Xtratime Community banner

1 - 20 of 20 Posts
U

·
Guest
Joined
·
0 Posts
Discussion Starter #1
Македонија ќе добие стадион со 36.000 седишта

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=870&ArticleID=57825

ВЛАДАТА РЕШИ ДА ГО ДОГРАДИ ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО СКОПЈЕ
Македонија ќе добие стадион со 36.000 седишта

Александра Мазнева-Бундалевска

Ако се запазат идеалните рокови, Македонија може за три-четири години да добие сосема обновен Градски стадион во Скопје, со капацитет до 36.000 седишта и со огромен деловен и друг корисен простор под новите идни трибини - исток, запад и север.

Неодамна Владата на Република Македонија донесе одлука стадионот во Градскиот парк во Скопје да се догради и да се даде под концесија. Но, за изработката на студијата за оправданост, распишувањето јавен тендер, отворањето на понудите на тендерот, па евентуалното поништување на тендерот (ако има жалби), ќе поминат најмалку шест месеци до една година, кога би можело да почне да се доградува Градскиот стадион во Скопје.

Ветон Ибраими, портпаролот на Владата, не сакаше многу да објаснува за последната одлука на Владата и изјави дека Министерството за транспорт и врски е задолжено да ја изработи студијата за оправданост.

- Потоа таа студија ќе се разгледува и врз нејзина основа ќе се распишува јавен тендер за изведувачот - изјави Ибраими.

Од Министерството за транспорт и врски, иако побаравме одговор на неколку прашања, не добивме појаснувања за тоа колку време е потребно за изработка на студијата, колку ќе се добие деловен простор со доизградбата, ниту, пак, за тоа дали во Министерството имаат алтернативно решение за изградба на нов стадион или, пак, мора да се догради Градски.

Според информации на „Време“, проектот би чинел меѓу 14 и 16 милиони евра. Таков проект, неофицијално, веќе има изработено градежното претпријатие „Бетон“ и, според него, на Градски ќе има меѓу 32 и 36 илјади седишта. Моментно на најголемиот стадион во државата има 18 столчиња.

Според планот, како што дознаваме, треба да се доизградат трите трибини (север, исток и запад) и секоја од нив би му се дала на различен концесионер. Со доградба, само на северната трибина, би се добиле најмалку 20 илјади квадратни метри деловен простор. Засега таков комерцијален простор има само под јужната трибина, кој е во сопственост на фирмата „Силекс“, каде што е сместена, меѓу другите, и телевизијата Сител.

Ако се доградуваат трите трибини, тогаш, според тој план, ќе се извади атлетската патека, ќе се помести теренот кон јужната трибина и ќе се гради нагоре. Стадионот би требало да биде чисто фудбалски.

Градскиот стадион е во сопственост на државата. Со него стопанисува Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП). Услугите на Градски најмногу ги користат фудбалерите, а поретко атлетичарите. На овој стадион своите првенствени натпревари од домашното првенство, како и од еврокуповите, ги играат Вардар и Работнички Кометал, кои плаќаат за услугите. Настапи во еврокуповите имаат и другите македонски екипи, затоа што Градски одговара на условите на УЕФА.







ФФМ сака да биде концесионер

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) пред три години, кога Македонија првпат ја пречека Англија во квалификациите, во стадионот вложи 350 илјади евра во столчиња со потпирки, рефлектори, клозети... Со тоа ФФМ доби право да го изнајмува до 2011 година, што значи не плаќа за настапите на репрезентацијата.

- Федерацијата е заинтересирана да биде еден од концесионерите. Уште пред три години делегација на ФФМ беше на преговори со тогашната влада за ФФМ да добие договор за концесија. Од тоа досега нема ништо. „Куќата на фудбалот“ се уште е заинтересирана и би го изградила со пари од Европската фудбалска унија (УЕФА), која има проекти за развој на стадионите. Буџетот би се составил со парите од УЕФА, околу 50 отсто од сумата, а остатокот од Владата и од ФФМ - изјави Зоран Николовски, портпарол на ФФМ.
 

