Official FK Makedonija G.P. Thread - Xtratime Community
Reply
 
LinkBack Thread Tools Display Modes
post #1 of 225 (permalink) Old March 7th, 2006, 23:10 Thread Starter
Premier Player
 
Iron Lion Zion's Avatar
 
Join Date: 11 2005
Location: Djorche Petrov City
Teams: Makedonija Dj.P. Alumina Skopje,11 Oktomvri Prilep
Posts: 1,290
Official FK Makedonija G.P. Thread

ВО ДЕРБИТО НА КОЛОТО МАКЕДОНИЈА ЃП ПОДОБРА ОД ПОБЕДА САМО ЗА ЕДЕН ГОЛ

Аранитовиќ за три големи бода

* Ѓорчепетровци среќно стигнаа до победата бидејќи пред победничкиот гол прилепчани имаа три стонастотни шанси за гол
18 КОЛО 05.03.2006

МАКЕДОНИЈА ЃП - ПОБЕДА 1:0 (0:0)

Стадион во Ѓорче Петров. Гледачи: 1.000. Главен судија: Илир Сеља. Помошници: Тоде Тикоски и Симон Грданоски ( сите од Струга ) Делегат: Зоран Максимовски ( Тетово )

МАКЕДОНИЈА ЃП:
Симов 2,5
Милосављевиќ 2
Љубисављевиќ 2,5
Џангаровски 2
Јовановски 2
* Митрев 1,5
** Стојановски 2
Брњарчевски 2
Ивановски 2
Димовски 2,5
*** Исмаили 1,5
замени:
60' Аранитовиќ 3
70' Трипуновски 1,5
85' Оквучукву /

ПОБЕДА
2,5 Нурединовски
2 Ѓокиќ
2 Крстески
2,5 Стојковиќ **
2,5 Боиќ
2 Бандулиев
2 Мегленски
1,5 Ристевски *
2,5 Јовановиќ
2,5 Ѓоргиоски
2,5 Емерсон
замени:
1,5 Апостоловски 62'
1,5 Гешоски 68'


од записникот:
Стрелец: Аранитовиќ 85' ( МЃП ) Жолти картони: Стојановски ( МЃП ) Крстески, Јовановиќ ( П )
Играч на натпреварот: Горан Симов ( Македонија ЃП )

Македонија ЃП во дербито на колото успеа со голот во финишот на средбата да стигне до три големи бода против директниот конкурент за пласман во првата тројка на табелата. Ако се резимира целиот меч, прилепчани пропуштија неколку стонастотни шанси, а нивната неефикасност ѓорчепетровци ја казнија со гол во финишот на средбата кој им донесе полн погодок. Сепак, и ѓорчепетровци имаа периоди на добра игра, а најголем "виновник" што мрежата на прилепчани не се затресе беше голманот Нурединовски, кој не дозволи обидите на домашните да завршат во голот. Во финишот на првиот дел по ударот на Ивановски десниот дирек беше сојузник на гостинскиот голман, а пред тоа сите обиди на домашните Нурединовски успеа да ги одбрани. Бразилецот Емерсон беше нерешлива енигма за одбраната на ѓорчепетроци. Тој беше незадржлив во нападот, имаше и неколку убави шанси за гол, но истите не успеа да ги смести во мрежата на расположениот Симов, кој со своите одбрани не дозволи прилепчани да се радуваат. Мора да се напомене дека пред постигнувањето на победничкиот гол Победа имаше иницијатива која им донесе три "зицери", но истите не ги претворија во гол, а непишаното фудбалско правило вели дека кога не се користат шансите следува казна. Таа во финишот стигна преку новото засилување на ѓорчепетровци Аранитопвиќ, кој ја претвори во гол првенец за три големи бода на својата екипа во борбата за висок пласман.

Со триумф на клупата на "лавовите" дебитирае новиот тренер Радмило Иванчевиќ а скопјани со трите бода направија огромна разлика над Победа која сега многу заостанува зад водечките екипи иако тимот од Прилеп вчера докажа дека има силен тим кој може да ги поремети сметките и на големите фаворити. Победа беше блиску до добар резлтат, многупати преку Боиќ и Ѓокиќ од втор план ја разби одбраната на "ѓорчепетровци" но реализацијата беше единствениот проблем кај гостите кои со пора стартуваа во пролениот ел од сезоната.

В. Фотиновски
Г. Бошев

Минута по минута:
7' - Димовски изведе слободен удар од околу дваесетина метри, Нурединовски е на место.
10' - Голем "кикс" на Милосављевиќ, Емерсон избива сам пред голот на домашните, Симов со колена ја одбрани топката и спаси сигирен гол.
17' - Брњарчевски упати центаршут до Ивановски, кој беше сам пред голот, но тој утна цел фудбал.
26' - Соло пробив на Брњарчевски, шутираше откосо од околу петнаесетина метри, Нурединовски брани.
31' - Одличен пробив на Емерсон по десната страна, упати центаршут, Бандулиев ја утна топката, таа стигна до Јовановиќ, од прва шутираше, Симов ја одби, стигна до Ѓоргиоски, но и тој не успеа да го пронајде патот кон мрежата на домашните.
34' - Брњарчевски се обиде да го лобува Нурединовски од околу триесетина метри, безуспешно.
40' - Ивановски откосо од десната страна упати удар, а Нурединовски ја исфрли топката во корнер.
41' - Најзрелата шанса за домашните. Димовски упати удар од околу 25 метри, топката од еден одбранбен играч се одби до Ивановски, кој од десетина метри непречен од никого шутираше во десниот дирек.
56' - Бандулиев одлично го проигра Емерсон, кој повторно изби сам пред голот на Македонија ЃП, но Симов повторно беше на висина на својата задача.
57' - Боиќ од лево го проигра во празно Емерсон во шеснаесетникот, овој упати удар, Симов ја одби, а топката од градите на Бразилецот заврши во гол-аут.
62' - Јовановиќ прекрасно го проига на вториот дирек Ѓокиќ, кој од неколку метри со волеј удар шутираше за малку крај голот на Симов.
78' - Соло продор на Димовски по десната страна, упати центаршут во шеснаесетникот кон Ивановски, но одбраната на гостите реагираше навремено и ја отстрани опасноста.
82' - Брњарчевски нафрли до левата страна, Нурединовски интервенираше неумешно, топката стигна до Јовановски, кој веднаш упати удар со глава, но од пред самата гол линија Мегленски ја исфрли топката во корнер.
84' - Ѓорѓиоски го проигра по десната страна Апостоловски, кој од околу десетина метри непречен од никого шутираше над голот.
1:0 85' - Ивановски од десната страна нафрли во шеснаесетникот на гостите, Крстески ја изби топката, таа дојде до Аранитовиќ, кој од околу дваеетина метри шутираше од прва, прецизно, во долниот десен агол на Нурединовски.
90' +2 - Оквучукву убаво продре по левата страна, нафрли на вториот дирек кон Димовски, кој со волеј удар од неколку метри шутираше непрецизно.

