Football belongs to the Supporters - Xtratime Community
 
LinkBack Thread Tools Display Modes
post #1 of 4 (permalink) Old May 7th, 2005, 15:39 Thread Starter
Xtratime Legend
 
Join Date: 08 2004
Posts: 27,119
Football belongs to the Supporters

ФУДБАЛОТ ИМ ПРИПАЃА НА НАВИВАЧИТЕ
Последните Мохиканци во нашиот фудбалски храм



Во земјата на папата, фудбалот е најраспространетата религија. Во земјата на Ромео и Јулија, фудбалот е најголемата страст. Во земјата на Микеланџело, фудбалот е најценетата уметност.Ова е реклама за копачки на "Лото", но не е многу далеку од вистината. Така е во Италија, така е во Англија, во Шпанија, во Германија, така е во речиси сите 205 членки на Светската фудбалска федерација ( ФИФА ). Како е кај нас? Кај нас, најтрофејниот клуб Вардар продаде 24 билети за првенствената средба против Напредок. Сезонава најдобриот тим, Работнички Кометал, воопшто не наплатува за влез, но и покрај тоа, на неговите натпревари доаѓаат по неколку заталкани скопјани, кои решиле да го поминат викендот со прошетка низ Градскиот парк.Сепак, овие два клуба, кои го делат Градскиот стадион и ја обележаа сезоната што полека изминува, се уште имаат свои верни следбеници, кои не пропуштаат ниту еден натпревар на своите миленици. Тоа се "Комитите", кои летово ќе прослават полнолетство, и "Романтичарите", веројатно најмладата навивачка група кај нас."Романтичарите" се формирани во ноември 2001 година и своето огнено крштавање го имаа на првенствениот дуел против својот сосед Вардар, кој го доби Работнички со 2:1. Управата на клубот веднаш им излегла во пресрет и нивната соработка се уште трае. Навивачката група е презадоволна од односот на управата, што е реткост во нашиот фудбал. "Романтичарите" добиваат огромна поддршка, пред се, финансиска, а минатата година заедно ја поведоа акцијата "Го сакам Работнички Кометал"."Бројноста ни е 30-40 на натпреварите од домашното првенство. Тоа се, главно, дебармаалци и зборно место ни е кај "Апче". За секое дерби подготвуваме посебна кореографија со "бакљада" и со транспаренти. Нашиот стил на навивање воопшто не е навредлив, т.е. навиваме единствено за нашиот клуб. Досега не сме имале ниту еден инцидент со друга навивачка група - ни изјави Филип, кој е еден од двајцата основачи на "Романтичарите".Оваа навивачка група, исто така, е во одлични односи со фудбалерите од својот омилен клуб. Самите играчи дури собирале пари за да им помогнат на своите верни фанови.Работнички Кометал е убедлив лидер на прволигашката табела и првата шампионска титула во историјата на клубот е на дофат, а навивачите веќе ја планираат прославата:"Бевме стрпливи и по неколкугодишно калење и ние ја дочекавме титулата. Со оглед на добрата финансиска состојба, планираме голем спектакл. Можеби малку и ќе го прекршиме законот, кој забранува внесување факли на стадион, но ги покануваме сите на кои Работнички Кометал им значи барем малку да бидат дел од големата фешта.
Почетоците на "Комитите" датираат од 1985 година, кога група навивачи почнале малку поорганизирано да ги следат натпреварите на Вардар во тогашната југословенска лига. Потрагата по звучно име траела две години, за на 4 јуни 1987 година, на Градскиот стадион, на дербито против Црвена звезда да се појави првиот транспарент "комити", име што побуди големи национални чувства кај македонскиот народ. "Црвено-белите" беа испратени со три гола во мрежата и оттогаш "Комитите" го следат Вардар каде и да оди и против кого и да игра. Во првите години од своето постоење, "Комитите", можеби, не можеа да се носат со "Гробарите", "Делиите", "Бед блу бојси" и со "Торцида", но навивачите на локалниот ривал Раднички од Ниш им беа редовни "пациенти". Потоа дојдоа осамостојувањето и ривалството со "Чкембарите", "Мајмуните", "Куманите", "Шверцерите"... Сепак, работите се сменија - на полошо"Немаме веќе ривали. Изумреа, заедно со спортот во нашата држава - дециден е Жаре, еден од "воѓите" на "Комити".На почетокот имаше по 3.500-4.000 навивачи на славниот Запад, се присетува Жаре. Сега, зависи од натпреварот, но бројката се движи од 500 до 1.500. Од 2000 година, "Комитите" и официјално се регистрирани, а имаат и своја канцеларија во ГТЦ, во чиј склоп има фан-шоп, во кој сите симпатизери на Вардар можат да се снабдат со навивачки реквизити.По теркот на нивните европски колеги, и двете навивачки групи се присутни во сајбер-просторот. Нивните веб-сајтови се www.romanticari.com.mk и www.komiti.com.mk