·
Registered
Joined
·
862 Posts
Tolku pati e zboreno za ova pisuvano po vesnici, pa zatoa ne mi zameruvajte ako ne go svatam seriozno.

Istoto go pisuvase vo Utrinski pred edno 6-7 meseci.
 

·
Registered
Joined
·
1,290 Posts
Harry Potter said:
Jas prv pat citam vakvo nesto i zatoa veruvam deka e seriozno. Odlicen proekts, samo neka go izgradat so poberzo!
Bolje so tie pari da se dogradat stadionite vo Bitola, Stip, Tetovo, Strumica, Kocani, Prilep.
Ne gledam pricina da se gradi tolkav stadion koga ni ovoj ne moze da se ispolni. Podobro da go sredat eneterierot na gradski. Poveke WC, ama da gi cistat kako doma sto gi cistat, novi vlezovi da se otvorat, nov semarov, video bim i slicno.
 
U

·
Guest
Joined
·
0 Posts
Discussion Starter #5
Ali ne znam sto ke nie stadion od 36.000 gledaci ??? toj moze ednistveno da se ispolni koaga igra Makedonija protiv nekoj golem nacionelen tim (dodeka ne se kartite 2000 denari) ili dodeka igra nasha ekipa vo CL grupi, ili ako dojdi nekoj golem Muzicar vo Makedonija sto ke drzi konsert.....

Za tri pati godoshno ne ni treba takov stadion spored mene... Sea site si imat pravo za svoja misla pa mozebi povejketo se pozitivni...
 

·
Registered
Joined
·
1,290 Posts
Ne me svakajte pogresno, veruvam deka gradski treba da sredi, ama da si ima kapacitet od 36000 gledaci, toa se uste 2,5 i juzni. Spored mene prvin da se rusi severina, za da severna dobie izgled na juzna, zasto ak severina sedi taka, nema da se bide vo moznost da se izgradi severna. a istocna i zpadna treba da se sredat, no da si bidat so ovoj kapacitet, no treba da se na povisoko nivo podignati.
 
U

·
Guest
Joined
·
0 Posts
Discussion Starter #7
Edinstveno mozat dvata krivulja da se krenat, dedeka ke smeta Zgradata sto se pravi zad Gratski,,, Ne znam dali moze toj del da se kreni poradi Zgradata ???
 

·
Registered
Joined
·
413 Posts
Jas sum za da sredat enterierot na gratski da lici na moderen stadion, otkolku da se davaat pari za tribini koi mnogu, mnogu retko kje se ispolnat.
 

·
Expecto patronum!
Joined
·
13,563 Posts
Naum said:
Edinstveno mozat dvata krivulja da se krenat, dedeka ke smeta Zgradata sto se pravi zad Gratski,,, Ne znam dali moze toj del da se kreni poradi Zgradata ???

Zgradata ne e tolku blisku do tribinata kako so izglea od sliki, ima dobar prostor megu niv i nema da bide problem i sever da se izdigne.
 

·
Registered
Joined
·
862 Posts
Harry Potter said:
Zgradata ne e tolku blisku do tribinata kako so izglea od sliki, ima dobar prostor megu niv i nema da bide problem i sever da se izdigne.
Vo pravo si Harry, i po vesnici pisuvase deka moze da se digne severna, samo i toa kako ke im go unisti pogledot na lugeno vo zgradata, ama koga ke ima natprevar kakva atmosfera ke imaat doma:thumbsup: .

Od seto toa sto se pisuvase e deka najmnogu ke se dograduva Gradski zaradi delovniot prostor, poradi toa sto e na mnogu ubava lokacija, ama ako go doizgradat kako sto treba ima da gi unistat pomosnite tereni, a niv gi nemame mnogu.
 

·
Registered
Joined
·
960 Posts
Naum said:
Ali ne znam sto ke nie stadion od 36.000 gledaci ??? toj moze ednistveno da se ispolni koaga igra Makedonija protiv nekoj golem nacionelen tim (dodeka ne se kartite 2000 denari) ili dodeka igra nasha ekipa vo CL grupi, ili ako dojdi nekoj golem Muzicar vo Makedonija sto ke drzi konsert.....