МАКЕДОНИЈА ЃП - ПОБЕДА
14 корнери 4
13/6 удари/во 8/4
21 прекршоци 25
5 офсајди 5
1 ж. картони 2

ХЕРОЈ: ЈОВО АРАНИТОВИЌ
Во 60. минута тренерот Радмило Иванчевиќ го внесе во игра Јово Аранитовиќ. Новото засилување на ѓорчепетровци дебитираше на најдобар можен начин. Добро ги извршуваше своите задачи, а на пет минути на крајот на средбата на својата екипа и донесе три големи бода на ова дерби.
ТРАГИЧАР: ЕМЕРСОН ДЕ СОУЗА
"Шпицот" на прилепчани беше незадржлив во нападот, но му недостасуваше она најважното, реализацијата. Бразилецот трипати изби сам пред Симов и можеше да и донесе на својата екипа полн погодк, но немаше свој ден. Голманот на ѓорчепетровци излезе како победник во дуелите со бразилскиот напаѓач во редовите на прилепчани

Бодичек на Крстески
На почетокот на средбата дефанзивецот на прилепчани Александар Крстески му направи вистински бодичек на Брњарчевски. На неговиот старт во 9. минута можеа да му позавидуваат хокеарите на НХЛ - лигата. Но, се на се заврши добро, а Крстески по овој хокеарски прекршок заработи жолт картон.

Блиска средба Ѓокиќ - Сеља
Во 76. минута при еден старт пред шеснаесетникот на Победа беша фаулиран Гешоски. Додека тој лежеше на теренот, Мирослав Ѓокиќ имаше блиска средба со главниот судија Илир Сеља, во врска со прекршокот над Гешоски. Но, сепак, главниот судија "заборави" дека во својот џеб има жолт картон. Ѓокиќ за неговото однесување тоа го заслужи.

Бардо се подготвува за Вардар
На средбата со Победа во комбинација не беше новото засилување, репрезентативниот десен бек Васко Божиновски. Тој ова дерби го проследи од трибините, но своето деби го очекува на дербито на Градски против Вардар.

" На екипата и се приклучив в четврток, а поради кусиот временски период падна одлука да не настапам на овој меч. Но, затоа ќе бидам во стројот за следното дерби в недела со Вардар, на Градски", вели Божиновски.

Здравески "пука" по судиите
Тренерот на Победа, Николче Здравески, по средбата не беше задоволен од делењето на фудбалската правда:
"Сакам да го потенцирам катастрофалното издание на главниот судија Илир Сеља и неговиот помошник Симон Грданоски. Нивната арбитража е нешто незамисливо во фудбалот".
Не само теренерот на Победа туку и фудбалерите на оваа екипа во тејкот на сите 90 минути имаа замерки на арбитражата се дереа но и го влечеа Сеља.

ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ
РАДМИЛО ИВАНЧЕВИЌ ( Македонија ЃП )
" Ова беше еден претежок натпревар. Победа докажа дека е еден подобар тим, а тоа го потенцирав и пред овој меч. Имаше свои шанси и истите не ги искористи. Но, и ние имавме свои обиди да го загрозиме голот на Победа, а во првото полувреме Ивановски го погоди и дирекот. А најдобар момент во второто полувреме беше голот што го постигнавме со кој го решивме овој натпревар. Можеме и мораме да играме подобро, но за тоа ќе ни биде потребно малку повеќе време. Но, најважно од се е што освоивме три бода. Ќе продолжиме да работиме и сигурен сум дека Маќедонија ЃП ќе игра се подобро и подобро и ќе ги исполни очекувањата.
НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ ( Победа )
" Имавме десет стонанстотни шанси, но среќата ни го сврте грбот. Сметам дека тоа беше поради слабата концентрација и во иднина ќе треба повеќе да работиме на тој план. Македонија ЃП се покажа во слабо издание и сметам дека многу голема штета е што направи уште поголем исчекор во однос на бодовите од нас. Но, со сигурност тврдам дека оваа екипа не може да биде пред нас на првенствената табела. Првенството е многу долго и сигурен сум дека на крај ќе бидеме пред нив на табелата. Сепак, им честитам на борбеноста и пожртвуваноста. Ги награди господ, сакаше да победат и го сторија тоа во едно слабо издание. Поради непредвидливите повреди на Стојковиќ и Ристевски направив принудни замени. Тоа не беше засилување на нападот туку само едно поместување на формацијата

ДЕРБИТО НИЗ ПРИЗМАТА НА МИРСАД ЈОНУЗ
Се бројат головите...
Двете екипи на премиерата на пролетниот дел не го прикажаа она вистинското. Но, како ќе одминува првенството се очекува нивните игри да бидат подобри. Натпреварот мина во рамноправна игра, и двете екипи имаа свои шанси за гол, но Макиедонија ЃП во финишот успеа да стигне до полн погодок на ова дерби иако и Победа потврди дека има квалитетен играчки потенцијал. Прволигашот од Ѓорче Петров на оваа средба го промовираше новиот систем на игра 4-3-3, но, сепак, тоа не и одеше најдобро од рака. Но, ова е прв меч и се очекува како одминува времето новата концепција на игра која прволигашот од Ѓорче Петров ја воигрува да си дојде на свое место и да профункционира во најдобар ред.
Фотки од натпреварот

Ljubisavljevic i Aranitovic ( Mak GP )

Emerson ( Pobeda )

Лавови Ѓорче Петров
Ф.К. Македонија Ѓорче Петров
www.lavovi.150m.com
Reason to live for - F.K. Makedonija Gj.P., the pride of our city, Gjorche Petrov

Last edited by Iron Lion Zion; March 8th, 2006 at 10:35.
Iron Lion Zion is offline  
Sponsored Links
Advertisement
 
post #2 of 225 (permalink) Old March 8th, 2006, 07:21
unnamed1
Guest
 
Posts: n/a
ccc

Last edited by unnamed1; March 13th, 2006 at 14:41.
post #3 of 225 (permalink) Old March 8th, 2006, 10:38 Thread Starter
Premier Player
 
Iron Lion Zion's Avatar
 
Join Date: 11 2005
Location: Djorche Petrov City
Teams: Makedonija Dj.P. Alumina Skopje,11 Oktomvri Prilep
Posts: 1,290
ТРЕНЕРОТ ИВАНЧЕВИЌ ЈА НАПРАВИ ПРВИЧНАТА АНАЛИЗА ПО МЕЧОТ СО ПОБЕДА

На ред е корекција на грешките

* Покрај недоволната агресивност, тренерот Иванчевиќ посочува дека во одредени периоди на мечот со Победа недостасувала и концентрација

Новиот шеф на стручниот штаб на Македонија ЃП Радмило Иванчевиќ стартуваше со стонастотен учинок. Контролниот меч против Ренова беше увертира за неделниот ритумф против Победа. Трите освоени бода се веќе ставени на бодовното салдо, но тренерот Иванчевиќ по ова дерби открива некои од недистатоците кои се појавија на неделната средба со прилепчани:

" Првичните мои забелешки се дека на средбата со Победа се направија грешки во фазата на одбраната, каде што не одговоривме како што треба. Едноставно недостасуваше агресивноста, а на одредни периоди во играта паѓаше и концентрацијата. Но, потфрливме и на физички план, а како резултат на сето ова се и грешките кои се провлекуваа во текот на целиот меч. Тоа занчи дека треба да се работи на отстранување на сите оние недостатоци кои не следеа на мечот со Победа. Деновиве ќе ја прегледам и видео ленатата од овој меч, па така ќе имам целосна слика за сите добри и лоши страни во нашата игра. Но, сепак има доволно време сето тоа до мечот со Вардар да го поправиме, истакна стратегот на "лавовите" Радмило Иванчевиќ.

