old school memories [Archive] - Xtratime Community

old school memories

Iron Lion Zion
December 22nd, 2005, 16:02
Сократ Мојсов (64), една од фудбалските легенди на Вардар, тренер, поранешен репрезентативец на Југославија
Најсреќен бев кога играв заедно со Илија и Лазар

http://i33.photobucket.com/albums/d89/zlit/mojsovi.jpg

Браќата Мојсови: Лазар (лево), Сократ (во средина) и Илија

Миодраг Мицковиќ
Дали се сеќавате на тројцата фудбалски мускетари од Скопје, на браќата Илија, Сократ и Лазар Мојсов, кои едно време заедно играа во првата постава на Вардар во Првата лига на поранешна Југославија. Денес, далеку од фудбалот, од топката, од аплаузите. Гледачите одамна немаат можност да ги видат атрактивните голови на Сократ Мојсов, играч што знаеше да скокне "небо под облаци, како што тоа народот знае да каже, да постигне неверојатен гол со глава.
Иако Илија Мојсов беше прв што го облече првотимскиот дрес на Вардар и за него има одиграно 194 натпревари, иако Лазар Мојсов настапуваше и за младинската репрезентација на поранешна Југославија, во дресот на Вардар 84 настапи, Сократ Мојсов беше тој што го прослави фудбалското семејство на Мојсови.
Извонреден фудбалер, роден голгетер, играч кој се одликуваше со својата скромност, но и со голови, кој речиси никогаш, кога веќе обезбеди првотимски статус во Вардар, не беше резерва.
За 12 години, додека го носеше дресот на Вардар, сў до неговото заминување во францускиот прволигаш Рен играше со неколку генерации на "црвено-црните, почнувајќи од Часлав Божиновски, Кочо Димитровски, Андон Дончевски, Петар Шулинчевски, Славко Дацевски, Владо Николовски, Диме Георгиев, со голманите Тоде Георгиевски, Коста Милошевски, Драган Мутибариќ, со веќе одамна заборавените Јован Дробац и Живко Поповски...
Зад него останаа 362 настапа за Вардар, од кои 165 првенствени, 165 постигнати голови, во Првата и Втората лига. Не е тоа мала бројка. Сў додека играше за Вардар, беше миленик на гледачите, на неговите навивачи кои секогаш, па и со право, од него очекуваа голови.
Но, да почнеме со блескавата кариера на Сократ Мојсов, некаде во далечната 1957 година, кога беше маѓепсан од фудбалската игра, кога тргна по стапките на својот постар брат Илија, кој веќе тренираше во Вардар и беше на прагот за влез во првиот т им.
- Мојот прв тренер во подмладокот беше познатиот Драган Луковски-Аџијата од кој ги научив првите фудбалски тајни, се сеќава Сократ Мојсов, денес пензионер. .Не пропуштив ниту еден тренинг, речиси дома спиев со фудбалот покрајиnbsp; мене.
Кога дебитиравте на некој официјален меч за Вардар, Ви остана ли во сеќавањето тој настан?
- Првиот натпревар тешко се заборава. Заедно со брат ми Илија заигравме во првиот состав на Вардар 1959 година, против Срем во Скопје. Победивме со 4:0. Тренерот Антал Лика ми даде шанса, но морам да кажам дека не се прославив. Нозете ми беа како врзани, топката бегаше од мене. Толку се разочарав, што малку требаше да му кажам збогум на фудбалот. Но, Илија и тренерот Лика ме убедија да продолжам со тренинзи.
Вардар таа година беше првак на Втората лига и се врати во прволигашкото друштво?
- Во Првата лига во почетокот не бев стандарден, но кога добив шанса да дебитирам во Првата лига против Вележ, кога потоа го победивме Партизан со 3:1, кога почнав да давам голови, се измени сў. Гледачите почнаа да го скандираат моето име, сў почесто ги гледав моите фотографии во весниците и Сократ Мојсов стана стандарден првотимец.
Го потпишавте и првиот договор со Вардар, а колку следуваа потоа за тие 12 години. Имаше ли пари?
- Ма какви пари, првиот договор без ниту еден динар во тоа време. Кога ми кажа дека ќе потпишам професионален договор, цела ноќ не сум спиел од радост. Зарем можев да побарам пари. Не добив многу ниту за вториот и третиот договор. Немаше во тоа време спектакуларни пари за договори како денес.
Во Вашата фудбалска кариера Ве тренираа повеќе тренери, имавте од кого и да научите?
- Најмногу од Џина Симоновски, Вардар немал подобар тренер од него. Знаеше и да нў кара и да ни биде како татко. Потоа ме тренираа и Хуго Рушевланин, Александар Томашевиќ, Варагиќ, моите поранешни соиграчи Андон Дончевски и Часлав Божиновски.
Некаде во сезоната 1965/66 година во тимот на Вардар се појави и третиот член од семејството Мојсови, најмладиот брат Лазар?
- Морам да кажам дека Лазе беше невиден талент и штета е што брзо ја заврши кариерата поради некои неправди кон него. Одличен техничар, имаше осет за топката.
Кога првпат заигравте сите тројца за Вардар?
- Против Хајдук во Скопје, во сезоната 1964/65. Сплиќаните водеа со 3:0 по првото полувреме, ние успеавме да израмниме. Потоа против ОФК Београд, Сараево, Раднички (Ниш)...
Сте играле во неколку состави на Вардар, според Вас, кој беше најдобриот?
- Тешко е тоа да се каже, но ќе одделам некои имиња: голмани: Мутибариќ и Милошевски, потоа Плачков, Бошалевски, Часлав Божиновски, Диме Георгиев, Јован Дробац, Кочо Димитровски, Живко Поповски, Петар Шулинчевски, Мирко Илиевски, Ванчо Балевски, Мирко Илиевски, Атанас Мечкаров, Андон Дончевски, јасно и моите браќа Илија и Лазар.
Игравте многу години во Првата лига на Југославија, со најпознати тогашни фудбалери. Кој Ви има оставено најсилен впечаток?
- Пред сў,иnbsp; Драган Џаиќ и Јошко Склобар, потоа Ивица Осим, маѓепсник со топката, Сафет Сушиќ, Ивица Шурјак... Ќе ми треба време и простор да ги спомнам тогашните фудбалски мајстори во Југославија.
Постигнавте многу голови на прволигашките терени. На кои голмани сакавте најмногу да им ја затресете мрежата?
- Југославија отсекогаш имала одлични голмани, почнувајќи од Милутин Шошкиќ, Илија Пантелиќ, Ќурковиќ, Дујковиќ, Кнежевиќ, Јантољак, но најмногу на Борота од ОФК Београд. Не знам зошто, на него имав мерак да му дадам гол.
Ве чуваа многу одбранбени играчи. Со кого беше најтешко?
- Со Васовиќ од Партизан, подоцна и во Црвена звезда кога потпиша. Рамлак (Динамо), Брзиќ (Војводина), Приморац (Вележ), Шангулин (Риека), Вујовиќ (Сараево), еден вистински фудбалски џентлмен. Најостри беа Болфек од Вележ и Жика Јефтиќ, познат по прекарот Лун од Црвена звезда. Секој старт, фаул над мене.
Во Вашата фудбалска биографија пишува дека сте одиграле 9 средби за репрезентацијата на Југославија, по три за "А, за "Б и за младата селекција?
- За младата репрезентација дебитирав 1963 година против Унгарија во Сегедин, загубивме со 1:0. Се сеќавам и на составот: Поклеповиќ, Миличевиќ, Зоран Вујовиќ, Милорад Милутиновиќ, Љ. Михајловиќ, Брнчиќ, Хлевњак, С. Мојсов, Лазаревиќ, Осим, Пирмаер.
И Вашето деби за "Б-селекцијата заврши со пораз?
- Една година подоцна, во Осиек, и пак против Унгарија со 1:0. Тогаш "Б-селекцијата играше во состав: Кнежевиќ, Дојчиновски, Рамљак, Петар Кривокуќа, Дакиќ, Мушовиќ, Прљач, Анѓелковиќ, Мојсов, Бечеац, Блажевиќ.
Интересно е да се напише дека некако Унгарците ми беа постојан "спаринг-партнер додека настапував за репрезентацијата на Југославија. Нема да верувате, кога првпат настапив за "А-репрезентацијата, повторно беше против Унгарија во Загреб 1966 година. Но, тогаш победивме со 2:0.
Во Загреб играа: Пантелиќ (Шкориќ), Куци, Јефтиќ, Гуглета, Рамљак, Секереш, Самарџиќ, Мојсов, Ламза (Мушовиќ), Скоблар, Џаиќ. Беше задоволство да се игра заедно со виртуозите какви што беа Скоблар и Џаиќ. Тоа не се заборава.
Со Вардар се разделивте 1971 година, кога заминавте во Франција, во прволигашот Рен?
- Во Рен останав до 1973 година, кога ја завршив фудбалската кариера со 31 година и се вратив во Скопје. Доста ми беше од фудбалот - годините притискаа, тука беше и семејството.
иnbsp;Морам да кажам дека во Франција минав три убави години, за Рен дебитирав против Олимпик Марсеј, за кој тогаш играше Скоблар. Резултатот беше 2:2.
Сепак, по враќањето од Франција, не се разделивте од фудбалот?
- Од Вардар ме ангажираа, најпрвин за тренер на најмладите категории, потоа долго време бев тренер на младинците, помагав и во работата на првиотиnbsp; тим?
Младинците на Вардар под Ваше раководство 1975 година станаа младински прваци на Југославија?
- По 26 години, повторно ја освоија таа титула, бидејќи беа шампиони на Југославија и во далечната 1947 година. Меѓутоа, оваа титула ми е една од најдрагите во мојата фудбалска и тренерска кариера. Да бидеш првак на Југославија во конкуренција на Партизан, Црвена звезда, Хајдук, Динамо, не е тоа мала работа.
Многумина од тие младинци подоцна беа стандардни првотимци на Вардар?
- Тоа, пред сў, се однесува за Влатко Димитровски, потоа Павле и Аце Георгиевски, Златко Настевски, тука беа и играчите кои играа за Вардар но продолжија и во другите клубови: голманот Љупчо Димовски, Душко Милисавлевиќ, Цветко Костовски, Миле Јовановски, Миле Ѓошевски, Драган Илиевски - Вршац, Ноле Дончевски... Беше тоа квалитетна генерација.
Многу години бевте тренер на младите генерации на Вардар?
- Потешко е да се работи со младите отколку со првотимците. Потребна е трпение педагошка работа. Тренерот им е и татко и мајка на младите фудбалери.
Вардар и во самостојна Македонија беше младински првак?
- Го освојуваше и Купот. Вардар имаше, има и денес перспективни играчи во подмладокот, треба само да им се даде шанса да играат за првиот тим.
Некако во последно време сте повлечени, далеку од фудбалот?
- Сега сум пензионер, имате право, многу се повлеков. Доста беше, околу 26 години другарував со него, како играч и како тренер. Не е тоа малку. Но, не сум се откажал од мојот Вардар кој за мене беше радост, долги години егзистенција, афирмација. И за мене и за моите браќа Илија и Лазар. Не знам, но денес ја нема онаа фудбалска еуфорија пред значајните натпревари на Градскиот стадион. Па ние не сме играле речиси никогаш пред празни трибини. Каков стимул е за денешните фудбалери не само на Вардар, да играат пред стотина гледачи. Тоа чувство никогаш не сум го имал. Полни трибини, еуфорија, гледачите нў носеа. Можеби и затоа денес не гледаме квалитетен фудбал во Македонија, ја заврши својата приказна за убавите фудбалски години што ги има доживеано во дресот на Вардар, Рен и југословенската репрезентација Сократ Мојсов.