Za tri pati godoshno ne ni treba takov stadion spored mene... Sea site si imat pravo za svoja misla pa mozebi povejketo se pozitivni...
Pao toa rabotava, tie planira za poposle. Ajde da kazime Rabotnicki ke velgoja vo LS. Ne smeaa da igra vo Skopje deka ne je UEFA-Standart
 
U

·
Guest
Joined
·
0 Posts
Discussion Starter #13
Ma, mene ne mi e jasno kako moze nekoj so bruka stadioni da dobiat dozvola a nie ne ? stadionite vo Bukarest i Sofia se napraveni pred 30-40 godini...

Jas ne sum siguren dali smeet da se digne svever, mislam zakonski ??? treba da ima edna vrsta metraza izmejgu zgradata i trebinata... A posle e i pogledot vo prashanje, koj bi sakal da ima beton pred prozorot ?
 

·
Registered
Joined
·
1,290 Posts
Naum said:
Ma, mene ne mi e jasno kako moze nekoj so bruka stadioni da dobiat dozvola a nie ne ? stadionite vo Bukarest i Sofia se napraveni pred 30-40 godini...
Za vo Sofia si pravo, Makedonija-Loko vo Bugarija se igrase na stadionot na CSKA, i moram da kazam deka stadionot e katastrofa. Sum bil i na Loko stadionot, i mnogu e podobar, pred se mislam arhitekturata mu e super, samo sto nema tribini od site strani.

Naum said:
Jas ne sum siguren dali smeet da se digne svever, mislam zakonski ??? treba da ima edna vrsta metraza izmejgu zgradata i trebinata... A posle e i pogledot vo prashanje, koj bi sakal da ima beton pred prozorot ?
Sepak ne zaboravaj, ova e Makedonija.
 
U

·
Guest
Joined
·
0 Posts
Discussion Starter #15
Solun said:
Za vo Sofia si pravo, Makedonija-Loko vo Bugarija se igrase na stadionot na CSKA, i moram da kazam deka stadionot e katastrofa. Sum bil i na Loko stadionot, i mnogu e podobar, pred se mislam arhitekturata mu e super, samo sto nema tribini od site strani.


Sepak ne zaboravaj, ova e Makedonija.
CSKA Sofija - Balgarska Armiya Stadion: Built 1951
Levski Sofija - Sofia Georgi Asparoukhov: Built 1963
Lokomotiv Sofija - Stadion Lokomotiv Stadion: Built 1985

Dinamo Bucuresti - Stadionul Dinamo: Built 1956
Steaua Bucuresti - Stadionul Lia Manoliu: Built 1953
Rapid - Stadionul V. Stãnescu: Built 1923

Stadionot na loko e samo 11 godini star no ne e do napraven




Sepak ne zaboravaj, ova e Makedonija
E toa da
 

·
Registered
Joined
·
2,860 Posts
Naum said:
Edinstveno mozat dvata krivulja da se krenat, dedeka ke smeta Zgradata sto se pravi zad Gratski,,, Ne znam dali moze toj del da se kreni poradi Zgradata ???
Во текстот горе убаво пишува. Стадионот ќе нема атлетска патека, па така теренот ќе се помести кон јужна и со тоа ќе се направи место за северна. Така да зградата позади јужна не е воопшто проблем. Ако ова се направи тогаш Македонија ќе добие уште попеколна арена. Теренот ќе биде многу поблиску до гледалиштата (ќе ја нема патека) со тоа за гостинските екипи ќе биде прав пекол на Градски
 

·
Registered
Joined
·
230 Posts
While were on the request list, Pelister, Pobeda, Belasica, Stip, Ohrid, and Mala Prespa, that would be sourted out by Tirana of course. Yeh?
Benny said:
We need one in Tetova too. :D We'll settle for a 25,000 seater although we do have more people in the stadiums. :D
 
1 - 20 of 20 Posts
Top