Временските услови никако да застанат на страната на тренерот Иванчевиќ. Неговото доаѓање во Македонија ЃП беше пропратено со обилни врнежи, а завчерашниот снег повторно ги смени плановите, а сето тоа беше главна пречка за да се бараат алтернативни решенија за реализација на тренинзите. Поради тоа и вчерашниот тренинг "лавовите" го одработија теренот на СРЦ "Сарај". Како што не информира тренерот Иванчевиќ, Милошевиќ почна да тренира со полн интезитет, а се очекува до почетокот на наредната недела екипата, со враќањето на Кировски и Дамески, ќе биде комплетна.

В. Фотновски

Во април "вештачки" помошен терен

Раководството на клубот покрај активностите во клубот е максимално ориентирана и кон средување на инфрструктурата на стадионот. По, изградбата на новата ложа и тунелот со новите соблекувални во април помошниот терен ќе биде прекриен со вештачкиа трева. Тоа ќе биде прв вакво терен во нашата земја. Но, плановите не застануваат тука. По ова следуваат уште градежни зафати бидејќи се плнаира стадионот да наликува на вистинска фудбалска арена.

Лавови Ѓорче Петров
Ф.К. Македонија Ѓорче Петров
www.lavovi.150m.com
Reason to live for - F.K. Makedonija Gj.P., the pride of our city, Gjorche Petrov
Iron Lion Zion is offline  
 
post #4 of 225 (permalink) Old March 8th, 2006, 10:59 Thread Starter
Premier Player
 
Iron Lion Zion's Avatar
 
Join Date: 11 2005
Location: Djorche Petrov City
Teams: Makedonija Dj.P. Alumina Skopje,11 Oktomvri Prilep
Posts: 1,290
Jas imam napraveno strana vo frontpage, samo sto treba da se objavi, pa taka mi sedi vo kompjuterov, treba nekoj da dojde da mi pokaze i jas poveke ke se angaziram okolu toa, samo sto sega imam probelmi okolu fakultetov, a da ima forum rajava vo gjorce nema da go posetuva zasto oni ziveat vo nekoj drug svet. Eve ti nesto za maldinata tuka.
Vo samoto Gjorce(orizari, mirce acev, deksion, jurija, divo maalo....) so okolu 25000 ziteli da receme deka 10000 se maldi do 26/7 godini pa eve eden presek na niv
10% - imaat zavrseno samo osnovno
20% - samo studiraat
70% - imaa sredno
od ovie 70% vaka bi se podelile
40% - sredno so 3 godini zavrseno
20% - sredno so 4 godini, ama vo skoli kako koce metalec, asuc, emuc
10% - gimnazija zavrsile
taka da za niv internet, t.e. kompjuter tie e S.F., glavna zanimacija se tepacki, ebenje(mislam na siluvanje) maloletnicki, pistoli, mafijaski raboti.
Ednostavno mi se gadi od lugevo tuka. Zatoa sum samo obicen simpatizer na klubov, a ne sum navivac i del od lavovi.

Лавови Ѓорче Петров
Ф.К. Македонија Ѓорче Петров
www.lavovi.150m.com
Reason to live for - F.K. Makedonija Gj.P., the pride of our city, Gjorche Petrov
Iron Lion Zion is offline  
post #5 of 225 (permalink) Old March 9th, 2006, 00:22
Premier Player
 
TMRO's Avatar
 
Join Date: 08 2005
Location: Copenhagen
Teams: FC Vardar & Macedonia NT
Posts: 2,261
Quote:
Originally Posted by zlit lavovi
Jas imam napraveno strana vo frontpage, samo sto treba da se objavi, pa taka mi sedi vo kompjuterov, treba nekoj da dojde da mi pokaze i jas poveke ke se angaziram okolu toa, samo sto sega imam probelmi okolu fakultetov, a da ima forum rajava vo gjorce nema da go posetuva zasto oni ziveat vo nekoj drug svet. Eve ti nesto za maldinata tuka.
Vo samoto Gjorce(orizari, mirce acev, deksion, jurija, divo maalo....) so okolu 25000 ziteli da receme deka 10000 se maldi do 26/7 godini pa eve eden presek na niv
10% - imaat zavrseno samo osnovno
20% - samo studiraat
70% - imaa sredno
od ovie 70% vaka bi se podelile
40% - sredno so 3 godini zavrseno
20% - sredno so 4 godini, ama vo skoli kako koce metalec, asuc, emuc
10% - gimnazija zavrsile
taka da za niv internet, t.e. kompjuter tie e S.F., glavna zanimacija se tepacki, ebenje(mislam na siluvanje) maloletnicki, pistoli, mafijaski raboti.
Ednostavno mi se gadi od lugevo tuka. Zatoa sum samo obicen simpatizer na klubov, a ne sum navivac i del od lavovi.

Legendi....

A dali istite luge se i del od "LAVOVI"?

One name, one life - MACEDONIA -
TMRO is offline  
post #6 of 225 (permalink) Old March 9th, 2006, 13:35 Thread Starter
Premier Player
 
Iron Lion Zion's Avatar
 
Join Date: 11 2005
Location: Djorche Petrov City
Teams: Makedonija Dj.P. Alumina Skopje,11 Oktomvri Prilep
Posts: 1,290
ХРИСТИЈАН КИРОВСКИ ЈА "ОТКАЧИ" ПОВРЕДАТА И СЕ ВРАЌА ВО СТРОЈОТ НА "ЛАВОВИТЕ"

Горам од желба за голови

Младиот "шпиц" на Македонија ЃП Христијан Кировски денеска се враќа во стројот. Терапиите по атроскопијата на коленото се завршени, а се очекува три недели Кировски да биде "фул".

" Денеска почнувам со тренинзи, а во наредните дваесетина дена ќе дадам се од себе за да ја достигнам потребната форма. Ќе почнам во салата за кревање товар со цел да ја 'зацврстам' повредената нога, а по докторските консултации ќе биде познато дали ќе можам уште веднаш да почнам со полесни тренинзи. Очекувам за дваесетина дена веќе да бидам подготвен и за првенствените и куп предизвици. Искрено, горам од желба да заиграм", вели младинскиот репрезентативец во редовите на ѓорчепетровци Христијан Кировски.

Во Македонија Ѓ.П со нетрпение го очекуваат враќањето на Кировски на теренот затоа што клубот има потреба од гол играчи. Тоа се покажа на пролетната премиера со Победа на која тренерот Инавчевиќ на клупата немаше ниту еден класичен шпиц. Кировски во тандем со Ивановски но и со Исмаили треба ад биде машината за голови кај "лавовите" кои имаат големи и реални шанси оваа сезона да изборат пласман за ислез на евро-сцената. Воено ѓорчепетровци се и единствениот тим кој има шанси да ја освои двојната круна.

В. Фотиновски

Повредата на Исмаили сериозна, или...?!

Радмило Иванчевиќ по вчерашниот тренинг не информаираше дека единствено на повреда се жали Исмаил Исмаили.

" Исамили се жали постојано на повреда на задната ложа. Еден ден вели дека може да тренира, а веќе наредниот ден не може. Денеска ќе му биде направена магнетна резонанца и ќе се види дали може или пак не може да игра. Мора да се расчистат работите околу неговата повреда, вели Иванчевиќ.


