Xtratime Community banner

1 - 5 of 5 Posts

·
Registered
Joined
·
27,119 Posts
Discussion Starter #1
Потпишана е декларацијата за брендирање

Потпишана е декларацијата за брендирање на спортот во Македонија

Македонија има свој идентитет како држава. Македонија има идентитет како народ. Македонија има потреба од идентитет во спортот. Ова е појдовната точка на декларацијата за брендирање на националните спортски репрезентации на Македонија, што ја потпишаа претставници на големите спортски федерации, во рамките на МКспортид, новиот проект на агенцијата ИД Македонија.
Во неа се согласуваат дека треба да се роди нов визуелен идентитет на македонскиот спорт - уникатен, препознатлив, различен, единствен, македонски. Решението што ќе биде избрано на конкурс, треба да биде незаменлив детаљ на секое спортско презентирање на нашата земја во странство.
„Основна цел на овој проект е брендирање на македонскиот спорт како достоен репрезент на македонската држава. Преку брендирањето на македонскиот спорт ќе се постигне презентирање на македонскиот идентитет, односно брендирањето ќе ги идентифицира, промовира и ќе постигне ефект на претпознатливост и препознавање на македонската држава пред светот“, изјави Марјан Цветковски.
„Организираниот настап на македонскиот спорт излезе преку претпознатливоста на спортската опрема и на придружните рекламни материјали, што се потребни на една спортска репрезентација на едно спортско натпреварување ќе допринесе за промоција на Македонија за својот пат кон европската унија“, рече Марјан Цветковски.
„Исто така со брендирањето, односно истакнувањето на националниот идентитет ќе се зајакне и чувството на националната припадност, самоувереност, самодоверба и гордост“, кажа Цветковски.
„Избраното решение за конкурсот треба да стане без сомнение најакиот македонски бренд. Решението практично треба да биде незаменлив детаљ на секое презентирање на нашата земја во странство“, додаде Марјан Цветковски.

http://www.a1.com.mk/vesti/sport.asp?VestID=70819

So mislite za ova? i hope it happens...
 

·
Registered
Joined
·
6,089 Posts
ефект на претпознатливост и препознавање на македонската држава пред светот“, изјави Марјан согласуваат дека треба да се роди нов визуелен идентитет на македонскиот спорт - уникатен, препознатлив, различен, единствен, македонски. Решението што ќе биде избрано на конкурс,

Македонија за својот пат кон европската унија“, рече Марјан Цветковски.
„Исто така со брендирањето, односно истакнувањето. Вы можете перевести это пожалуйста?
 
1 - 5 of 5 Posts
Top