www.utrinski.com.mk edno vreme izleguvaa vakvi stvari za site klubovi od makedonija, ako nekoj ima uste neka postavi. isto i faksimali koj ima, naskoro ke stavam od zlatnata generacija na jugokokta, deneshna makedonija dj.p.(krajot na 70-tite i pocetok na 80-tite) koja pravese rsum u togasna makedonska liga.

Makedonec
December 22nd, 2005, 17:21
Bravo odlicni raboti da se procitaat.
Odlicen clen tuka si.
Pozdrav

Iron Lion Zion
December 22nd, 2005, 19:21
Миодраг МицковиЌ
Ракометот во Кавдарци има богата традиција. Милениците на градот, ракометарите на Тиквеш во својата богата историја беа трипати шампиони на Македонија (1962, 1964, 1975 година), трипати беа победници и на Купот на Македонија (1958, 1963 и 1970). Тиквеш играше и во Втората лига во поранешна Југославија кога во својот прв настап 1971 година се пласира на високото седмо место, играше и во Меѓурепубличко-покраинската лига во сезоната 1980/81 година освојувајќи го второто место.
Клубот Тиквеш е формиран 1956 година при Спортското друштво "Тиквеш. Прв тренер беше Лазар Лалков, иницијатори за формирањето на клубот покрај Лалков беа и Ѓоко Мукаетов и Добре Ставров, основоположници на ракометната игра во Кавадарци.
За првпат Тиквеш настапи на републичкото првенство 1955 година кога го освои второто место зад Работнички.
Ракометарите на Тиквеш постојано беа при врвот на овој спорт во Македонија, низ неговите редови мина една плејада на одлични ракометари почнувајќи од Пане Малинков, браќата Симон и Јован Ќурчиеви, Јордан Илков, браќата Анѓушеви, Миодраг Мицајков, Зарков, Зафиров, голманот Ризов, Камчев, Масларков.
Во својата богата историја Тиквеш имаше подеми и падови, играше и во Втората лига на Македонија, се бореше со низа финансиски проблеми, но сепак, Тиквеш беше и остана синоним на ракометниот спорт во Кавадарци.
Денес ќе ја претставиме екипата на тиквеш од 1964 година, кога по втор пат беше шампион на Македонија. Од тоа време минаа 40 години.
http://i33.photobucket.com/albums/d89/zlit/rktikvesstaraekipa.jpg
1. Јован Ќурчиев, долгогодишен капитен на Тиквеш, легенда на кавадаречкиот ракомет. Подоцна тренер на клубот. По професија шумарски инженер.
2. Перо Ризов, еден од најдобрите голмани на Тиквеш. Долго го чуваше неговиот гол. Работи како автомеханичар.
3. Илија Мукаетов, играше само за Тиквеш. Починат е.
4. Симон Ќурчиев, со братот Ванчо двигател и иницијатор на играта на Тиквеш во кој ја заврши кариерата. По професија шумарски инженер.
5. Ристо Белевски долги години беше член на Тиквеш, за кој ги одигра и последните натпревари во успешната ракометна кариера.
6. Добре Зафиров, мошне брз, знаеше да дава голови од невозможни ситуации. Вработен во Шумското стопанство Бор.
7. Миодраг Мицајков, доктор по правни науки. Редовен професор на Правниот факултет во Скопје.
8. Јордан Илков, вистински бомбардер, голгетер на клубот, од чии удари страхуваа сите голмани во Македонија.
9. Диме Велков настапуваше единствено за Тиквеш. По професија-шумарски инженер.
10. Гоше Алексов, секогаш кога беше најпотребно го заменуваше на голот Ризов. Денес е приватен угостител, сопственик на познатиот ресторан во Кавадарци "Златна рипка.
11. Васко Јосифов, денес пензионер. Живее во Скопје, беше вработен во "Макпетрол. [/SIZE]

