Moment of Truth: Makedonski Sport's interview with FIFA/UEFA: - Xtratime Community
 
LinkBack Thread Tools Display Modes
post #1 of 7 (permalink) Old July 10th, 2007, 14:17 Thread Starter
Xtratime Legend
 
Join Date: 08 2004
Posts: 27,119
Moment of Truth: Makedonski Sport's interview with FIFA/UEFA:


"МАКЕДОНСКИ СПОРТ" НА РАЗГОВОР СО ВИСОКИТЕ ГОСТИ ОД ФИФА И УЕФА ЗА ВРЕМЕ НА ПОСЕТАТА НА ФФМ


Џејкоб Ерл: "Заклучокот по оваа наша посета е дека мора да дојдеме до заедничко решение за враќање на единството во македонскиот фудбал. Без тоа нема иднина. Затоа ова е моментот кога и двете страни треба да се 'оладат' и да се продолжи да се развива фудбалот, но само како семејство а никако поделени на два дела. Не сме тука да диктираме услови, да доминираме, да се закануваме, но само да се обидиме да ги наведеме двете страни кон едно логично размислување да создадат најпрво во овој момент стабилност а потоа и обединување на фудбалската фамилија".

Македонски Спорт (М.С): И на прес-конференцијата го слушнавме вашето мислење како претставници на ФИФА и УЕФА, но искрено ме интересира мислењето како индивидуи, согласно досегашното ваше работно искуство, кое е решението на оваа ситуација во Македонија?

Џером Шампањ: "Се додека се снима не би зборувал како индивидуалец но само како официјален претставник на ФИФА. Но, би повторил дека останувам на тоа дека решение на проблемите се само во повторното единство. Јас би ја пренел и оваа порака. Имаме 208 земји членки на ФИФА, 53 во Европа, имаме 3600 клубови само од Први лиги во светот. Незадоволство има насекаде, и што би се случило доколку дозволиме да се случува раздор во Федерациите без наша контрола. Ние мора да ги браниме своите принципи и политика, а дефинитивно не да браниме индивидуи".

М. С: Сте имале ли некои слични ситуации на оваа во Македониија?

Шампањ: "Да. На пример во Габон или пак во Танзанија и Етиопија. Но, главно мора да признаам дека Владата е вклучена во тие процеси. Не сме наивни, знаеме дека во позадина се вклучени многу политички или економски желби во борбата за власт во фудбалот".

М. С: Малку ми се смешни господине Шампањ вашите споредби на Македонија со Габон, Етиопија или Танзанија(!?). Сепак Македонија е во срцето на Европа, пред вратите на Европската Унија и НАТО, земја со јасно прокламирани демократски норми, закони и правила. Од друга страна во тие земји кои ги спомнавте биле вклучени Владите, а овде на прес-конференцијата истакнавте дека сте среќни што во Македонија не е инволвирана Владата на РМ.

Шампањ: "Не е, но Владата на Македонија беше вклучена во обидот за менување на Хаџи-Ристески".

М. С: Сега, е или не е инволвирана?

Шампањ: "Сега мислам дека веќе не е. Се разбира не може од фудбалот да ги исклучите политичарите, или да го поделите на социјална, етничка или верска основа затоа што фудбалот им припаѓа на сите. Но не смееме да дозволиме политизација на фудбалот. Не сме наивни, знаеме дека тука има работи и од типот на тоа јас сум сопственик на медиумска групација, јас имам моќ и морам да бидам во фудбалот...".

М. С: Сепак, по оваа посета, веројатно и вам ви е многу повеќе јасно дека нашиот фудбал дефинитивно е поделен. Не поделен во смисла на две групации околу Божиновски и Хаџи-Ристески, но поделени се вработените во стручните служби на ФФМ, поделени се делегатите во Собранието на ФФМ, поделени се клубовите, поделени се навивачите, значи буквално на сите нивоа. А, за жал тоа не е од сега од јануари 2007 кога вие почнавте да го следите проблемот, но многу претходно под раководењето на Хаџи-Ристески. Друго прашање е зошто тоа некој уште многу порано не се обидел да го спречи. Во Македонија не е проблемот во мешањето на Владата, затоа што бидете сигурно дека и покрај тоа што имаме млада парламентарна демократија веќе на сите домашни политички партии и нивните лидери им е повеќе од јасно дека не може да се мешаат во фудбалот...