Лавови Ѓорче Петров
Ф.К. Македонија Ѓорче Петров
www.lavovi.150m.com
Reason to live for - F.K. Makedonija Gj.P., the pride of our city, Gjorche Petrov
Iron Lion Zion is offline  
post #7 of 225 (permalink) Old March 10th, 2006, 14:39 Thread Starter
Premier Player
 
Iron Lion Zion's Avatar
 
Join Date: 11 2005
Location: Djorche Petrov City
Teams: Makedonija Dj.P. Alumina Skopje,11 Oktomvri Prilep
Posts: 1,290
МАКЕДОНИЈА ЃП ФИНИШИРА СО ПОДГОТОВКИТЕ ЗА НЕДЕЛНОТО ДЕРБИ СО ВАРДАР

Тактика со победнички координати

Ѓорчепетровци финишираат со подготовките за неделното дерби со Вардар. Тренинзите беа фокусирани на отстранување на сите негативни елементи кои се провлекуваа во играта, а паралелно се работеше и на што подобра координација на новиот систем на игра. По подолго врме временските услови беа на страна на шефот на стручниот штаб Радмило Иванчевиќ, но, сепак, неговите првични впечатоци околу условите за работа се негативни.

"Мора да напоменам дека не само Македонија ЃП туку и сите останати клубови во Македонија се соочуваат со катстрофални услови за работа. Македонскиот фудбал што се однесува до квалитетот е предобар во однос на условите за работа", беше вчерашниот првичен рапорт на тренерот Иванчевиќ по вчерашниот тренинг на игралиштето во селото Бардовци.

Но, и покрај тоа стартегот на ѓорчепетровци го спроведува својот план за работа и ја подготвува тактиката за дербито со Вардар.

" На неделниот меч со Вардар во комбинација е тимот кој настапи против Победа, а во комбинација се Божиновски, но и Милошевиќ, кој ја преброди повредата. Но, стартниот состав ќе биде дефиниран по утрешниот тренинг. Не подготвуваме специјална тактика. Ние на секој меч одиме на победа, а таков е планот и за в недела", вели Иванчевиќ.

Утре ќе се види магнетната резонанца

Што се однесува до Исмаил Исмаили, Иванчевиќ н$ информираше дека денеска по магнетната резонанца ќе биде познат епилогот околу неговата повреда на задната ложа. Поради тоа, Исмаили вчера беше поштеден и тренираше со послаб интензитет на стадионот во Ѓорче Петров.

В. Фотиновски

Вардар заслужува респект

Тренерот Иванчевиќ имаше можност играта на Вардар да ја "сними" на пријателската средба на "црвено-црните" со Победа што се одигра во Неготино.
" Вардар е сериозен тим кој знае што сака. Располага со искусни и квалитетни фудбалери. Со еден збор, се работи за силен тим кој заслужува респект", потенцира Иванчевиќ.

И Дамески во стројот

Покрај Христијан Кировски, вчера се врати во стројот и Благојче Дамески. Двете засилувања ги "откачија" повредите и вчерашниот ден го минаа во салата за кревање товар:

" По подлолга пауза заедно со Кировски се вративме во стројот. Докторските анализи велат дека за една недела ќе почнеме со полесни тренинзи", вели Благојче Дамески.

Лавови Ѓорче Петров
Ф.К. Македонија Ѓорче Петров
www.lavovi.150m.com
Reason to live for - F.K. Makedonija Gj.P., the pride of our city, Gjorche Petrov
Iron Lion Zion is offline  
post #8 of 225 (permalink) Old March 10th, 2006, 18:18
Premier Player
 
Join Date: 07 2004
Location: Skopje, Macedonia
Teams: Rabotnicki and Torino
Posts: 1,887
Great idea Zlit. :thmbup:
Romanticar is offline  
post #9 of 225 (permalink) Old March 10th, 2006, 18:27
Expecto patronum!
Legend
 
Harry Potter's Avatar
 
Join Date: 01 2005
Location: Macedonia, where the sun shines
Teams: Macedonia, Inter, Rabotnichki
Posts: 13,563
aj tepajte go Vardar vo Nedela
Harry Potter is offline  
post #10 of 225 (permalink) Old March 10th, 2006, 21:17 Thread Starter
Premier Player
 
Iron Lion Zion's Avatar
 
Join Date: 11 2005
Location: Djorche Petrov City
Teams: Makedonija Dj.P. Alumina Skopje,11 Oktomvri Prilep
Posts: 1,290
Quote:
Originally Posted by Romanticar
Great idea Zlit. :thmbup:
Thanx Romanticar.


Legendi....

A dali istite luge se i del od "LAVOVI"?

da istite luge se.

Harry aj prati go sostavot na MGP tuka, i ako imas postari broevi prati izvestai od prijatelskite, (sostavi) ja veke imam so obilic, vojvodina, renova, mladost (a), daj od drugite utakmici ako imas, so turnovo, belasica, publikum, maribor, zemun, cukaricki, vozdovac....

Лавови Ѓорче Петров
Ф.К. Македонија Ѓорче Петров
www.lavovi.150m.com
Reason to live for - F.K. Makedonija Gj.P., the pride of our city, Gjorche Petrov
Iron Lion Zion is offline  
post #11 of 225 (permalink) Old March 11th, 2006, 12:35
Expecto patronum!
Legend
 
Harry Potter's Avatar
 
Join Date: 01 2005
Location: Macedonia, where the sun shines
Teams: Macedonia, Inter, Rabotnichki
Posts: 13,563
Makedonija Gorce Petrov squad:

21. Goran Simov 31.03.1975 (Serbia and Montenegro)
91. Jordan Georgievski 29.01.1981
1. Darko Kostovski 06.04.1985
12. Marjan Madzarovski 30.07.1986

/ Vasko Bozinovski 11.03.1975
7. Dragan Ljubisavljevic (Serbia and Montenegro)
13. Daniel Jovanovski 12.11.1983
5. Boban Dzangarovski 17.06.1983
23. Goran Dimovski 14.10.1982
4. Goko Cvetanovski 16.07.1982
16. Voislav Simonovski 04.02.1980
/ Blagojce Dameski 17.10.1981
/ Dimitrija Lazarevski 13.09.1982
28. Jovo Arantovic 19.08.1974 (Serbia and Montenegro)
/ Blagojce Ljamcevski 07.04.1987

18. Bani Okvuchukvu 17.02.1986 (Nigeria)
25. Goranco Stojanovski 27.11.1979
21. Miroslav Miloshevic 12.01.1974 (Serbia and Montenegro)
6. Marjan Belcev 22.10.1982
9. Toni Brnjacevski 07.06.1985
20. Vasko Mitrev 23.05.1984
10. Vladan Milosavljevic 04.03.1980 (Serbia and Montenegro)
15. Mile Popovski 19.09.1986
/ Vangel Antiparmakovski 01.03.1988

22. Filip Ivanovski 01.05.1985
35. Ismail Ismaili 14.11.1981
19. Cvetan Curlinov 24.07.1986
8. Hristijan Kirovski 12.10.1985
11. Gorgi Manevski 17.09.1986

coach:Radmilo Ivancevic (Serbia and Montenegro)

Transfers

IN: Vasko Bozinovski (Kamen Ingrad / Croatia), Goko Cvetanovski (Cementarnica 55), Vladan Milosavljevic, Jovan Arantovic (Obilic / Serbia and Montenegro), Dimitrija Lazarevski (Zemun / Serbia and Montenegro), Hristijan Kirovski (OFK Beograd / Serbia and Montenegro), Blagojce Dameski (Pobeda), Blagojce Ljamcevski, Vangel Antiparmakovski (Pelister).