Iron Lion Zion
December 23rd, 2005, 15:43
По 10 години настапи во Втората, минатата година играше и во Третата лига - запад, Караорман е на пат повторно да се врати во прволигашкото друштво ан Македонија
Миодраг МицковиЌ
Годинава Фудбалскиот клуб Караорман од Струга прославува убав јубилеј, 60 години од своето формирање. И токму во оваа сезона е на добар пат одново да се врати во прволигашкото друштво на Македонија каде повеќе години настапува со голем успех. Фудбалот во Струга има навистина богата традиција. Пред повеќе од 80 години, поточно 1923 година во градот на брегот на Орхидското Езеро беше формиран прв фудбалски клуб под името Црн Дрим. Следната година беа одиграни и првите натпревари со Победа од Охрид. Интересно е можеби да се напише дека токму тој прв меч со традиционалниот, со години противник, беше прекинат во второто полувреме кога гостите од Охрид поведоа со 1:0 на општо изненадување на гледачите во Струга го напуштиле теренот.
Шест години подоцна Црн Дрим се расформира, беше одржано ново основачко собрание и клубот доби ново име - Југославија, кој поради воените дејствија престана да постои 1941 година.
Фудбалот во Струга одново заживеа 1945 година кога беше формиран ФК Караорман, кој и денес го носи тоа име. Прв претседател беше Галабин Ковачевски, секретар Димче Белевски.
Во 1947 година Караорман играше во Битолската зона, потоа беше формиран Битолскиот потсојуз 1952 година кога Победа од Прилеп беше прва, Караорман се пласира на високото четврто место.
За првпат Караорман настапи во Македонската лига во сезоната 1953/54 година, освојувајќи гои петтото место. Но, веќе наредната година не се прослави многу во друштвото на најдобрите клубови во Македонија, беше последен и испадна од лигата. Караорман не беше долго отсутен од Македонската лига, се врати 1958 година за да постојано биде нејзин член до 1992 година кога беше формирана Прва лига во самостојна Македонија. Сепак, 1993/94 година струшкиот миленик испадна од Првата лига и повеќе не се врати меѓу најдобрите клубови во Македонија. Дури минатата сезона играше и во Трета лига - запад, денес е член на Втората лига со големи шанси заедно со Пелистер, кој води на табелата одново да се врати во Првата лига.
Меѓу најпознатите струшки фудбалери се Томе Тутенковски, Јаковче Поповски, браќата Ѓоргоновски, Живко Ефтимовски, Ковачевски, Петрит Баут, Лазо Липовски, Лазо Дуновски, Никола Матовски, Љубомир Ќук, Морарцалиев, Ајро...
Денес ќе го претставиме тимот на Караорман од 1963 година.
http://i33.photobucket.com/albums/d89/zlit/karaormanstaraekipa.jpg
1. Петрит Баута, повеќе до десет години играше за Караорман, потоа беше сојузен судија во поранешна Југославија, претседател на Судискиот одбор на ФФМ, член на УО, денес претседател на ОФС Струга.
2. Паско Ѓоргоновски, играше само за Караорман.
3. Томе Башуровски, долгогодишен член на Караорман. Починат е.
4. Ќазими Аџидемир, столб на одбраната на Караорман.
5. Перо Ѓоргоновски, еден од тројцата браќа Ѓоргоновски. По завршувањето на кариерата беше тренер на Караорман, играше и во Швајцарија. Починат е.
6. Перо Младеновиќ, во Караорман дојде од Врање. За Караорман бранеше четири години.
7. Томе Тутенковски, легенда на струшкиот фудбал. За Каарорман има одиграно повеќе од 500 натпревари, на двапати беше голтеер на Македонската лига. Играше и за Тимочанка од Књажевац. Беше тренер на Караорман, делегат од Македонија во ФСЈ. Починат е.
8. Живко Ефтимовски, по успешните настапи за Караорман мина во Вардар во времето на Дробац, Мутибариќ, Георгиев, Мечкаров... За Вардар има одиграно 18 натпревари, постигнал три гола.
9. Спиро Ѓоргоновски, третиот член на семејството Ѓоргоновски. Играше само за Караорман.
10. Илија Ковачевски, покрај за Караорман, го носеше и дресот на прилепска Победа.
11. Иван Хаџиев, пред да додје во Караорман настапуваше за Осогово од КОчани. Стана струшки зет. Беше и тренер на Осогово.

Iron Lion Zion
December 23rd, 2005, 16:14
Победа од Валандово, која во сезоната 1976/77 година го освои второто место во Македонската лига, во 1995 година иако беше првак на Втората лига, со нарачани изјави од службени лица во записникот од мечот со Брегалница од Делчево беше вратена во понизок ранг
Миодраг МицковиЌ

Фудбалот во Валандово има богата традиција, но, за жал, по многуте успешни сезони во Првата лига на Македонија, денес миленикот на градот Победа игра во Општинската лига. Благодарејќи на фудбалската влада на чие чело беше тогашниот претседател Љубисав Иванов, фудбалот практично "умре во Валандово 1994/95 година кога Победа беше првак на Втората лига, но не и беше дозволено да игра во друштвото на најдобрите клубови во Македонија. Наводно, поради наместениот резултат со Брегалница во Делчево. Дури подоцна, судијата Дивитаров од Битола призна дека војата изјава во протоколот за наводното "местење ја пишувал под директива на фудбалските моќници и јавно им се извини на љубителите на фудбалот во Валандово и на Победа. Меѓутоа, тоа извинување беше задоцнето, цели четири години не се играше фудбал на убавиот стадион во Валандово, Победа не сакаше да игра повторно во Втората лига, не играше ниту во Брегалничкиот регион.
Дури 2002 година клубот повторно беше реактивиран, успеа да влезе во Втората лига - Исток, но потоа се замеша локалната политика, Победа се откажа во текот на првенството и сега настапува во Општинската лига на Валандово.
Инаку, првата фудбалска топка во Валандово ја имаат донесено браќата Илија и Никола Кистадинови уште 1922 година. Првиот тим се викал Беласица, од 1924 година го смени името во Победа. Меѓутоа, сў до 1948 година, клубот неколку пати го менуваше името: Голаш, Македонија, Пролетер за да од 1948 година одново го добие името Победа.
По неуспешните квалификации за влегување во Македонската лига, 1966 против Индустријалец од Скопје (ex mik denesno skopje) и 1967 година против Љуботен, конечно за првпат Победа стана член на Македонската лига 1976/77 година кога го постигна најголемиот успех освојувајќи го второто место. Во сезоните 79 и 81 Победа беше петта, но 1984 гоидна поради финансиски проблеми испадна од Македонската лига. Што е уште потрагично испадна и од Втората 1986 година, н овеќе наредната година се врати. И потоа, дојде 1994/95 година кога како шампион на Втората лига Љубисав Иванов и останатите членови на Управниот одбор не и дозволија да игра во Македонската лига кога почна и фудбалската трагедија на валандовчани.
Денес ќе го претставиме тимот на Победа од 1982 годниа кој играше во Македонската лига:
http://i33.photobucket.com/albums/d89/zlit/pobedavalandovo.jpg
1. Стојан Стојанов, играше за кумановски ЧИК, потоа долги години за Победа. По завршувањето на кариерата беше сојузен фудбалски судија, судеше и во Третата лига на Југославија.
2. Душко Василев, бранеше и за Победа и за Беласица во Втората лига.
3. Боро Пилиповиќ потекнува од Црвена звезда (Јосифово), која играше во Меѓурегионална лига - исто, потоа настпауваше за Победа.
4. Трајче Невеселов, едно од најпознатите имиња на валандовскиот фудбал. Настапуваше за Вардарски, беше тренер на Победа, Ударник (od Pirava, tamu ima igrano petar gosev, imaa igrano 2 ili 3 sezoni vo 2 mak liga, klubot veke ne postoi), Вардарски.
5. Ѓоко Атанасов го носеше дресот само на Победа.
6. Митко Јанакиев почна во Кожув, потоа долго играше за Победа.
7. Спасе Јанев, резервен голман на Победа во таа сезона.
8. Панде Керамичиев, тренер на екипата.
9. Богољуб Павлов играше за Вардарски и потоа за Победа.
10. Ванчо Алтанов, играч на Победа. Веќе подолго време живее во странство.
11. Здравко Зајков, долго играше и за Беласица.
12. Ристе Павлов, настапуваше само за Победа.
13. Голе Делев, го носеше дресот единствено на Победа.
Инаку, тренери на Победа биле Блажо Малинков, Нако Тотовски, Ристо Божинов, Ашиков, Џотев, Гоце Петровски, Славе Крстев.

