Xtratime Community banner

1 - 2 of 2 Posts
U

·
Guest
Joined
·
0 Posts
Discussion Starter #1
Македонија е гладна за фан-шопови

Тепачка за дресовите на Пандев, Стефанов, Лазаров, Кастратовиќ...

Во Македонија секогаш има спортисти чии настапи се следат со будно око на јавноста, а кои истовремено се идоли на илјадници млади навивачи. Тешко е да се поверува дека нема да се создаде јагма за дресовите со бројот 19 на еден Горан Пандев, потоа „четворката“ на Врбица Стефанов, „седумката“ на Кире Казаров, „тројката“ на Индира Кастратовиќ и на уште многу други познати и признаени спортисти од Македонија. Само е потребно да се отвори место каде што ќе се продаваат оригинални дресови на нашите познати асови.


НЕМА КАДЕ ДА СЕ КУПИ ОРИГИНАЛЕН ДРЕС
Македонија е гладна за фан-шопови

Игор Крстевски

Вистинска убавина за секое око беше глетката на Северната трибина од „Градскиот стадион“ во Скопје на синоќешната средба помеѓу фудбалските репрезентации на Македонија и на Англија. На трибината имаше речиси 3.000 навивачи на англиската национална селекција, а речиси сите беа во идентични дресови како и нивните миленици на теренот. Така е на секој меч на оваа репрезентација, бидејќи работа на основна навивачка култура кај секој навивач од Англија е да се поседува опрема на својата репрезентација и на клубот за кој се навива.

На другите три трибини на „Градски стадион“ имаше многу повеќе навивачи на Македонија, но само неколку десетици од нив носеа дресови на нашата репрезентација. Станува збор за навивачи што дресовите ги добиле на подарок од самите фудбалери бидејќи во нашата држава не постои место каде што обичен смртник би можел да купи опрема идентична на своите миленици што ги бранат боите на нашата земја на тревниот терен.

Ваквата ситуација не е само во фудбалот. Исто е и во другите спортови, како кошарката, ракометот, одбојката... Никој досега не се сети да се обиде да дојде до одредени пари преку отворање таканаречени фан-шопови со реквизити на домашните клубови и на нашите репрезентации.

Македонската престолнина по ова прашање е далеку зад другите. Продавници со навивачки реквизити има речиси во секој поголем европски град во кој има клуб со подолга традиција и со своја армија навивачи. Такво нешто има во Белград, Софија, Загреб, Љубљана, а да не зборуваме за поголемите градови на Стариот континент, како Барселона, Мадрид, Рим, Милано, Берлин, Минхен, Лондон, Манчестер... Секој што сака може да дојде до дресови на Црвена звезда, Партизан, Динамо Загреб, Хајдук, Цибона, Олимпија, Барселона, Реал Мадрид, Милан, Интер, Челси, Манчестер јунајтед, Арсенал, Баерн и на соодветните репрезентации...

Но, ваквата привилегија не уживаат навивачите на репрезентацијата на Македонија во сите спортови, како и клупските обожаватели во сите спортови. Најголема болка на секој од навивачите на овие спортски колективи е што не може да дојде до дрес на своите идоли.

Поради тоа, со нетрпение се чека крајот на сезоната кога нивните миленици ги фрлаат дресовите во публика. Десетина најсилни ќе дојдат до драгоценото парче од опремата, а другите, оние послабите и понеснаодливите, ќе чекаат некоја наредна шанса.

Спортскиот маркетинг е научна дисциплина, која одамна се изучува на образовните институции во поразвиените држави. Таа полека навлегува и во нашата држава. Надежите се дека најпосле некому ќе му текне да ги примени веќе добиените знаења и кај нас и дека еден од изворите на приходи на спортските колективи ќе биде преку продажба на опрема, навивачки реквизите и на други сувенири во боите и со логото на клубот.

Интерес има. Треба некој само да го направи првиот чекор.



Тепачка за дресовите на Пандев, Стефанов, Лазаров, Кастратовиќ...

Во Македонија секогаш има спортисти чии настапи се следат со будно око на јавноста, а кои истовремено се идоли на илјадници млади навивачи. Тешко е да се поверува дека нема да се создаде јагма за дресовите со бројот 19 на еден Горан Пандев, потоа „четворката“ на Врбица Стефанов, „седумката“ на Кире Казаров, „тројката“ на Индора Кастратовиќ и на уште многу други познати и признаени спортисти од Македонија. Само е потребно да се отвори место каде што ќе се продаваат оригинални дресови на нашите познати асови.




http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=853&ArticleID=56645
 

·
Registered
Joined
·
960 Posts
Da, Da...jas i bratmi se skapav barajne dresoj od Makedonska Representacija i od Pobeda Prilep, mnogu retko se najduva originalni dresoj, pa sega bidejki dresojte se so imijna i mosebi da se sluci istorija vo Makfudbalon vo ovaj qualifikacki ziklus, zato uste tolku gi sakam novite dresoj.

Mislam treba da se odvori nesto kako officialen Puma Shop ili FFM-Shop, samo so fudbalski dresoj od mak-prvenstvo i od mak-representacija, a uste po ubavo: eden golem Sport shop so 2-3 sprata, ke imase dresoj i od fudbal, rakomet, kosarka i taka na tamu.

Edno e da se otvori takva prodavnica, drugo e da se kupi. Originalite dresoj se okolu 50€ ili po skapi, a eden makedonec so 200€-Plata, pa ne je budal da kupi edna maica za 50€ - 60€, poarno ke si kupi nekoj duplikat za 15-20€. Sigurno ke se prodava minimalno 100 takvi dresoj po godina. Makedonci sto se od stransvo ili drugi stranci kako anglicanite na primer ke gi kupa. Ama ako ke se otvora takvi prodavnici, ke se otvora samo vo Skopje, a ne se site Makedonci od Skopje i isto taka (makedonskite) strancite ne ze samo vo Skopje..

Pa aj ke vidime sto ke se sluci...
 
1 - 2 of 2 Posts
Top