OUT: Goce Petreski (Renova), Dragan Trenoski (Milano), Vladimir Tuneski (Cementarnica 55), Kuzman Babeu (no club).
Harry Potter is offline  
post #12 of 225 (permalink) Old March 11th, 2006, 14:45 Thread Starter
Premier Player
 
Iron Lion Zion's Avatar
 
Join Date: 11 2005
Location: Djorche Petrov City
Teams: Makedonija Dj.P. Alumina Skopje,11 Oktomvri Prilep
Posts: 1,290
Thanx Harry.

Лавови Ѓорче Петров
Ф.К. Македонија Ѓорче Петров
www.lavovi.150m.com
Reason to live for - F.K. Makedonija Gj.P., the pride of our city, Gjorche Petrov
Iron Lion Zion is offline  
post #13 of 225 (permalink) Old March 11th, 2006, 16:34
Expecto patronum!
Legend
 
Harry Potter's Avatar
 
Join Date: 01 2005
Location: Macedonia, where the sun shines
Teams: Macedonia, Inter, Rabotnichki
Posts: 13,563
Harry Potter is offline  
post #14 of 225 (permalink) Old March 11th, 2006, 16:39
Legend
 
Poland-Cement's Avatar
 
Join Date: 12 2004
Location: Bielsko-Biała, Poland
Teams: Cementarnica 55 Skopje
Posts: 14,901
Impressive signings in winter break, espacially Bozinovski, Lazarevski and Damevski :thmbup:

Cementarnica in Vtora Liga 2009/2010
Cementarnica - Miravci 2:0 (Kostadinovski 40'-pen. Naumcevski 43')
Belasica - Cementarnica 1:2 (Markov 24' - Donev 9'-og Trajkovski 47')
Cementarnica - 11 Oktomvri 2:1 (Jakovlevski 15' 77' - Kostadinovski 26'-og)
Cementarnica - Belasica 4:1 (Braga 23' 38' Ristovski 43' Kostadinovski 63' - Jurcevski 88')
Poland-Cement is offline  
post #15 of 225 (permalink) Old March 11th, 2006, 18:59
unnamed1
Guest
 
Posts: n/a
Abe lavovite ne si go poznavat sostavot?

PS!

Last edited by unnamed1; March 13th, 2006 at 14:42.
post #16 of 225 (permalink) Old March 12th, 2006, 15:04
unnamed1
Guest
 
Posts: n/a
Thanks for showing up fellows from Gjorce, better luck next year

Last edited by unnamed1; March 13th, 2006 at 14:44.
post #17 of 225 (permalink) Old March 13th, 2006, 15:37 Thread Starter
Premier Player
 
Iron Lion Zion's Avatar
 
Join Date: 11 2005
Location: Djorche Petrov City
Teams: Makedonija Dj.P. Alumina Skopje,11 Oktomvri Prilep
Posts: 1,290
Вардар - Македонија ЃП 1:0 (0:0)

Градски стадион во Скопје. Гледачи: 4.000. Главен судија: Борка Смоквоски ( Прилеп ) Помошници: Никола Караколев ( Штип ) и Петре Илиоски ( Прилеп )

ВАРДАР
Кметовски 3,5, Марковски 3, Бранковиќ 3, Таневски 2,5, Секуловски 2,5, Ивановски 2,5, * Ѓурчевски 2,5, *** Ристовски 2,5, Нухији 3
** Наумов 2,5, Каптиев 2,5, 46' Костиќ 2,5, 62' Тричковски 3,5 , 74' Брага /

МАКЕДОНИЈА ЃП
3 Симов, 2,5 Милосављевиќ *, 2 Аранитовиќ, 2,5 Божиновски, 2 Џангаровски, 2 Митрев **, 2,5 Милошевиќ, 2,5 Брњарчевски, 3 Димовски, 2,5 Ивановски, 2,5 Љубисављевиќ, 2 Исмаили 48', 2,5 Стојановски 63'

Стрелец: Тричковски 83' ( В )
Ж. картони: Ѓурчевски ( В ) Аранитовиќ ( М )

Играч на натпреварот: Љупчо Кметовски ( В )

Вардар ги има младиот Иван Тричковски и искусниот голман Љупчо Кметовски што во двете "пролетни" кола се покажува како единствена комбинација за триумфален старт на "црвено-црните" во 2006 година.

На "Градски" потклекнаа и "лавовите" само по една победничка акција "понесена" од "новитетот" Даниел Ивановски, а завршена со скок "забивање" на Тричковски. Неговиот прекрасен гол со глава значеше и три бода за Вардар, со кои сигурно многу полесно се дише пред вториот дерби дуел веќе в среда против Работнички Кометал. А претходно освен неколку удари од далечина на Нухији и Ѓурчевски речиси и немаше што да се забележи од играта на нашиот најтрофеен клуб. Фудбалерите на Македонија ЃП уште во првото полувреме преку Филип Ивановски и Димовски можеа многу што да изменат околу конечниот резултат, но, сепак, не знаеја да ги искористат своите шанси по што неизбежно следеше казната. Против себе го имаа и феноменалниот Кметовски, кој уште еднаш потврди дека, на задоволство на вардаровите симпатизери, е во одлична репрезентативна форма.

"Ни се врати сега нам тоа што i се случи на Победа во Ѓорче пред една недела. Сега ние имавме повеќе од играта, имавме четири 100% шанси, но не ги искористивме и противникот заслужено нe казни", вели еден од подобрите играчи кај "лавовите", голманот Горан Симов.

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Драган Канатларовски, се чини на почетокот го изненади својот колега Радмило Иванчевиќ со формациските "новитети". Речиси 15 минути фудбалерите на Македонија ЃП не можеа да ја поминат својата половина, но по "соземањето" комплетно ја презедоа играта во свои раце. Сепак, доминацијата не им се исплатеше.

Даниел Ивановски, според замислите на Канатларовски, за првпат во својата кариера играше во средниот ред и оваа идеја на Цапар немаше некој ефект до 83. минута кога токму Ивановски преку брз контранапад ја создаде единствената вистинска шанса за "црвено-црните" од која Тричковски поентираше.

"Ивановски е прекомандуван во средината затоа што ни е неопходен таков фудбалер кој знае да 'извлече' контранапад. Ќе има и уште 'новитети' во нашата игра во зависност од противниците", ни изјави вчера Канатларовски.

Но, по она што беше видено вчера на нашиот најголем стадион јасно е дека и двата тима с$ уште се во потрага по својата вистинска игра. Вардар е далеку од шампионски ритам. На своја страна во овие две кола ја има и среќата, но дефинитивно тоа не може долго да трае. За натпреварот со Работнички Кометал ќе бидат неопходни и повеќе од два-тројца расположени за игра фудбалери...

В.Булатовиќ


Ѓурчевски неизвесен за дуелот со Работнички К

Уште во 2. минута Благоја Ѓурчевски во дуелот со Аранитовиќ доби сериозна повреда на глуждот од десната нога. Сепак, Ѓурчевски ги издржа првите 45 минути од натпреварот имајќи притоа и забележлива улога во вардаровиот состав, но на полувремето мораше да биде заменет.

"Добив два удари на исто место. Утре ми следи снимање на глуждот па попрецизно ќе знаеме за што се работи. Но, се надевам дека ќе бидам комплетно подготвен за дуелот со Работнички в среда", ни изјави Ѓурчевски веднаш по вчерашниот натпревар.

На местото на Ѓурчевски првпат за Вардар заигра засилувањето Владан Костиќ на кого, според прикажаното, очигледно ќе му треба период да се "адаптира" на "црвено-црната" игра.