Iron Lion Zion
December 23rd, 2005, 16:45
Миодраг МицковиЌ
Вардар од Неготино е еден од најстарите клубови во Македонија, формиран во далечната 1933 година. За прв претседател на клубот беше избран Јордан Камчев. Во својата историја Вардар има играно во Штипскиот потсојуз, повеќе години во Македонската лига, во Меѓурегионална лига-исток за да последниве години настапува во Третата лига - југ.
Интересно е да се напише дека постар клуб во Неготино e СД "Тиквеш, формиран 1931 година, чиј прв претседател беше Пане Апостолов.
Во материјалите од историјата на Вардар ги пронајдовме и имињата на првите фудбалери кои играа во тие триесетите години: Ванчо Мојсов, Панде Апостолов, Пане Мантев, Димо Павлов, Јордан Андонов, Јордан Захариев, Пане Тодорчов, Блажо Глигоров, Лазо Димов, Манчо Малиминов, Лазо Лазов, Лазо Поп Коцев, Блажо Ставров, Љубо Житаров...
Игралиштето на Вардар се наоѓало на просторот на денешната "Електродистрибуција и Здружението на возачи, додека неготински Тиквеш имал свое игралиште, каде денес се наоѓа фабриката "Јадран.
Пред да стане член на Македонската лига, Вардар има играно во Штипскиот потсојуз, за првпат во сезоната 1951/53 година освојуваќи го шестото место. Најголем успех во натпреварите на Штипскиот потсојуз, каде играа Брегалница, Беласица, Осогово, Борец, Малеш, Вардар го има постигнато 1959/60 година пласирајќи се на второто место.
Во Македонската лига, во друштво со најдобрите клубови од нашата држава Вардар почна да членува 1961/62 година кога на крајот на сезоната беше деветти. Најголем успех Вардар го има постигнато 1977/78 кога беше петти во Македонската лига. На двапати се пласира на шестото место 1976/77 и 1968/69 година.
Во своите настапи во Македонската лига, Вардар на трипати мораше да ја напушти лигата: 1970/71 и 1974/75 кога се пласираше на 16-то место, а последен пат испадна 1981/82 година кога беше последен на табелата.
Вардар повеќе не се врати во друштвото на најдобрите клубови во Македонија, играше во Меѓурегионалната лига-исток, една од двете практично Втори лиги на Македонија, потоа, поради финансиски проблеми и други внатрешни недоразбирања во клубот, по трансформации во фудбалски натпреварувања во Македонија, последниве години игра во Третата лига-југ, но на голема жалост на љубителите на фудбалот од Неготино, никако да го освои првото место и да игра во единствената Втора лига.
Во нашата денешна рубрика "Слики во времето ќе го претставиме тимот на Вардар од Неготино од сезоната 1964/65 година кога играше во Македонската лига, снимен пред 40 години.
http://i33.photobucket.com/albums/d89/zlit/vardarnegotino.jpg
1. Кире Ризов, играше само за Вардар.
2. Никола Гилевски, покрај за Вардар, бранеше за скопски МИК(skopje denesno) и Работнички.
3. Ванчо Бојаџиев, еден од најдобрите играчи на Вардар, го носеше само неговиот дрес.
4. Јово Апостолов, еден од најстарите фудбалери на Вардар.
5. Ристо Петров, по завршувањето на кариерата во Вардар, беше долги години републички фудбалски судија.
6. Ѓоко Андов, настапуваше само за Вардар.
7. Мирко Наумовски, играше за Вардар, а потоа замина за Австралија.
8. Марко Георгиев, има играно и за скопски Вардар, за неготински Вардар, а потоа и тој замина за Австралија.
9. Бане Ивановски, покрај дресот на Вардар го носеше и дресот на скопски Метлаец(so fuzija na metalec i industrijalec vo 1960 nastana mik, denes skopje) кој играше во Македонската лига, беше голгетер на лигата.
10. Никола Митков, беше член само на Вардар.
11. Томе Бунаров, настапуваше и за Лозар од Демир Капија.
12. Боро Костадиновски, еден од поискусните играчи на Вардар.
13. Сотир Чочков, не играше многу за Вардар.
Инаку Вардар го имаат тренирано Буби Ивановски, Блажо Малинков, Ангел Кимов, Томе Хаџивасилев, Герасим Мантев...

Romanticar
December 25th, 2005, 01:14
Одлична тема. :thmbup: Ќе се надоврзам деновиве, имам доста интересни материјали за Работнички.

Iron Lion Zion
December 25th, 2005, 05:18
Статистиката напомош при рангирањето на вардаровите фудбалски ѕвезди
Димитровски рекордер по настапите, Дончевски по постигнатите голови
Голманот Драган Мутибариќ е трет според бројот на настапите во црвено-црниот дрес (вкупно 461)
МИОДРАГ МИЦКОВИЌ
Во изминатите речиси 60 години црвено-црниот дрес на Вардар го носеле стотици фудбалери, настапувајќи во Првата и во Втората лига на поранешна СФР Југославија, а потоа од 1992 година во Првата лига на самостојна Македонија.

Вардар е најтрофејниот клуб во државава, повеќекратен првак на Македонија и освојувач на Купот, учесник во квалификаците за Лигата на шампионите, во Купот на УЕФА, Интертото купот, победник на Југословенскиот куп во 1961 година, шампион на Југославија 1986 година. Вардар има играно на сите континенти - од Јужна и Северна Америка до далечната Австралија.

Сигурно читателите на "Утрински весник", особено оние помладите кои немале можност да ги гледаат Андон Дончевски, Кирил Дојчиновски, Дацевски, Кочо Димитровски, Мето Спасовски, Петар Шулинчевски, Јосиф Сребров, се прашуваат кои беа најуспешните фудбалери на Вардар во овие изминати шеесетина години. Тешко е да се одговори на ова прашање, бидејќи секоја генерација имаше свои идоли - почнувајќи од Кирил Симоновски - Џина, Цинциевски, Часлав Божиновски, Васко Кокиновски, Тоде Георгиевски, потоа Сократ Мојсов, Васил Рингов, Ванчо Балевски, Дарко Панчев... Според многумина популарниот Џина е без конкуренција најдобриот играч на Вардар во историјата, а по него следуваат Мето Спасовски и Дарко Панчев.

Можеби овие податоци кој фудбалер одиграл најмногу натпревари во дресот на Вардар, кој постигнал најмногу голови, малку ќе помогнат за да се разрешат некои дилеми околу тоа кој бил најдобар. Рекордер по бројот на настапи во црвено-црниот дрес е поранешниот капитен и подоцна тренер Кочо Димитровски со недостижни 845 настапи. Меѓу првите десет се и: Мето Спасовски со 647, Драган Мутибариќ со 461, Ѓоре Јовановски со 456, Атанас Мечкаров со 435, Јосиф Сребров со 427, Петар Груевски со 416, Борче Мицевски со 408, Сократ Мојсов со 362 и Ванчо Спасовски со 326.

Кој е најдобот голгетер на Вардар? Таа титула, барем засега, му припаѓа на Андон Дончевски, подоцна тренер на шампионбскиот тим на Вардар во СФРЈ и уште подоцна селектор на македонската репрезентација, кој има постигнато 217 голови. Веднаш зад него е Мето Спасовски со 212, потоа следи Стојан Велковски - Цојле од постарата генерација на Вардар со 191, па Петар Шулинчевски со 190, Ѓорѓи Цинциевски со 188 и на крајот Васил Рингов и Сократ Мојсов со по 186 гола.

Iron Lion Zion
December 25th, 2005, 05:25
Легендата на Вардар, Драган Мутибариќ замина во пензија
Парадите на Муто се уште се паметат
Во Вардар дојде во далечната 1966 година од тогашниот второлигаш Срем, и во неговиот дрес настапи на 461 натпревар
http://i33.photobucket.com/albums/d89/zlit/mutibaric.jpg
Миодраг Мицковиќ

Драган Мутибариќ беше и остана миленик, не само на навивачите на повеќекратнот шампион на Македонија, туку и на сите љубители на фудбалот. Неговите паради на голот на Вардар сў уште се паметат, неговите феноменални одбрани со кои ги доведуваше до очај противничките играчи. Несомнено Драган Мутибариќ сигурно е еден од најдобрите голмани кој бранел во Македонија.

Во Вардар дојде во далечната 1966 година од тогашниот второлигаш Срем, заедно со Плачков, Рац, со тренерот Душан Варагиќ, со Хуго Рушевљанин. Во дресот на Вардар бранеше на 461 натпревар, а по бројот на настапите, на вечната листа се наоѓа на четвртото место веднаш зад Кочо Димитровски (845), Мето Спасовски (647) и Ѓоре Јовановски (486 настапи).

Во својата богата и блескава кариера, Драган Мутибариќ, од денес пензионер, со инвалидска пензија од 7.200 денари (а беше врвен спортист на Македонија, еден од најдобрите), освен за Вардар, бранеше и за германските тимови, познатиот Шалке 04 и Швенинген, за Трепча кога играше во Прва лига, за Тетекс, подоцна и за Македонија од Ѓорче Петров и Скопје, на крајот и за членот на Вардарскиот регион Микрогранулат-od gostivar кога беше заборавен од клубот во кој ги мина најдобрите години од својот живот и од фудбалската и голманска кариера. Бранеше со голем успех, иако на своите плеќи веќе имаше 49 години.

Драган Мутибариќ, од сите фудбалери од Македонија, има најмногу настапи за поранешната репрезентација на Југославија - 11, плус пет за младата селекција до 21 година, која бо 1968 година беше и Европски првак токму благодарејќи на одличните одбрани на Мутибариќ.

Со Трепча играше и во финалето на Купот на Југославија против Риека кога загубија со 1:0 дури во второто продолжение.

Може да се пофали и со еден голмански рекорд во Македонија. На голот на Македонија Ѓорче Петров во 1989 година цели 1.004 минути немаше примено гол. Тој рекорд тешко дека некој голман ќе го собори.

Добитник е на 13-то Ноемвриската награда на Скопје, беше спортист на Македонија во 1969 година, двапати меѓу десетте најдобри.

Оние постари љубители на фудбалот сигурно ги паметат неговите одбрани на средбата Вардар-ОФК Београд 0:0 на Градскиот стадион во Скопје, кога практично сам играше против целата екипа на белграѓаните, која на овој меч требаше да победи за да се спаси од испаѓањето. И додека играчите на Вардар, поголем дел од нив поради пријателството со тогашните ѕвезди на ОФК Београд, Драгослав Шекуларац и Милош Милутиновиќ, сакаа да му ги препуштат бодовите на ?романтичарите?, на голот беше Мутибариќ кој тоа попладне бранеше сў- и што можеше и што се вели, неможеше да се одбрани. Такви одбрани на Градскиот стадион не се паметат.