Ерл: "Навистина низ ова ваше мислење го покренувате најважното прашање во моментов. Затоа потребен е еден период на мир во кој треба да ја вратиме довербата во фудбалот. Сегашната атмосфера на неединство, на постојан сомнеж не допринесува за надминување на проблемите. Замислете колку некој во моментов може да раководи со ФФМ кога не знае кој е со него, а кој против него. Вашата констатација е многу важна и сигурно и ние тоа најмногу ќе го разгледаме. Нема да биде лесно да се врати единството, но се е можно. Моја одговорност е да дојдам тука и да се обидам да ги составам двете страни заедно. Вака, ниту Хаџи-Ристески е победник ниту пак Божиновски, а македонскиот фудбал е губитник. Тоа е реалноста. Сега е потребна стабилност извесен период, а потоа на легитимно Генерално Собрание да победат демократските правила".

М. С: Настојувате да се почитуваат демократските правила а некој во ФФМ упорно не ни помислува да го почитува Статутот на федерацијата. Беа покренати иницијативи на барање на повеќе од осум Општински фудбалски сојузи за свикување на Собрание, но тие ад-хок се одбиваат од Хаџи-Ристески и УО. Па ако веднаш се одбива било каква иницијатива, тогаш која е процедурата искрениот фудбалски вљубеник овде да дојде до Собрание на кое отворено, а не со забрана за излегување на говорница, да дискутира за сите проблеми?

Шампањ: "Не е се така црно-бело. На луѓето од Иницијативниот одбор уште во март им рековме. Добро, ја знаеме ситуацијата. Запрете со одржување на Собранија. Ќе дојдеме, ќе разговараме и ќе најдеме заедничко решение. Но, не им беше грижа, продолжија со својата работа. Му реков на господинот Божиновски: 'Господине Божиновски кажете ми како човек на човек дали го прочитавте и дали сте свесни за комуникето на ФИФА од 22 март во кое најавивме суспензија. Ми рече да го знам, но и покрај тоа продолжија со своите активности. Директно и Мишел Платини во разговорот со Дарко Панчев му порача да се прекине со активностите и ќе ги решиме проблемите. Не не послушаа, и дојдовме до оваа ситуација во која сега мора се од почеток".

М. С: Но, можеби немаше сега да бидеме на почеток доколку Хаџи-Ристески и УО на ФФМ не го сокриеја писмото од 10 мај во кое вие препорачувавте организирање на заедничко Собрание за надминување на проблемите.

Шампањ: "Затоа сме тука за да прибереме информации буквално за се. Не сме наивни. Знаеме дека постојат проблемите, знаеме дека не е се идеално во оваа федерација, повторувам дека не сме тука да подржиме било кое лице, туку принципи, но знаеме и дека некои луѓе, не велам кои, сакаат проблемите да продолжуваат од некои други причини. Како и да е вистината ќе излезе. А, се согласувам со вас, дека вистината, моралот и чесноста секогаш се најважни..."

М. С: Каква е пораката која им се праќа на младите генерации во Македонија, на актуелните и идните фудбалери со тоа што најпопуларниот спорт го води лице со криминално досие? Хаџи-Ристески има кривична осуда добиена од легитимен Суд на РМ која никогаш не ја негирал, Статутот на ФФМ не го дозволува тоа, а вие можеби на индиректен начин го подржувате тоа.

Ерл: "Најпрво, ние не подржуваме никого. А, второ Хаџи-Ристески беше избран за претседател на ФФМ на легитимно Собрание на кое делегатите знаеле за таа негова осуда и сепак му искажале подршка..."

М. С: Но, тоа е најголемиот проблем. Делегатите на тоа Собрание во мај 2005 воопшто не знаеа за кривичната осуда на Хаџи-Ристески која излезе на виделина една година подоцна.

Ерл: "Сакате да кажете дека ниту еден од делегатите не знаел за тоа?"

М. С: Па дефинитивно никој, што значи дека делегатите се изманипулирани.

Ерл: "Во ред, јас немам увид во таа документација за кривична осуда со која вие располагате, меѓутоа затоа сме тука се да сослушаме по што ќе следат нашите извештаи во УЕФА односно ФИФА".

Шампањ: "Ајде заедно со вас да ги разгледаме проблемите од еден друг аспект. Македонија оваа година одигра извонредни 0:0 на 'Олд Трафорд' со Англија, што е најголемиот успех во нејзината историја..."

