Xtratime Community banner

1 - 20 of 22 Posts

·
Registered
Joined
·
27,119 Posts
Discussion Starter #1
Лиценцната комисија одби 4 клубови

Комисијата за лиценцирање при ФФМ ги разгледуваше и оценуваше барањата за издавање лиценца за учество во натпреварите во организација на УЕФА за натпреварувачката сезона 2005/2006 и притоа одлучи по разгледувањето на целокупната документација да им издаде лиценца на следните 6 екипи:
ФК Работнички К., ФК Вардар, ФК Победа, ФК Беласица, ФК Брегалница К. и ФК Силекс.
Лиценцната комисија поради неисполнување на А и Б критериуми , дефинирани во правилникот за лиценцирање одлучи да не издаде лиценца на следните клубови: ФК Цементарница, ФК Башкими, ФК Маџари С. и ФК Слога Југамагнат.
Клубовите незадоволни од донесените одлуки на комисијата за лиценцирање согласно постапката имаат право на жалба до Комисијата за жалби за лиценцирање во рок од 5 дена од денот на приемот на одлуката.

I think this is for next year so it looks like Cementarnica,Bashkimi,Madzari and Sloga won't be playing in Europe even if they do good, unless they object and file a grievance or something but i don't know whats going on how could Cementarnica not be given a licenca when they have played in Europe before and same with Sloga Jugomagnat :confused:
 

·
Registered
Joined
·
27,119 Posts
Discussion Starter #2
Комисија за лиценцирање при ФФМ
Четири клуба не добија лиценца

Поради неисполување на А и Б критериумите дефинирани во Правилникот за лиценирање, Комисијата за лиценцирање при ФФМ одлучи на фудбалските прволигаши: Цементарница 55, Слога Југомагнат, Маџари Солидарност и на Башкими да не им издаде лиценца за учество во натпреварите во организација на УЕФА за натпреварувачкат сезона 2005/2006. Со лиценца се стекнаа: Вардар, Работнички Кометал, Победа, Силекс, Беласица ГЦ и Брегалница. Иако никој од членовите на Комисијата не сакаше да потврди, сепак главна причина за одбивање на барањето од четирите клуба е неисполување на финансискиот критериум.Според еден од членовите на овој критериум е клубовите на своите фудбалери да мора да им плаќаат здравствено и пензиско осигурување.Интересно е што меѓу одбиените се и двата полуфиналисти од Купот, Башкими и Маџари Солидарност, со што се нарушува регуларноста на натпреварувањето. Имено, ако еден од овие две екипи го освојат Купот нема да имаат право да се натпреваруваат на меѓународна сцена, со што се намалува нивниот мотив. Што се однесува до третиот полуфиналист, второлигашот Турново, според Правилникот за лиценцирање, критериумте за клубовите од Втората лига се многу полибарални, па така тој ќе може дополнително да се стекне со лиценца.Клубовите кои беа одбиени и се незадоволни од донесената одлука на Комисијата за лиценцирање имаат право на жалба во рок од пет дена по приемот на одлуката.
 

·
Registered
Joined
·
27,119 Posts
Discussion Starter #3
Џабе везат два полуфиналисти на Купот

Националниот фудбалски куп на Македонија во голема мера ќе ја загуби регуларноста откако два од четирите полуфиналисти не ги исполнуваат условите за добивање лиценца за настап во куповите на УЕФА. Башкими и Маџари не добија право за настап во Европа, па оттаму и нема да имаат мотив (освен спортскиот) да се пласираат во финалето на Купот, чиј освојувач ќе игра во квалификациите за Купот на УЕФА.

Пред реванш-средбите од полуфиналето во мај, во кои Маџари има предност од 1-0 со Турново, а Башкими има иста таква негатива од дуелот со Силекс, во голема мера е нарушена регуларноста на натпреварувањето. Четвртиот полуфиналист Силекс доби лиценца за настап, а за Турново, како второлигаш, лиценцирањето ќе почне дополнително и со поинаква процедура, ако избори место за Европа. Покрај Маџари и Башкими, лиценци за настап во Европа не добија ниту Слога Југомагнат ниту Цементарница 55.

По првата полуфинална средба во Маџари, домашната екипа ги обвини гостите дека се обиделе да поткупат одредени играчи за да се пласираат во финалето. По вчерашната одлука на лиценцната комисија, Маџари попусто ќе игра за пласман во финалето, зашто не може да игра во Купот на УЕФА, а истото важи и за Башкими.

Според штурото соопштение на од Комисијата за лиценцирање на ФФМ, од десетте клуба што побараа лиценци, четири екипи не добиле поради тоа што не исполнуваат А- и Б-критериуми пропишани со правилникот. Работнички Кометал, Вардар, Победа, Беласица, Брегалница К. и Силекс ги исполнуваат правилата и можат да настапуваат во Европа. Претходно, од трката по лиценци однапред се откажаа Напредок и Шкендија 79.
 