-Тоа беше мојата најдобра одбрана во дресот на Вардар, речиси на ниво на она во полуфиналето на Средноевропскиот куп кога во Калјари го победивме истоимениот тим, тогаш една од најдобрите екипи во Италија за која играше познатиот Џиџи Рива, беа зборовите на Драган Мутибариќ.

На тие 461 настап во дресот на Вардар Мутибариќ постигна и осум голови.

-Да, па јас ги шутирав пеналите за Вардар во мое време сў до оној квалификационен меч со Осиек за влегување во Првата лига. Мојот удар голманот на Осиек Крсмановиќ го одбрани, но сепак, ме спаси Мето Спасовски кој го постигна решавачкиот гол во тие рулет пенали и ние станавме членови на Првата лига.

За времето минато меѓу стативите на Вардар, Драган Мутибариќ, бранеше во многу селекции. Сепак, екипата во која играа Дробац, Рац, Георгиев, Мечкаров, Плачков, М. Спасопвски, К. Димитровски, С. Мојсов, Сребров и Шулинчевски, според неговите зборови, не се заборава.

Не треба да се заборават и Ванчо Спасовски, Врбица, Ѓоко Николовски, Балевски, Шуица, М. Илиевски, и уште една плејада одлични фудбалери кои беа заедно во тимот со легендата на Вардар, Драган Мутибариќ.

Кои се според мислењето на Мутибариќ најдобри голмани во Македонија?

-Во мое време Благоја Истатов, џин меѓу стативите, извонреден голман, денес Петар Милошевски, Јане Николовски, Гого Јовчев. Македонија секогаш имала добри голмани, ни рече на крајот на овој разговор, новопечениот фудбалски пензионер, кој како што вели, доколку не беше повредата на рбетот, која го оддели од голот, со своите 58 години, можеше и денес да брани.

Iron Lion Zion
December 26th, 2005, 16:53
Дали во сезоната 1984/85 година Вардар ги имаше најсилниот состав во својата историја

Миодраг МицковиЌ
Многу генерации на фудбалери го имаат облекувано дресот на Вардар во изминатите 58 години од неговото формирање и првиот настап во далечната 1947 година во Првата лига на поранешна Југославија. Во овој долг период Вардар беше победник на Купот на Југославија 1962 година, шампион на Југославија 1986 година, има настапувано во Средноевропскиот куп, Купот на УЕФА, во квалификациите за Лигата на шампионите, во Интер тото куп. Неговите фудбалери имаат играно за најдобрите кубови во поранешна Југославија: Црвена звезда, Хајдук, Динамо, Војводина, Олимпија, Риека, Железничар, Раднички...
Меѓутоа, генерацијата од сезоната 1984/85 година според општото мислење беше најдобрата во неговата историја, тоа беше генерација која по две години стана и шампион на Југославија. Во 1984 година Вардар беше петти во Првата лига, во конкуреција на 18 клубови. Тогашниот тренер Илија Димоски имаше на располагање 16 фудбалери.
1. Бранислав Белевски, физиотерапевт, денес наместо со својата поранешна работа, се има посветено на бизнисот со алкохолни пијалаци.
2. Васил Рингов, почна во Беласица, играше за Партизан, Тетекс, Вардар, Динамо од Загреб, Ајнтрахт (Б), беше директор на Вардар, за кој има одиграно 392 натпревари и постигнато 188 голови.
3. Горан Живановиќ, дојде од Црвена звезда. На голот на Вардар 40 мечови. Се врати повторно во Црвена звезда.
4. Кочо Димитровски, една одлегендите на клубот. Играше само за Вардар, 845 натпревари во неговиот дрес, 95 голови. Долгогодишен капитен, денес тренер на подмладокот.
5. Драги Сетинов, потекнува од ФК Скопје, има играно за Работнички, Саса, Победа, потоа неколку години за Хајдук, и во Егалео (Грција). Во дресот на Вардар 198 натпревари.
6. Илија Најдоски, почна во Питу Гули од Крушево, потоа играше за Победа, Вардар, Црвена звезда, кога беше европски и светски првак, шпанскиот Ваљадолид, Арау (Швајцарија) и турскиот Денизли. За Вардар 134 натпревари.
7. Миле Симовски го носеше дресот на Вардар на 156 мечеви, играше и за Тетекс, Цементарница. Денес е вработен во ДХЛ.
8. Ангел Ефремов за Вардар бранеше на 19 мечеви. Потекнува од Овче Поле, има брането и за Победа од Валандово.
9. Чеде Јаневски почна во Скопје, за Вардар има одиграно 200 натпревари. Кариерата ја продолжи во белгиски Шалроа, Истанбул, играше и за Бриж, каде денес е тренер на вториот тим на овој клуб.
10. Петар Шулинчевски, помошник на тренерот Димоски. Играл за Преспа, во дресот на Вардар 317 мечеви, пстигнал 190 голови.
11. Гоце Алексовски почна во Астибо, потоа во Брегалница, Победа, Пелистер, Скопје, во дресот на Вардар 122 меча, со 22 постигнати голови.
12. Борче Мицевски има 408 натпревари за Вардар и 120 постигнати голови. Едно време играше во Турција во Есхишехир, денес е помошник на Ѓоре Јовановски во Работнички Кометал.
13. Томче Трајановски, дете на Пелистер, покрај за Вардар (100 средби), има играно и за Македонија, Алумина и Новаци. Денес е еден од тренерите на Работнички Кометал.
14. Дарко Панчев, едно од најпознатите фудбалски имиња на Вардар за кој има одиграно 207 средби, со 132 постигнати голови. Играше за Црвена звезда кога беше европски и светски првак, потоа за Интер од Милано, Дрезден, Локомотива од Лајпциг, швајцарски Арау.
15. Петар Георгиевски, почна во Пелистер, во дресот на Вардар 162 средби, 30 голови. По Вардар играше во Франција за Дижон, денес е еден од тренерите во Вардар.
16. Гордан Здравков, почна во Овче Поле, настапувал за Брегалница, во дресот на Вардар 185 натпревари, 57 голови. Кариерата ја има завршено во Линц (Австрија). До неодамна тренер на штипска Брегалница.
17. Ѓоре Јовановски за Вардар има одиграно 486 натпревари. Има играно и за Црвена звезда, за Самсунг и Анкара Гуџу во Турција. Беше прв тренер на Вардар, тренер во Турција, селектор на македонската репрезентација, денес шеф на Стручниот штаб на Работнички Кометал.
18. Тони Савевски по Вардар, за кој има одиграно 256 средби со 13 постигнати голови, долги години настапуваше и беше најдобар фудбалер на грчкиот АЕК од Атина. Беше и тренер на овој клуб, тренер на Кипар. Потекнува од битолски Пелистер.

Iron Lion Zion
December 26th, 2005, 16:57
Од Кирил Симоновски до Дарко Панчев
Популарниот Џина беше капитен на СФРЈ во нејзиниот прв официјален меч во 1946 во Прага