М. С: Веднаш би ве прекинал дека Македонија уште од 1995 година па до денес, претходно имала 1:1 со Белгија, 1:1 со Хрватска, 2:2 и 0:0 со Холандија, а и исто така 2:2 со Англија во Саутемптон.

Шампањ: "Добро, малку ме затекнавте, но како и да е, и јас седум години работев како новинар во 'Франс Фудбал', и сега ве прашувам зошто по тие 0:0 на 'Олд Трафорд' не напишавте пофален збор дека тој резултат е заслуга и на Хаџи-Ристески зарада добрата организациска поставеност, а не само на фудбалерите или селекторот?

М. С: Ќе ви одговорам со еден податок. По поразот на Македонија од 157-та земја во светот, Андора, Хаџи-Ристески на првата прес-конференција истакна дека тој не прифаќа никаква одговорност за поразот затоа што фудбалерите се тие кои играат на теренот а стручниот штаб одлучува за изборот на фудбалери и тактиката. Според тој негов принцип, самиот се "лиши" од било какви заслуги за успеси.

Шампањ: "Добро, но знаете дека и мојата Франција забележувала порази од мали селекции".

М. С: Не е проблемот во поразот. Порази секогаш се случувале и ќе се случуваат, меѓутоа постојано да се избегнува одговорност за било што не треба да биде особина на првиот човек на една федерација.

Шампањ: "Но вие како медиум постојано ги потенцирате лошите страни од работата на ова раководство, зошто не ги потенцирате и добрите кои сигурно ги има?"

М. С: Господине Шампањ гледам дека добро сте запознаени со нашиот медиум. Меѓутоа ќе ви дополнам дека 'Македонски спорт' носи секогаш во себе безрезервна подршка за репрезентацијата и нашите фудбалери. Носи секогаш подршка за секој добар проект или напор за поголем успех, меѓутоа никој не може да ни го открадне правото да веруваме во многу поголеми успеси на македонскиот фудбал. Веруваме и знаеме дека мак-фудбалот може многу повеќе од ова во моментов. Ќе се бориме за многу повеќе од 63. место на ФИФА листата, кое толку многу го потенцирате а достигнато е благодарение само на нашите фудбалски интернационалци, затоа што ако нема борба, нема надеж никогаш и нема да има поголем успех. Не знам за вас, но нам и премногу ни тежат празните стадиони, се поголемиот број наместени резултати, и оставените сами на себе фудбалери за кои никој не плаќа придонеси, а ФФМ воопшто не се грижи околу тоа.

М. С: Верувам имињата Андоновски, Нанев, Анастасовски, Јовков не ви значат премногу, можете да ме поправите ако грешам. Но, што ви зборува за вас податокот дека имиња како Панчев, Рингов, Најдоски, Ќириќ, Јаневски, судијата со ваш знак Емил Божиновски, и уште многу други кои нешто значат за македонскиот фудбал се далеку од работата на ФФМ?

Ерл: "Знам на што алудирате, меѓутоа Македонија е млада земја со нова демократија и треба да мине време за да созреат сфаќањата дека фудбалските лица треба да се вклучат во работата".

М. С: Познавам и многу други земји со млада независност кои веќе во голема мера размислуваат на тој начин. Да не одиме предалеку, но ете во Хрватска претседател е поранешниот фудбалер Влатко Марковиќ.

Ерл: "Добро, но и таму верувајте има проблеми".

М. С: Проблеми има секаде, но разликата е како се решаваат.

Шампањ: "Постојано изминатиов период го потенцирате криминалното досие на Хаџи-Ристески..."

М. С: Господине Шампањ, вие сте поранешен новинар, еве, како вие би постапиле доколку имате докази, документи за криминална осуда која директно одлучува околу живеењето на фудбалската федерација? Па, тоа е наше право и пред се обврска пред читателите, фудбалските работници, но и целокупната домашна јавност да укажеме на прекршување на законите.