·
Registered
Joined
·
14,901 Posts
***ing UEFA ***ing UEFA !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! :frustrat: :frustrat: :frustrat: :frustrat: :frustrat: :frustrat: :frustrat:

Is it ban only for one season, or for all time ??? :dazed: :dazed: :dazed: :dazed: :dazed:
 

·
Registered
Joined
·
27,119 Posts
Discussion Starter #5
Poland-Cement said:
***ing UEFA ***ing UEFA !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! :frustrat: :frustrat: :frustrat: :frustrat: :frustrat: :frustrat: :frustrat:

Is it ban only for one season, or for all time ??? :dazed: :dazed: :dazed: :dazed: :dazed:
I'm not sure exactly for how long but they didn't get a licenca for the 2005/2006 season so im guessing until they get one again they wont be playing in Europe which is total bullshit i never knew a stupid rule like this existed but it makes our Cup matches seem irrelevant now because from the 4 teams left only Sileks can play in Europe :irritate: :wallbang:
 

·
Registered
Joined
·
69,536 Posts
same thing happened with Osijek last season, if you don't have a license you can't play in Europe for that season, its not a life ban
 

·
Registered
Joined
·
27,119 Posts
Discussion Starter #7
HajdukSplit said:
same thing happened with Osijek last season, if you don't have a license you can't play in Europe for that season, its not a life ban
So why didn't they get a license? is it too expensive or did they just not wanna play in europe because of all the money they would have had to spend?
 

·
Registered
Joined
·
69,536 Posts
Osijek were near bankrupt, they couldn't even afford to pay for their electric bill. They were very close to being relegated to the fourth division which is a reason why many players were sold for not for much.
 

·
Registered
Joined
·
14,901 Posts
Well, the fact is also that Cementarnica has no good stadium and had huge financial problems this winter and sold many players :wallbang:
 

·
Registered
Joined
·
14,901 Posts
Ambis said:
now because from the 4 teams left only Sileks can play in Europe :irritate: :wallbang:
How about Turnovo ? :D
 

·
Registered
Joined
·
14,901 Posts
bafca ??? :confused:
 

·
Registered
Joined
·
27,119 Posts
Discussion Starter #15
Откако пофиналистите на Купот не добија лиценца од УЕФА
Силекс на чекор до излез на меѓународната сцена

На полуфиналистот на фудбалскиот куп, прволигашот Силекс доволно му е второлигашот Турново да биде елиминиран од Маџари Солидарност во полуфиналето и со тоа тој веќе да избори пласман во квалификациите за Купот на УЕФА. Ова е епилог по завчерашната одлука на Комисијата за лиценцирање да не им додели лиценца за излез на меѓународна сцена на: Маџари Солидарност, Башкими, Цементарница 55 и на Слога Југомагнат. Турново ќе може да аплицира за лиценца дури ако го освои Купот, по што многу ќе биде олеснета процедурата за нејзино издавање, бидејќи УЕФА е попустлива кон аматерските клубови. Веќе е сигурно дека четирите одбиени клуба паднале поради неисполнување на финансискиот критерим. Според него, клубот треба да има пријавено жиро-сметка преку која месечно би се направил обрт од околу 200.000 денари и да има минимум шестмина запослени. Се мисли на најмлаку тројца вработени во канцеларијата на клубот и тројца фудбалери, на кои редовно би им се исплаќало здравствено и пензиско осигрување.Интересно е што прволигашот Шкендија 79, иако има шанса да избори место на табелата што води во еден од куповите нема да има право на настап на меѓународна сцена. Имено, тетовци не аплицираа за добивање лиценца на УЕФА, иако за нејзино барање требаше да издвојат само 250 евра.
 

·
Registered
Joined
·
27,119 Posts
Discussion Starter #16
Интересно е што прволигашот Шкендија 79, иако има шанса да избори место на табелата што води во еден од куповите нема да има право на настап на меѓународна сцена. Имено, тетовци не аплицираа за добивање лиценца на УЕФА, иако за нејзино барање требаше да издвојат само 250 евра.
I can't believe this :wth: all Shkendija had to do is pay 250 euros and they would have got a license to play in Europe but they didn't do it what the hell is the Shkendija owner thinking??? is his team playing in prva liga for nothing... :eek:
 

·
Registered
Joined
·
27,119 Posts
Discussion Starter #17
Условите за лиценцирање на Турново се чекаат од Нион

УЕФА ќе го извести ФФМ кои услови треба да ги исполни второлигашот Турново за да добие лиценца за меѓународен настап, ако го обезбеди преку домашното куп-натпреварување, каде што стигна до полуфиналето. Второлигашот Турново го запази рокот - 15 април, за да се пријави за вонредното лиценцирање што ќе го направи администрацијата на ФФМ.За ова лиценцирање не важат критериумите според кои им беа одобрени лиценци за настап на меѓународната клупска сезона на шест од десетте пријавени прволигаши: Работнички Кометал, Вардар, Победа, Силекс, Беласица и Брегалница Краун.Меѓу четирите екипи што не ги исполниле бараните критериуми се наоѓаат полуфиналистите од фудбалскиот Куп на Македонија, Маџари Солидарност и Башкими. Тие најавија жалби на првостепената одлука. Конечниот збор околу приговорите треба да биде соопштен на 30 април. Доколку не бидат прифатени забелешките, на европската виза преку домашниот куп ќе и се радуваат, пред одигрувањето на реванш-полуфиналните средби на 4 мај, Силекс и дополнително пријавениот за лиценцирање Турново.

So it looks like Turnovo might get a license after all :rollani:
 

·
Registered
Joined
·
14,901 Posts
Ridiculos :frustrat: Turnovo can get the licence but Cementarnica not :rollani: :fero:
 

·
Registered
Joined
·
2,694 Posts
:wallbang: i'll contact my friends and cousins this summer, maybe my FK Mornar Radozda club may get a uefa license too if i help them paying 250 euros...
 
1 - 20 of 22 Posts
Top