Миодраг МицковиЌ
Поголем број фудбалери од Македонија имаат настапувано за разните селекции во поранешна Југославија, почнувајќи од најдобрата А репрезентација па сў до онаа аматерска, која играше во тогашниот Куп на Европа.
Веќе напишавме дека првиот репрезентативец од Македонија кој го облече дресот на поранешната југословенска репрезентација беше Кирил Симоновски-Џина, кој настапи на тој прв официјален меч за Југославија во далечната 1946 година во Прага кога Југословените победија со 2:0, Симоновски беше капитен на репрезентацијата. Тој имаше вкупно 11 настапи во синиот дрес.
Потоа за најдобрата селекција на Југославија играа Благоја Видиниќ, Кирил Дојчиновски, Сократ Мојсов, Бошко и Милко Ѓуровски, Методија Спасовски, Тони Савевски, Драган Канатларовски, Илија Најдоски, Дарко Панчев и Вујадин Станојковиќ.
Но, да се вратиме на останатите селекции. Прв фудбалер од Македонија кој настапувал за Б репрезнтацијата на Југославија е починатиот Владо Николовски на мечот меѓу Југославија и Романија 1957 година, одигран на 29 септември во Скопје, негов прв и единствен настпа во синиот дрес.
Југословенската Б репрезентација играше во состав: Стојановиќ, Пијаковиќ, Ж. Николиќ, Калоперовиќ, Спаиќ, Резар, Николовски, Ивош, Веселиновиќ, Прљинчевиќ и Љ. Огњановиќ.
Беше тоа мошне силен содтав. Втор фудбалер од Македонија кој играше за Б селекцијата беше Славко Дацевски со четири и Кирил Дојчиновски со три настапи.
Благоја Видниќ е прв фудбалер, репрезнтативец од Македонија кој го има облечено дресот на младата репрезентација на Југославија (играчи до 21 година) на средбата меѓу Југославија и Австрија (2:1), 1954 година во Загреб. За младата селекција Видиниќ има одиграно два меча.
Интетесен е тој сотав на младата репрезрнтација: Видиниќ, Баножиќ, Н. Рафовиќ, В. Поповиќ, Чудовиќ, Шантек, Липушиновиќ, Јоциќ, Д. Крстиќ, Калоперовиќ, Рудински.
Од Македонија за младата репрезентација на Југославија имаат играно и Андон Дончевски (1), Сократ Мојсов (3) и Томислав Јанковски (1) меч.
Благоја Видиниќ и бекот на Вардар Предраг Лазаревски иама таа чест први од Македонија да настапат за младинската репрезентација на Југославија и тоа на Европското првенство во Франција кога Југославија го освои првото место.
Еве го тој состав од 1951 година, од средбата меѓу Југславија и Франција (3:0).
Видиниќ, Станиќ, Рора, Карапанџија, Лазаревски, Стефановиќ, Лазиќ, М. Љубеновиќ, Милош Милутиновиќ, Жупар, Липушиновиќ.
За младинската репрезентација на Југославија имаат настапувано повеќето фудбалери од Македонија: Видиниќ и Лазаревски по три меча, Лазар Мојсов и Раде Чапарески дури на седум, сегашнито гувернер на Народната банка Петар Гошев на три, на две средби играле Борче Милевски, Жарко Оџаков и Трифун Стаматов, а на поедна: Атанас Џорлев, Павле Георгиевски и Петар Шулинчевски.
И конечно, тогашната аматерска репрезентација. Прв фудбалер кој го облече дресот на аматерите беше голманот на МИК Кирка Лазов, кој бранеше на шест натпревари. За првпат на мечот меѓу Југославија и СР Германија во Сисак (0:0). За аматерската репрезентација на Југославија Ристо Глигоровски има пет, Живко Ѓорѓиоски и Јосиф Сребров по два и Ванчо Балевски еден натпревар.

Iron Lion Zion
December 26th, 2005, 17:17
Vo sezonata 1970/71 godina, Vardar igrase vo kvalifikaciite za vleguvanje vo Prvata liga protiv Buducnost i Osiek
МИОДРАГ МИЦКОВИЌ
Дали се сеќавате на овој тим на Вардар од сезоната 1970/71 од пред 35 години кога како првак на Втората лига - Исток играше во квалификациите за влегување во Првата лига против Будуќност од Титоград и Осиек.
Тогаш, во таа сезона заедно со Вардар во источната група на Втората лига играа и Победа од Прилеп, Работнички, Брегалница од Штип, Тетекс и скопски МИК. Еве ги резултатите на Вардар со македонските претставници: Работнички 3:2 и 0:2, Тетекс 1:0 и 0:2, Победа 2:0 и 3:0, Брегланица 2:1 и 0:0 и со МИК 3:0 и 1:0.
Во "фото финиш Вардар беше прв пред Борац од Чачак со 43 освоени бода колку што имаа и чачаните, но со еден гол подобра гол разлика.
Во квалификациите за влегување во Првата лига против Будуќност Вардар победи во Скопје со 3:0, доека во реваншот, тогаш во Титоград, мечот беше прекинат во 75 минута при резултат 1:1 откако некој од гледачите со воздушна пушка го погодил голманот Мутибариќ со сачма во лицето.
Во втората решавачка средба за влегување во прволигашкото друштво против Осиек, Вардар на двапати беше поуспешен - победи и во Осиек и во Скопје со 1:0. Покрај Вардар за Првата лига се пласираше Борац од Бања Лука од групата - Запад. Тренер на Вардар во таа сезона беше Кирил Симоновски-Џина.
Во денешната наша рубрика "Слики во времето ќе го претставиме тој тим на Вардар кој обезбеди пласман во Првата лига.
http://i33.photobucket.com/albums/d89/zlit/vardarskopje1970-71.jpg
1. Атанас Мечкаров, за Вардар има одиграно 435 средби. Има играно за скопски Металец и за второлигашот Куманово. Денес има автомеханичарски сервис.
2. Драган Мутибариќ, сигурно еден од најдобрите голмани не само на Вардар туку и во Македонија. Во дресот на Вардар 461 меч. Бранел за Срем, Трепча, Шалке 04, Тетекс, за репрезентацијата на Југославија на простувањето на Пеле во Рио де Жанеиро против Бразил.
3. Благоја Анчевски, бек во Вардар дојде од МНК. Во "црвено-црниот дрес има настапено на 298 средби, постигнал 6 голови.
4. Лазар Плачков, во Вардар дојде од Бачка Паланка. За скопскиот тим одиграл 347 натпревари, потоа настапуваше за Тетекс, каде беше и тренер. Ги тренираше Тетекс, Силекс, Победа, сега е технички директор на Силекс.
5. Блаже Димитровски играше за Вардар 63 натпревари, настапуваше и за Работнички.
6. Јосиф Сребров, 427 натпревари во дресот на Вардар, постигнал 48 голови. Почнал во ФАС 11 Октомври, играше и за Работнички, Скопје, каде едно време беше тренер .Има и три настапи за аматерската репрезентација на Југославија. Починат е.
7. Методија Спасовски, еден од легендите на Вардар со 647 настапи. Постигнал 212 голови. Играше и за репрезентацијата на Југославија, постигнал гол против Бразил на "Маракана и два гола против Белгија во Скопје. Настапувал и за Сарбрикен, беше тренер на сите селекции во Вардар, денес е пензионер.
8. Ѓоко Николовски, во Вардар дојде од Пелистер. Постигнал 60 голови на 308 натпревари. Подоцна се вратил во Пелистер, играл и за Новаци.
9. Крсто Врбица во Вардар дојде од Нови Сад. Во дресот на скопјаните 201 меч, постигнал 61 гол. Потоа се врати во Стара Пазова каде играше за Јединство.
10. Ванчо Балевски, 379 натпревари, 128 голови. По Вардар настапувал за Хајдук, Олимпија и Карлсруе. Денес е тренер.
11. Диме Георгиев има 364 настапи со 59 постигнати голови за Вардар. Играше и за Тетекс. Беше тренер на Кожув и Вардарски.

Iron Lion Zion
December 26th, 2005, 17:55
Брегалница од Штип е клуб со богата фудбалска традиција во Македонија, формиран во далечната 1921 година
МИОДРАГ МИЦКОВИЌ
Брегалница од Штип е еден од најсгтарите клубови во Македонија, формиран во далечната 1921 година. Покрај Вардар, Тетекс, Победа, Куманово, МИК, Пелистер, тиквеш, Беласица, Балкан и скопски Металург има играно од 1964 па се до 1990 година, со мали прекини во Втората лига на Југославија. Речиси и нема вид на натпревари во Македонија во кој нема настапувано Брегалница почнувајќи од Штипски потсојуз, Четврта зона, Втора лига на Македонија, едно време играше и во Т ретата лига - исток, во Првата лига каде и денес настапува.
Првиот официјален натпревар Брегалница по своето формирање 1921 година го има одиграно против Тимот Југовиќ забележувајќи победа од 2:1.
Во Штип во изминатите години на кормилото на Брегалница биле познати тренери почнувајќи од Владимир Беара, Петар Пуриќ, Љубиша Арсеновиќ, Кирил Дојчиновски, Кочо Димитровски, Мирко Наџаков, потоа и нејзините поранешни фудбалери Стојан Арсов, Драган Христовски, Никола Хаџиев, Гордан Здравков...
За првпат Брегалница стана член на Првата лига на Македонија во сезоната 1950/51 кога го освои петтото место во конкуренција на 12 клубови.
Брегалница со успех играше повеќе години во Втората лига на Југославија. за првпат во сезонагта 1963/64 година по одиграните две квалификациони средби со Титоград. Во Штип беше 1:0 за Брегалница, во Подгорица 1:0 за титоград така што мораше да се изведуваат пенали. Јунак на тој меч беше голманот на Брегалница Ефремов кој одбрани три удари од белата точка и штипјаните станаа членови на Втората лига.
Денес во нашата постојана рубрика "Слики во времето ќе го претставиме тимот на Брегалница од 1964 година кога играше во Втората лига на поранешна Југославија.
http://i33.photobucket.com/albums/d89/zlit/bregalnicastip.jpg
1. Петар Пуриќ, еден од најуспешните тренери на Брегалница. Во Штип дојде во 1958 година и се до својата смрт остана во градот под Исарот.
2.Никола Хаџиев, капитен на екипата, еден од најдобрите играчи. Подоцна од 1979 па се до 1988 година тренер на тимот.
3. Симеон Ефремов, меѓу најдобрите голмани кој бил на голот на Брегалница. Покрај за Брегалница долги години има брането за Бор, за ОФК Београд и во Грција. Денес е тренер. Работел и во Тунис.
4. Кире Иванов, десен бек. Во својата кариера играл само за Брегалница.
5. Коце Манушев - Руфе, лев бек, почна и кариерата ја заврши во Брегалница.
6. Стојан Арсов, едно од најпознатите фудбалски имиња во Брегалница. Центархалф, столб на одбраната. Играше и за прилепска Победа. Беше и тренер на Брегалница, едно време и член на Стручниот штаб на Силекс од Кратово. Беше избран меѓу единаесетмината фудбалери на векот на Брегалница. Има напишано автобиографска книга "Џали.
7. Мирко Ципушев, покрај за Брегалница настапувал и за Плачковица.
8. Ѓорѓи Желев, еден од фудбалерите кој целиот свој фудбалски век го има минато носејќи го дресот на Брегалница.
9. Благој Ашиков, во Брегалница дојде од Беласица. Голгетер, еден од најдобрите напаѓачи. Починат е.
10. Јордан Ражанков по завршувањето на кариерата како фудбалер во Брегалница беше тренер на Рудар, Слога од Виница, Силекс...
11. Гордош Иштван љубителите на фудбалот го паметат во неговите решавачки голови. Од Штип замина за Сомбор, каде остана да живее.
12. Војче Спасовски, легенда за охридскиот фудбал, кој едно време го носеше дресот на Брегалница. Лево крило, извонреден играч, вистински голгетер. По завршувањето на кариерата се посвети на тренерскиот позив во својот Охрид.