За 3:3 во Прилеп - ечеше "Градски"

Навивачите на Вардар, "Комити" и "Лојал Фанс", низ текот на целиот натпревар, нормално, со спротивставени навивачки слогани во однос на симпатизерите на Македонија ЃП, "Лавовите". Но, и трите навивачки групи заедно со останатите гледачи на "Градски" едногласно еуфорично ја дочекаа најавата на официјалниот спикер за израмнувањето на Победа во Прилеп против Работнички во судиското продолжение.

ХЕРОЈ
ИВАН ТРИЧКОВСКИ
Како и на претходниот натпревар со Башкими, повторно им ја носи победата на "црвено-црните". Влезе од клупата, одигра 30 минути, "заби" прекрасен гол во мрежата на Симов и "нанижа" уште три бода за својот тим во трката по водечките соседи. Мора да се признае дека за неговиот прв гол оваа сезона во црвено-црниот дрес голема заслуга има и Даниел Ивановски, кој ја "одработи" комплетната победничка акција.

ТРАГИЧАР
ФИЛИП ИВАНОВСКИ
Вистински трагичар за гостинскиот состав, со оглед на тоа што имаше неколку извонредни шанси преку кои не успеа да се промовира во херој на вчерашниот натпревар. Само еден негов гол во мрежата на Кметовски ќе сменеше многу нешта на теренот. Факт е вчера лесно се изборуваше за гол-ситуација, но сепак му недостасуваше конечната реализација.

Вардар Македонија ЃП
13 корнери 6
8/6 удари/во 5/3
/ офсајди 5
18 прекршоци 12
1 ж. картони 1



Минута по минута...
5' - Ристовски нафрли од корнер, Брњарчевски неумешно реагираше со глава, но, за среќа, сепак, не успеа да ја затресе сопствената мрежа.
23' - Брњарчевски убаво го проигра Филип Ивановски, кој се проби во домашниот шеснаесетник, прецизно шутираше, но Кметовски одлично интервенираше.
34' - Нов одличен центаршут на Димовским кој на 12 метри го пронаоѓа Ивановски, но центарфорот на гостите од поволна ситуација иако силно шутира по вторпат го губи "дуелот" со Кметовски.
41' - Ристески прецизно нафрли на само пет метри од голот на Симов, но топката само "профучи" покрај Наумов и Ѓурчевски, кои не успеаја иако осамени да ја сместат во гостинската мрежа.
44' - Најповолната можност за Македонија ЃП. По една грешка на вардаровата одбрана топката доаѓа до Димовски, кој избива сам пред вардаровиот голман, но Кметовски со "лавовска" интервенција спасува сигурен гол.
45'+ - Одлична акција на Ѓурчевски и Нухији, кој во празно го проигрува Каптиев. Вардаровиот напаѓач се пробива до 16 метри, силно шутира под самата пречка, но Симов со крајни напори избива во корнер.
45'+ - По корнерот изведен од Ристовски, топката се одбива до Ѓурчевски, кој од 25 метри силно шутира во долниот лев агол на голот од гостите, но Симов на место.
64' - Брњарчевски се проби по левата страна во шеснаесетникот на Кметовски, нафрли кон Ивановски и Милошевиќ, но и двајцата премногу размислуваат оставајќи им простор за интервенција на вардаровите дефанзивци.
69' - Ристовски го пронаоѓа Каптиев на 10 метри, но овој неумешно реагира по што шансата оди в неврат.
71' - Тричковски ослободувајќи се од Божиновски дојде на 16 метри и откосо шутира кон гостинскиот гол, но Симов не дозволува изненадување.
75' - Нухији шутира од 24 метри, но директно во Симов.
1:0 - 83' - Извонреден контранапад на Ивановски, кој покрај самата десна аут линија им избега на двајца гостински дефанзивци. Одлично нафрли на вториот дирек каде Тричковски натскокувајќи ги противничките фудбалери од 6-7 метри ја "заби" топката во мрежата на немоќниот Симов.
90'+ - Последна можност на гостите за израмнување. Димовски нафрли во шестерецот на Кметовски, но Ивановски уште еднаш со глава на домашниот гол.



ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ:

Драган Канатларовски
"Тежок, но коректен натпревар во кој заслужено стигнавме до победата. Играта беше онолку допадлива колку што ни дозволуваше лизгавиот и каллив терен. Стигнавме до трите бода и тоа е најважно пред средбата со Работнички К. Иако има уште многу до крајот на првенството, јасно е дека ова се неколку значајни за нас дуели", истакнува тренерот на "црвено-црните", Канатларовски.

Радмило Иванчевиќ
"Почнавме многу лошо, плашејќи се непотребно од Вардар, како да играме против Челзи. Но тоа траше 20 минути, а потоа комплетно наша доминација и кога требаше да се дотолчи Вардар, едноставно си дозволивме себеси луксуз да ги вратиме од мртвите. Во последните 15 минути игравме неумешно и немавме добра завршница. Сето тоа скапо го плативме, една топка без врска им ја дадовме, а тоа веднаш н$ чинеше гол. Тоа се должи на едно неискуство, ништо друго. Вардар ја искористи шансата и нe победи. Грешките треба да ги бараме во своите редови. Имаме квалитети, но овие мои момчиња треба да веруваат повеќе во себе", вели стратегот на Македонија ЃП, Иванчевиќ.

Лавови Ѓорче Петров
Ф.К. Македонија Ѓорче Петров
www.lavovi.150m.com
Reason to live for - F.K. Makedonija Gj.P., the pride of our city, Gjorche Petrov
Iron Lion Zion is offline  
post #18 of 225 (permalink) Old March 14th, 2006, 23:40 Thread Starter
Premier Player
 
Iron Lion Zion's Avatar
 
Join Date: 11 2005
Location: Djorche Petrov City
Teams: Makedonija Dj.P. Alumina Skopje,11 Oktomvri Prilep
Posts: 1,290
Иванчевиќ: "Го имавме Вардар..."

На дербито на "Градски" се повтори непишаното фудбалско правило дека не победува секогаш екипата која е понадмоќна и која има повеќе шанси. Македонија ЃП имаше повеќе од играта, особено во вториот дел, создаде многу шанси, но, едноставно среќата не беше на нивна страна и еден брз контранапад на "црвено-црните" ги чинеше пораз. Но, во таборот на ѓорчепетровци велат дека со една борба не е загубена војната и дека сето ова треба да преброди и да се продолжи со победнички апетити во трката за врвот на табелата.

Тренерот Радмило Иванчевиќ на вчерашната прес-конференција истакна дека по вчерашниот меч двапати ја прегледал видеоснимката од дербито и жали за пропуштената шанса

" Од она што го видов, многу ми е криво што го загубивме натпреварот. Според мене, одлучи преголемиот респект кон Вардар, а тоа сакам што побрзо да се елиминира. Ќе нагласам, Македонија ЃП нема причини да се плаши од ниту една екипа и се надевам дека тоа нема да се повтори. По првиот притисок Вардар не успеа да даде гол. Потоа почнавме да играме, имавме две шанси од која онаа на Димовски беше колосална. Но, тоа е фудбалот. Во вториот дел се договоривме да тргнеме поофанзивно, побрзо, поагресивно. Тоа добро го сторивме и јас сум задоволен како одигравме. Но, имавме еден проблем, неколкуте поволни шанси останаа само поволни, а не и вистински кои би биле материјализирани. Неколкупати имавме и вишок на играчи, но и тоа, за жал, не успеавме да го искористиме. Во второто полувреме доминиравме, го имавме Вардар во своите раце, но ни недостасуваше тој гол. Но, Вардар е искусна екипа и успеа да постигне гол пред самиот крај на мечот. Потоа немаше многу време да реагираме. Имавме уште две убави шанси, но не успеавме да дадеме гол и на крај, за жал, загубивме. Во секој случај извлековме поуки од овој меч, разговаравме за грешките, а најважно ќе биде истите да не се повторат. Се одигра едно вистинско дерби, во кое однесувањето на раководството на Вардар и на тренерот Канатларовски беше крајно коректно", изјави Иванчевиќ, кој истакна дека од оваа екипа на Македонија ЃП сака да направи тим кој ќе победува играјќи фудбал. Што се однесува до утрешната средба со Беласица, Иванчевиќ најави дека екипата нема право на грешка против последнопласираниот на табелата.

