 1921. година па се до 90-те. Се на се, има извонреден материјал на претек.

Само ве молам ако ја искористите да ја добијам назад до крајот на месецов бидејќи потоа одам во странство, а книгата ми е многу драг семеен подарок.
 

·
Registered
Joined
·
2,860 Posts
Discussion Starter #7
Фала Емил, ама не ми требаат до толку информации. Значи првичната идеа беше да се создаде една база на сите Македонски клубови за кои ќе се имаат основните информации (основање, стадион, успеси...) и лого, а за поголемите клубови и кратка историја.
Сега ми е доста мило што и Златко ни се приклучи па во иднина полека, полека ќе направиме и една база на податоци за сите фудбалери со дата на раѓање и претходни клубови.
 

·
Registered
Joined
·
2,860 Posts
Discussion Starter #8
Инаку, да не дојде некое недоразбирање.
Ова е чекот кој го имам добиено од рекламите на macedonianfootball.com Значи, од Август 2006, до 29 Јуни 2007, јас имам заработено цели 112,39 долари :D а со проста математика може било кој да пресмета колку јас имам дадено за регистрација на домеин, интернет, секојдневно купување М.Спорт... (среќа што хостирањето е сеуште бесплатно :) )
Сакам само да ви покажам колку ентузијастички сум влезен во ова, а сега многу ми е мило што најдов истомисленици во Дарко и Златко
 

·
Registered
Joined
·
163 Posts
JumboMkd said:
Инаку, да не дојде некое недоразбирање.
Ова е чекот кој го имам добиено од рекламите на macedonianfootball.com Значи, од Август 2006, до 29 Јуни 2007, јас имам заработено цели 112,39 долари :D а со проста математика може било кој да пресмета колку јас имам дадено за регистрација на домеин, интернет, секојдневно купување М.Спорт... (среќа што хостирањето е сеуште бесплатно :) )
Сакам само да ви покажам колку ентузијастички сум влезен во ова, а сега многу ми е мило што најдов истомисленици во Дарко и Златко
Kriesh nula posle ,39 :)
 

·
Registered
Joined
·
27,119 Posts
Jas ne se razbiram tolku od istorija ama bas mi e interesno vakov website da imame pa da naucam nekoj raboti za nasiot fudbal. Isto taka me interesira dali nekoj tuka ima lenta ili izvestaj od Pelister-Hajduk ko igrale vo kupot na SFRJ?
 
1 - 13 of 13 Posts
Top