Шампањ: "Точно е. Тоа секако е ваша обврска и вие мора да ги известувате вашите читатели и никој не може да ви замери околу тоа. Затоа и разговараме сега... Меѓутоа и моја обврска и право е да ги штитам принципите и политиката на ФИФА затоа што во спротивно би настанал вистински хаос. Велите дека делегатите на Собранието во 2005 се изманипулирани од страна на Хаџи-Ристески. Можеби и ние сме изманипулирани. Вие слободно може да пишете дека Шампањ е глуп, дека Хаџи-Ристески манипулира и со него и со ФИФА, меѓутоа моја должност е да ги разгледам сите аспекти на проблемите и, ќе повторам, да ги бранам принципите и политиката на ФИФА".

http://www.sport.com.mk/?ItemID=2DA9...4301DE4C88488E
Ambis is offline  
Sponsored Links
Advertisement
 
post #2 of 7 (permalink) Old July 10th, 2007, 14:23 Thread Starter
Xtratime Legend
 
Join Date: 08 2004
Posts: 27,119
Quote:
Шампањ: "Ајде заедно со вас да ги разгледаме проблемите од еден друг аспект. Македонија оваа година одигра извонредни 0:0 на 'Олд Трафорд' со Англија, што е најголемиот успех во нејзината историја..."

Шампањ: "Добро, малку ме затекнавте, но како и да е, и јас седум години работев како новинар во 'Франс Фудбал', и сега ве прашувам зошто по тие 0:0 на 'Олд Трафорд' не напишавте пофален збор дека тој резултат е заслуга и на Хаџи-Ристески зарада добрата организациска поставеност, а не само на фудбалерите или селекторот?
Koga dava vakov odgovor ovaj stvarno bil glup.
Ambis is offline  
post #3 of 7 (permalink) Old July 10th, 2007, 14:30
Star Player
 
Join Date: 02 2006
Posts: 2,860
Our member Zeko had the chance to be on this conversation and probably the full interview will be published in the next edition of E-Sport

SLBET - Best odds on sport events. Bet on sports with special promotions and play casino and poker with big bonuses. SLBET - Your lucky star
JumboMkd is offline  
 
post #4 of 7 (permalink) Old July 10th, 2007, 15:20
Rising Star
 
setareh's Avatar
 
Join Date: 11 2005
Teams: Macedonia & Crvena Zvezda
Posts: 378
neznaet so da mu odgovorit. Koj znaet kakov ebi veter covek fifa mu imat pusteno ovde vo mkd haha
setareh is offline  
post #5 of 7 (permalink) Old July 10th, 2007, 15:28
Star Player
 
Join Date: 02 2006
Posts: 2,860
Епа не е баш еби-ветар. Едниот порано бил уредник на најпознатото светско списание за фудбал France-Football

SLBET - Best odds on sport events. Bet on sports with special promotions and play casino and poker with big bonuses. SLBET - Your lucky star
JumboMkd is offline  
post #6 of 7 (permalink) Old July 10th, 2007, 16:47
Rising Star
 
setareh's Avatar
 
Join Date: 11 2005
Teams: Macedonia & Crvena Zvezda
Posts: 378
toa mozit, ama vo fifa imat ebi veter funkcija inace ne ke go pustija vo makedonija :P
setareh is offline  
post #7 of 7 (permalink) Old July 12th, 2007, 11:35
Rising Star
 
zEk0's Avatar
 
Join Date: 04 2005
Location: Skopje
Teams: Macedonia NT
Posts: 323
Во следниот број на Еспорт ќе биде објавен целосниот разговор со претставниците на ФИФА и УЕФА. Можам само да ви кажам дека најголемиот дел од разговорот објавен во Македонски Спорт е НЕВИСТИНИТ и ИЗМИСЛИЦА која најверојатно им одговара на уредувачката политика на тој медиум.

Не им се мешам, јас во Еспорт ќе го објавам ОРИГИНАЛНИОТ разговор со Шампањ и Ерл.
zEk0 is offline  
Reply

Quick Reply
Message:
Options

Register Now



In order to be able to post messages on the Xtratime Community forums, you must first register.
Please enter your desired user name, your email address and other required details in the form below.

User Name:
Password
Please enter a password for your user account. Note that passwords are case-sensitive. Try to avoid choosing short (like '1'), simple (like 'abcd') and easy to guess passwords (like a name of your favorite team, player, etc)! Complex and long enough passwords, that consists of random string of alphabet and numerical characters, are almost impossible to be stolen and misused.

Password:


Confirm Password:
Email Address
Please enter a valid email address for yourself.

Email Address:
OR

Log-in











Currently Active Users Viewing This Thread: 1 (0 members and 1 guests)
 
Thread Tools
Show Printable Version Show Printable Version
Email this Page Email this Page
Display Modes
Linear Mode Linear Mode



Posting Rules  
You may post new threads
You may post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off
Trackbacks are On
Pingbacks are On
Refbacks are On

 
For the best viewing experience please update your browser to Google Chrome