В. Фотиновски

Мирослав Милошевиќ:
Бевме поблиску до победата
На вчерашниот прес и Мирослав Милошевиќ даде свој осврт на дербито со Вардар.
"Во борбата за висок пласман против Вардар влеговме со цел да победиме. Не знам зошто тргнавме малку плашливо. Вардар по првите 20 минути ја имаше иницијативата. Потоа се ослободивме од притисокот, почнавме да играме, онака како што се договоривме и не искористивме неколку шанси. Во второто полувреме, според мене, бевме поблиску до победата. Но, не успеавме да ги реализираме шансите, наедаш примивме гол кој го одлучи натпреварот. Но, ни преостанува да работиме и понатаму да се подготвиме за другите средби, а во овој ритам среда -недела ќе се обидеме да ги добиеме натпреварите за да го задржиме високиот пласман на табелата", вели Милошевиќ.

Против Беалсица некомплетни

На утрешната средба со Беласица неизвесен е настапот на Милосављевиќ, Митрев и Стојановски. Владан Милосављевиќ на средбата со Вардар заработи повреда ( голем оток ) на коленото на левата нога, Митрев има скршеница на раката и таа му е во лонгета, додека Стојановски против некогашниот свој клуб нема да може да настапи против три жолти картони.

Лавови Ѓорче Петров
Ф.К. Македонија Ѓорче Петров
www.lavovi.150m.com
Reason to live for - F.K. Makedonija Gj.P., the pride of our city, Gjorche Petrov

Last edited by Iron Lion Zion; March 25th, 2006 at 03:07.
Iron Lion Zion is offline  
post #19 of 225 (permalink) Old March 15th, 2006, 12:21 Thread Starter
Premier Player
 
Iron Lion Zion's Avatar
 
Join Date: 11 2005
Location: Djorche Petrov City
Teams: Makedonija Dj.P. Alumina Skopje,11 Oktomvri Prilep
Posts: 1,290
"Лавовите" без право на грешка

Фудбалерите на Македонија ЃП денеска против Беласица, пред домашните симпатизери ќе настојуваат да ја постигнат втората пролетна победа. За "лавовите", како што нагласи тренерот Иванчевиќ, секој натпревар е дерби, а стратегот на ѓорчепетровци најави внимателна игра и голем респект кон последнопласираната екипа на табелата.

" Да бидам искрен, јас се плашам од Беласица", вели кормиларот Иванчевиќ во пресрет на денешнииот меч. "Се работи за екипа која ја победи Ренова на гости. Со Ренова ние одигравме пријателски меч во подготвителниот период пред почетокот на првенството. Мора да се плашам бидјеќи тестот со Ренова едвај го добивме. Тоа значи дека тука има нешто. Со Башкими имаа пенал на 0:0. Сето ова го потврдува моето мислење дека нема веќе големи разлики и нема место за никакво опуштање затоа што сега немам повеќе право на грешка", дополни Иванчевиќ.

Во редовите на Беласица како и пред секој меч така и на ова гостување владее атмосфера на докажување. Младиот тим на стрмичани е желен за такво нешто, а Македонија ЃП е мотив повеќе за да го дадат максимумот.

" Македонија ЃП ја респектираме, но ние нема што да загубиме. Ќе играме отворено и нема што да калкулираме", вели спортскиот директор на струмичани Митко Марангозов, кој најави дека е можно да има рокади на оној состав кој настапи против Башкими.

В. Фотиновски

Стојановски со "жолтица"
Горанчо Стојановски нема да може да & се спротивстави на својата екс-екипа. Тој има три жолти картони и "џокерот" го одработи на средбата со Вардар.

Милосављевиќ и Митрев неизвесни
Владан Милосављевиќ и Васко Митрев "висат" за денешниот меч. Милосављевиќ и Митрев на средбата со Вардар заработија повреди, а лекарските екипи интезивно се ангажирана за истите да ги санира. Така нивниот настап против Беласица е неизвесен.

Без Попчаноски, Николов "џокер"
Струмичани денеска на Ѓорче нема да може да сметаат на Оливер Попчаноски, кој с$ уште ја "влече" повредата заработена на средбата со Башкими. Што се однесува до голманот Николов, денеска ќе биде познато дали ќе го искористи "џокерот" од три жолти картони против Македонија ЃП. Доколку не застане на голот, негова алтернатива е младиот и надежен Костадин Захов.



МАКЕДОНИЈА ЃП - БЕЛАСИЦА
Стадион во Ѓорче Петров. Капацитет: 2.000. Почеток: 14 часот.
Главен судија: Зоранчо Илиевски ( Битола ) Помошници: Васко Клочовски ( Битола ) и Злате Јолевски ( Демир Капија )

МАКЕДОНИЈА ЃП: Симов, Божиновски, Јовановски, Џангаровски, Аранитовиќ, Љубисављевиќ, Димовски, Милошевиќ, Брњарчевски, Ивановски, Исмаили.
Теренер: Радмило Иванчевиќ.

БЕЛАСИЦА: Захов, Маневски, Божинов, Димов, Чачев, Ташев, Д. Стојков, Милушев, Тимов, Пројков, Савиќ.
Тренер: Звонко Тодоров.

ПОСЛЕДНИ ТРИ НАТПРЕВАРИ
Беласица - Македонија ЃП 0:2
Македонија ЃП - Беласица 0:3
Беласица - Македонија ЃП 2:0

Лавови Ѓорче Петров
Ф.К. Македонија Ѓорче Петров
www.lavovi.150m.com
Reason to live for - F.K. Makedonija Gj.P., the pride of our city, Gjorche Petrov

Last edited by Iron Lion Zion; March 25th, 2006 at 03:10.
Iron Lion Zion is offline  
post #20 of 225 (permalink) Old March 16th, 2006, 12:16 Thread Starter
Premier Player
 
Iron Lion Zion's Avatar
 
Join Date: 11 2005
Location: Djorche Petrov City
Teams: Makedonija Dj.P. Alumina Skopje,11 Oktomvri Prilep
Posts: 1,290
МАКЕДОНИЈА ЃП - БЕЛАСИЦА 1:0 (0:0)

Стадион во Ѓорче Петров. Гледачи: 500. Главен судија: Зоранчо Илиевски ( Битола ) Помошници: Васко Клочовски ( Битола ) и Злате Јолески ( Д. Капија )

МАКЕДОНИЈА ЃП
Симов /, Божиновски 2,5, Јовановски 2, Џангаровски 2, Љубисављевиќ 3, Аранитовиќ 2,5, Милошевиќ 2,5, ** Брњарчевски 2, * Исмаили 2, Димовски 2,5, Ивановски 2, замени:65' Паул 2 , 86' Маневски 3