Romanticar
December 26th, 2005, 19:34
:star: ФК Работнички Скопје 1937 :star:

Историја на клубот (http://www.romanticari.org/Istorija_Rabotnicki.htm)
Бои на клубот (http://www.romanticari.org/Boi.htm)
Легенди (http://www.romanticari.org/Legendi.htm)
Најзабележителни успеси (http://www.romanticari.org/Uspesi.htm)
Првата македонска спортска комедија, "2:1" од Васил Иљоски (http://www.romanticari.org/2-1.htm)
Фотографии и факсимили од историјата на клубот (http://www.romanticari.org/Galerija_Istorija.htm)

Harry Potter
December 26th, 2005, 23:39
odlicna tema

Iron Lion Zion
December 27th, 2005, 01:30
odlicna e temava, baska ucime za klubovive od provincija koi ne se establirani megu skopskite meduimi (za zal), vporocem kako ni skopskite. samo da znaete kolku vreme imam potroseno po arhivata na utrinski vesnik da gi najdam ovie stvari. vo sekoj den izleguvase po edna statija za sekoj klub, a na net e stavena samo po edna statija vo mesec.
baska sega primetiv deka mickovic(toj sto gi pisuva) ima nekoi greski. vo vardar skopje 1984/5 kaj darko pancev pisuva deka igral vo lokomotiva lajpcig, ja znam samo za lajpcig a za lokomitva neam poim, i nema igrano vo drezden, tuku vo fortuna dizeldorf.

Iron Lion Zion
December 27th, 2005, 03:00
Одбојкарите на Вардар шампиони на Југославија во сезоната 1975/76
Миодраг Мицковиќ
Одбојкарите од Македонија можат да се пофалат дека во поранешната Прва лига на Југославија имале четири екипи во прволигашкото друштво; Вардар и Работнички од Скопје, Струмица и Борец од Велес. Во сениорската репрезентација на Југославија од Македонија играле Трифуновски, Донев, Богоевски, Тасевски, Јанковски, Србиновски. Тоа беше златно време на македонската одбојка, особено во сезоната 1975/76, кога одбојкарите на Вардар станаа шампиони на Југославија и играа во Купот на шампионите, го освоија четвртото место во Европа на турнирот во градот Пиексемаки во Финска. Навистина ги загубија сите три средби, но со најдобрите екипи во Европа: ЦСКА (Москва) со 3:0, за московјаните играа девет репрезентативци на тогашниот СССР. Беа поразени од Динамо (Букурешт) во чии редови настапуваа десет романски репрезентативци и од ЦСКА (Софија) со седум репрезентативци на Бугарија.

Денес ќе го претставиме шампионскиот тим на Вардар од 1976 година.
http://i33.photobucket.com/albums/d89/zlit/okvardarskopje.jpg
1. Таки Џиков
тренер, творецот на шампионскиот тим. Беше тренер на сениорската репрезентација на поранешна Југославија, со неа беше медитерански првак во Сплит и освојувач на бронзен медал на Европското првенство во Париз. Беше во Стручниот штаб на југословенската репрезентација на Олимписките игри во Москва која го освои шесто место.
2. Сергеј Божиќ
универзален спортист, одбојкар, фудбалер, ракометар. Во тоа време беше и активен пилот во ЈНА.
3. Илија Мојсов
не го искористи својот извонреден потенцијал како левучар. Играше за младинската и Б репрезентација на Југославија.
4. Владимир Богоевски
сигурно наш најдобар одбојкар и еден од најдобрите во тоа време, не само во Југославија туку и во Европа. Има повеќе од 200 настапи во дресот на Југославија, на повеќе од сто бил капитен. Сопственик на бронзените медали од европските шампионати во Белград 1975 и во Париз 1979 година, златен медал на Медитеранските игри во Сплит, шесто место на Олимпијадата во Москва. Играше во Белгија и за шпанската Барселона.
5. Миле Петковски
темпо играч, добар скокач. Настапуваше за младинската репрезентација на Југославија.
6. Трифе Трифуновски
спој на две генерации, прв играч од Македонија кој заедно со струмичанецот Донев играл за репрезентацијата на поранешна Југославија. Подоцна тренер на Вардар, по професија дипломиран правник. Играч без кого не можеше да се замисли првата шесторка на Вардар.
7. Васко Кузмановски
специјалист за прием на противничкиот сервис, одличен дефанзивен играч, но му недостасуваше напаѓачки потенцијал. Починат.
8. Љупчо Зафировски
во Вардар дојде од тетовски Љуботен. Интересен играч, добар скокач и блокер.
9. Борче Георгиевски
дете на Вардар. Имаше повеќе епизодна улога во тимот, но секогаш беше тука да влезе во игра кога беше потребно, малку да ги одмори стандардните првотимци.
10. Зоран Докузовски
плејмејкер, организатор на играта на Вардар, столб на целата игра. И тој настапуваше за младинската репрезентација на Југославија.

Подоцна, во Вардар настапуваа една плејада на одлични одбојкари и репрезентативци на Југославија. Тоа беа Александар Тасевски, Горан Србиновски и Горан Јанков, извонредни одбојкари кои придонесоа за многуте подоцнежни успеси на Вардар. За жал, денес одбојкарскиот клуб Вардар се бори со многуте финансиски проблеми, има млади играчи, но далеку е од оние години кога беше една од најдобрите екипи во поранешна Југославија.

Ambis
December 28th, 2005, 05:31
Imase ednas vaka za RK Pelister pred nekolku godini ama nemozam da go najdam :)

Ambis
December 28th, 2005, 16:27
СЛИКИ ВО ВРЕМЕТО
Фудбалската репрезентација на Скопје во поранешна Југославија играше со голем успех на повеќе меѓународни турнири во странство