A very nice article by vest:
http://vest.com.mk/default.asp?id=96...rubrika=Revija
Ambis is offline  
Sponsored Links
Advertisement
 
post #2 of 4 (permalink) Old May 7th, 2005, 16:49
Expecto patronum!
Legend
 
Harry Potter's Avatar
 
Join Date: 01 2005
Location: Macedonia, where the sun shines
Teams: Macedonia, Inter, Rabotnichki
Posts: 13,563
ova Fic go ima kazuvano? Jas sum mu imenjak, no jas ne sum go zborel bidejki jas i ne sum osnovac na Romanticari?

od kade pa sega odnosite so upravata ni bile odlicni? Toj coek inace ne e poveke vo nasata grupa, koj se nasol nego da go intervjuira?

cekam komentar od Romanticar za ovoj da go narecam skandal
Harry Potter is offline  
post #3 of 4 (permalink) Old May 7th, 2005, 16:51 Thread Starter
Xtratime Legend
 
Join Date: 08 2004
Posts: 27,119
Quote:
cekam komentar od Romanticar za ovoj da go narecam skandal
I jas isto cekam da vidam sto ke rece Romanticar za ova posto se zacudiv koga procitav deka imalo odlicni odnosi so upravata i deka finansiski ste bile podrzani od niv, sto e cista laga bidejki sami si plakate za gostuvanja.. :irritate:
Ambis is offline  
 
post #4 of 4 (permalink) Old May 7th, 2005, 16:56
Expecto patronum!
Legend
 
Harry Potter's Avatar
 
Join Date: 01 2005
Location: Macedonia, where the sun shines
Teams: Macedonia, Inter, Rabotnichki
Posts: 13,563
toa e taka napisano zatoa so intervjuirale pogresen coek, navivac koj bese izbrkan od Romanticari uste na mecot so Skendija eden od prvite proletva. Toj sea pojma nema so se slucuva so nasite redovi i neznal odkade si zemal odgovornost da zbori za nas!?

POVTORUVAM USTE EDNAS: OVA SE ZBOROVI OD COEK KOJ NE E CLEN NA NAVIVACKATA GRUPA ROMANTICARI! INFORMACIITE DEKA SME VO SUPER ODNOSI SO UPRAVATA SE VETAR I MAGLA. Mozebi odnosite ke se smenat denes po proslavata (ako ja ima).
Harry Potter is offline  
Reply

Quick Reply
Message:
Options

Register Now



In order to be able to post messages on the Xtratime Community forums, you must first register.
Please enter your desired user name, your email address and other required details in the form below.

User Name:
Password
Please enter a password for your user account. Note that passwords are case-sensitive. Try to avoid choosing short (like '1'), simple (like 'abcd') and easy to guess passwords (like a name of your favorite team, player, etc)! Complex and long enough passwords, that consists of random string of alphabet and numerical characters, are almost impossible to be stolen and misused.

Password:


Confirm Password:
Email Address
Please enter a valid email address for yourself.

Email Address:
OR

Log-in











Currently Active Users Viewing This Thread: 1 (0 members and 1 guests)
 
Thread Tools
Show Printable Version Show Printable Version
Email this Page Email this Page
Display Modes
Linear Mode Linear Mode



Posting Rules  
You may post new threads
You may post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off
Trackbacks are On
Pingbacks are On
Refbacks are On

 
For the best viewing experience please update your browser to Google Chrome