БЕЛАСИЦА
2,5 Николов, 1,5 Чачев, 2 Димов, 2 Божинов, 1,5 Петров, 2 Стојков,
1,5 Ристов, 1,5 Тимов, 2 Пројков *, 1,5 Ташев, 1,5 Милушев **
замени:1,5 Вргов 68', / Алаѓозовски 89'

од записникот:
Стрелец: Маневски 87' ( МЃП ) Жолти картони: Божиновски ( МЃП ) Милушев, Вргов ( Б )
Играч на натпреварот: Ѓорѓи Маневски ( Македонија ЃП )

Македонија ЃП со судни маки стигна до полн погодок против последнопласираната Беласица. "Лавовите" во текот на сите деведесет минути нон-стоп атакува кон голот на струмичани, но до 87. минута никако не им успеваше да го пронајдат патот до мрежата на голманот Николов, кој на оваа средба беше на висина на својата задача. Ѓорчепетровци создадоа многу шанси, но во желбата да се прокнижат три бода реализацијата беше "непослушна". "Кенгурите" во текот на целиот меч играа "катанаџо" и со контранапади се обидуваа да го изненадат Симов, кој на оваа средба буквално немаше работа бидејќи трите обиди на фудбалерите на Беласица беа безопасни кон неговиот гол. Но, мора да се напомене дека младиот тим на струмичани одлично ги затвораше сите приоди кон голот на Николов, играше пожртвувано, борбено и одговараше на сите налети на ѓорчепетровци. Но, во финишот на средбата како да попушти концентрацијата кај "кенгурите", па така "лавовите" со голот на младиот "шпиц" Маневски надмоќноста во текот на целиот меч успеаја да ја претворат во три "тешки" бода.

Минута, по минута

18'- Ивановски шутираше откосо од околу дваесетина метри, Николов со навремена интервенција го одбрани неговиот удар.
19' - Димовски нафрли од десната страна, Ивановски во полн налет во петерецот ја зафати топката, но Николов е на место и брани.
25' - Пројков шутираше од околу 20 метри, топката заврши крај левиот дирек.
32' - Милошевиќ од слободен удар од околу дваесетина метри упати силен удар, Николов со прекрасна парада ја одби топката, таа дојде до главата на Ивановски, кој од неколку метри веднаш шутираше, но Николов со пантерски скок спасува чист гол.
42' - Продор на Исмаили по левата страна, во шеснаесетникот го проигра Аранитовиќ, кој шутираше од прва, но топката заврши крај десниот дирек.
45' - Ивановски во шеснаесетникот го проигра Аранитовиќ, овој од неколку метри шутираше, Николов ја одби топката, таа дојде до Љубисављевиќ, кој шутираше непрецизно.
49' Брњарчевски шутираше од околу дваесетина метри, Николов одбрани.
52' - Исмаили продер по левата страна, го проигра во шеснаесетникот Аранитовиќ, овој веднаш шутираше, но Димов блокираше, а Николов одбрани.
57' - Пројков изби сам, но реагираше неумешно
63' - Милошевиќ од слободен удар од 20 метри упати вистинска "бомба", топката заврши за малку крај десниот дирек.
69' Милошевиќ од корнер на вториот дирек го пронајде Ивановски, кој од неколку метри не успеа да ја погоди празната мрежа.
83' - Љубисављевиќ продре по левата страна, по земја ја упати топката до Аринитовиќ, кој со силен удар од околу дваесетина метри ја "скрши" пречката на гостинскиот гол.
87' 1:0 - Долга акција на домашните Божиновски од десната страна по земја топката ја упати во шеснаесетникот на гостите, сето тоа добро го следеше нововлезениот Маневски, кој својот првиот контакт со топката го претвори во триумф за својата екипа.


Во 15. минута домашните бараа пенал
По една акција во 15. минута од средбата домашните бараа најстрога казна. По една нафрлена топка на Брњарчевски од левата страна, топката во шеснаесетникот ја исфрли Божинов. Ѓорчепетровци видоа игра со рака, но судијата Илиевски, кој беше во непосредна близина, не го мислеше истото.

Менаџери го "снимаа" Николов
На вчерашнииот меч на голот на струмичани требаше да застане Захов, но во последен момент падна одлука со ѓорчепетровци да брани Николов. Како што не информира првиот човек на клубот, Ванчо Таковски, сето ова беше поради тоа што Николов го "снимаа" менаџери.
" Стојков, Пројков, Николов, Савиќ и Димов се 'авионите' кои се очекува да "полетаат" во некои од европските дестинации", истакна Таковски.


Мечот доцнеше седум минути
Поради протестите на "Галсот на светлината" екеспедицијата на струмичани пристигна нешто подоцна од предвиденото време. На "кангурите" им беше потребно повеќе од еден час за да ги "скокнат" блокадите, а поради тоа мечот на Ѓорче доцнеше седум минути.

МАКЕДОНИЈА ЃП - БЕЛАСИЦА
16 корнери 1
14/7 удари/во 3/1
9 прекршоци 12
4 офсајди 2
/ ж. картони 2


ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ
РАДМИЛО ИВАНЧЕВИЌ ( Македонија ЃП )
" Знавме дека не очекува еден тежок меч и моите најави дека ќе имаме многу проблеми да освоиме три бода со една екипа која знае да игра на страна се потврдија на овој меч. Создадовме многу шанси, но не успеавме да ги искористиме и во финишот на средбата господ беше со нас. Но, најважно е тоа што освоивме три бода. И на овој меч се виде дека сакаме да играме фудбал и да се обидуваме да организраме игра, но теренот навистина не ни го дозволува тоа. Но, според шансите миалам дека сосема заслужено победивме. Екипата на Беласица пријатно ме изненади, меѓу овие млади играчи има многу квалитет и сигурен сумд дека овој клуб има голема иднина"

ЗВОНКО ТОДОРОВ ( Беласица )
" Фер и коректен натпревар. Македонија ЃП имаше повеќе од играта, ние се браневме и преку контранапади сакавме да го загрозиме нивниот гол, но среќата не напушти на две минути пред крајот и го загубивме мечот. За нас како клуб евентуално освениот бод не би ни значел многу, но за овие млади фудбалери тоа ќе беше голема сатисфакција.

Лавови Ѓорче Петров
Ф.К. Македонија Ѓорче Петров
www.lavovi.150m.com
Reason to live for - F.K. Makedonija Gj.P., the pride of our city, Gjorche Petrov
Iron Lion Zion is offline  
Reply

Quick Reply
Message:
Options

Register Now



In order to be able to post messages on the Xtratime Community forums, you must first register.
Please enter your desired user name, your email address and other required details in the form below.

User Name:
Password
Please enter a password for your user account. Note that passwords are case-sensitive. Try to avoid choosing short (like '1'), simple (like 'abcd') and easy to guess passwords (like a name of your favorite team, player, etc)! Complex and long enough passwords, that consists of random string of alphabet and numerical characters, are almost impossible to be stolen and misused.

Password:


Confirm Password:
Email Address
Please enter a valid email address for yourself.

Email Address:
OR

Log-in











Currently Active Users Viewing This Thread: 1 (0 members and 1 guests)
 
Thread Tools
Show Printable Version Show Printable Version
Email this Page Email this Page
Display Modes
Linear Mode Linear Mode



Posting Rules  
You may post new threads
You may post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off
Trackbacks are On
Pingbacks are On
Refbacks are On

 
For the best viewing experience please update your browser to Google Chrome