http://utrinskivesnik.com.mk/izdanija/1707/21200.jpg

Пред повеќе од триесетина години, во поранешна Југославија, фудбалската репрезентација на Скопје играше често на меѓународни турнири во странство и тоа со голем успех. Сў уште се во сеќавањето турнирите во англискиот град Братфорд, во градот Рубе во Франција, Ташкент, во Менхенглабдах во Германија.
Репрезентацијата на Скопје имаше во тоа време мошне силен состав, составена од играчите на Вардар, Работнички и МИК.
Во Југославија често имаше традиционални средби со репрезентациите на Белград, Ниш, Загреб. Тренер на репрезентацијата најчесто беше Јово Никушев.
Најголем успех репрезентацијата на Скопје го има постигнато 1973 година, кога на турнирот во Братфорд го освои првото место. Во финалето го победи Братфорд со 1:0, во полуфиналето португалската екипа Баија.
Во Франција, во Рубе, 1972 година, селекцијата на Скопје беше трета, на меѓународниот турнир во Скопје 1972 година, го освои второто место.
Беа тоа традиционалните турнири на збратимените градови кои предизвикуваа големо интересирање кај љубителите на фудбалот бидејќи речиси сите градови настапуваат со мошне познати фудбалери и во најсилните состави.
Во нашата денешна постојана рубрика "Слики во времето ќе ја претставиме репрезентацијата на Скопје која 1973 година, во Братфорд го освоила првото место.
1. Томче Коцевски, тренер на тогашната репрезентација. Коцевски долги години беше тренер на ФАС "11 Октомври.
2. Методија Таневски, д-р стоматолог. Кариерата ја почна во битолски Пелистер, потоа беше стандарден првотимец на Работнички во неговите второлигашки денови. Денес живее во Австралија. Неговата ќерка е јуниорски првак на оваа држава.
3. Стерио Георгиевски, во почетокот играше за Питу Гули од Крушево, потоа долги години за Работнички.
4. Љупче Шумантев, настапуваше за МИК, играше за Работнички, беше и првотимец на скопски Вардар, за кој има одиграно десет натпревари.
5. Ѓорѓи Тодоровски-Џони, стандарден првотимец на Вардар со 200 настапи во неговиот дрес со 11 постигнати голови. Играше подоцна и за Тетекс. Денес живее во Австралија.
6. Ванчо Георгиевски имаше богата фудбалска кариера. Почна во Скопје 63, потоа настапуваше за Локомотива, Алумина и Југококта.
7. Слободан Илиевски во тоа време беше еден од најдобрите голмани во Македонија. Кариерата ја почна во скопски Балкан, потоа беше и на голот на Вардар, за кој бранеше на 36 натпревари. Кариерата во Македонија ја заврши во Тетекс. Потоа замина за САД каде со голем успех бранеше на натпреварите во мал фудбал, играше заедно со познатиот играч од Хајдук, Славиша Жунгул. Остана да живее во САД каде има вносен бизнис со перални на алишта.
8. Стерули Бураку, еден од најдобрите фудбалери и голгетер на Балкан, потоа и на Југококта. Денес е сопственик на фирмата за увоз на италијански возила "Аутомобиле СК.
9. Томче Филиповски, еден од најдобрите играчи за Работнички, негов долгогодишен капитен, беше водач на патот во Братфорд.
10. Горан Климпер настапуваше за Вардар, потоа за Југококта. Денес е раководител на младинските селекции на Фудбалската федерација на Македонија.
11. Ванчо Мешковски играше за Скопје, Југококта и за Работнички.
12. Лазар Диневски, беше долги години стандарден првотимец на Југококта од Ѓорче Петров.
13. Благоја Стојановски-Карпа. Играше за Вардар, за Работнички каде беше тренер. Трагично загина на помошното игралиште на Работнички.

Iron Lion Zion
December 28th, 2005, 16:45
13. Благоја Стојановски-Карпа. Играше за Вардар, за Работнички каде беше тренер. Трагично загина на помошното игралиште на Работнички. stariot doma mi ima kazano za nekoj fudbaler na rabotnicki sto zaginal za vreme na trening od udar na grom, a togas rabotnicki igral vo 2 yu liga

hehe nauciv sega uste nekoi igraci na makedonija, 10x ambis
Горан Климпер настапуваше за Вардар, потоа за Југококта. Денес е раководител на младинските селекции на Фудбалската федерација на Македонија.
Ванчо Мешковски играше за Скопје, Југококта и за Работнички.
Лазар Диневски, беше долги години стандарден првотимец на Југококта од Ѓорче Петров.
Стерули Бураку, еден од најдобрите фудбалери и голгетер на Балкан, потоа и на Југококта. Денес е сопственик на фирмата за увоз на италијански возила "Аутомобиле СК. edno vreme dodeka sin mu igrase vo pionerska pa i kadetska ekipa bese sponzor na klubot
Ванчо Георгиевски имаше богата фудбалска кариера. Почна во Скопје 63, потоа настапуваше за Локомотива, Алумина и Југококта.
ja imam nekoi stari broevi od skok od pred 8-9 godini, pa ke iskeniram i ke stavam nekoi interesni raboti

Makedonec
December 28th, 2005, 19:14
13. Благоја Стојановски-Карпа. Играше за Вардар, за Работнички каде беше тренер. Трагично загина на помошното игралиште на Работнички.
Nema nikogas da zaboravam na nego. Bese pri kraj na 80's godini. Vardar igrase so nekoj tim vo ex-Yugo liga i nema da zaboravam koga kasaa za nego i mu dadovme minuta pocit. Mal bev dali imav 7-8 godini ama toa go pamtam.
Tragicno

Romanticar
December 28th, 2005, 21:20
И јас имам слушнато за тој случај. :frownani:

Ми кажувале дека Работнички имал тренинг, времето истурало од врнење, а покојниот Карпа бил во скок покрај голот кога го погодил громот - веројатно привлечен од железната статива. :depress: Сепак, малку ме збунува тоа што во текстот пишува дека бил тренер на Работнички.

Како и да е, нека му е вечна слава! :star:

Iron Lion Zion
January 5th, 2006, 16:46
Ракометарите на "Графичар од Скопје беа втора екипа од Македонија кои во сезоната 1959/60 играа во Првата лига на поранешна Југославија
Ракометарите на поранешниот Ракометен клуб Графичар од Скопје, беа втората екипа која играше во Првата лига на Југославија во далечната сезона 1959/60. За првпат во историјата на македонскиот ракомет во друштвото на најдобрите клубови на Југославија играа две екипи од Македонија - Работнички Графичар. Инаку, покрај Работнички, кој беше долго години член на Првата лига, дури и финалист на Купот, во Првата лига играа уште подоцна со голем успех и битолски Пелистер и велешки Борец.
Интересно е да се напише како беше формиран Графичар. Во почетокот тоа беше ракометна екипа Партизан ВИИ од гимназијата Орце Николов, подоцна сите играчи минаа во Борац, клуб на ЈНА чие игралиште се наоѓаше во Градскиот парк, веднаш зад салата и Работнички. Подоцна клубот го презеде Графичар, поточно печатницата Гоце Делчев, која обезбедуваше средства за долгите патувања по Југославија и настапи во прволигашката конкуренција. По неколку години Графичар беше расформиран, целата екипа мина во денешниот Вардар.
Графичар заедно со Работнички, Пелистер (тогаш Работнички), Борец Тиквеш, Југ беше една од најсилните екипи во Македонија. Во сезоната 1959 година ја освои титулата - првак на Македонија и играше во квалификациите во Нови Сад за влегување во Првата сојузна лига. ВО првиот меч беше совладан шампионот на Хрватска Сплит со 19:18, потоа првакот на Војводина, истоимениот тим со 16:8 и на крајот Ловќен со Цетиње со 17:11 и Графичар стана прволигаш и во таа сезоната играше заедно со Работнички во прволигашкото друштво.
Оваа фотографија во рубриката Слики во времето е направена во таа прва и единствен прволигашка сезона. Истата година Графичар испадна од лигата, бидејќи поради неправилната регистрација на Владимир Шахов од ФК Охрид, Графичар беше казнет - три први средби неиграње кои ги загуби со службен резултат од 5:0. По испаѓањето Графичар неколку сезони играше во Втората лига - југ на Југославија.
http://i33.photobucket.com/albums/d89/zlit/rkgraficar.jpg
1. Томислав Павичиќ, голман кој подоцна бранеше дури и за фудбалската екипа на Напредок од КИчево. Починат е.
2. Предраг Франовиќ, по професија Графичар. Играше ракомет, но беше и вработен во печатницата Гоце Делчев.
3. Д-р Марјан Марјановиќ, професор на Правниот факултет, пред тоа секретар на Факултетот. Починат е.
4. Никола Богдановски, кариерата ја почна во скопски Трговски, потоа играше за Графичар, Работнички, на крајот за Металург, каде беше и тренер, технички директор. Починат е.
5. Владимир Шахов, дипломиран економист. Беше и директор на ГП Илинден. Кариерата ја заврши во Работнички.
6. Илија Петрески, во Графичар дојде од Прилеп. По завршувањето на ракометната кариера беше комерцијален директор на Македонија табак. Пензионер.
7. Д-р Душан Микиќ, лекар. Кога ја заврши ракометната кариера беше судија, судеше и во Првата сојузна лига на Југославија, денес член на Судискиот одбор на Ракометната федерација.
8. Миодраг Мицковиќ, бранеше и за Партизан ВИИ, Борац, Графичар и Вардар. Спортски новинар, долгогодишен уредник на Спортската редакција на Нова Македонија и главен уредник на Скок. Денес пензионер.
9. Божидар Васиљевиќ, и тој потекнува од Партизан ВИИ. Долги години беше претставник на италијанската фирма Милано термика, специјализирана за парно греење. Денес е бизнисмен.
10. Душко Ивановски во Графичар дојде од Работнички. Подоцна тренер на повеќе екипи од Скопје. Денес пензионер.
11. Зафир Куноски, играше за Работнички, беше член на југословенската репрезентација, еден од најдобрите ракометари на Македонија. Подоцна тренер на женската екипа на Скопје која играше во Првата лига на Југославија. Беше и селектор на Југославија. Беше и селектор на женската репрезентација на Македонија. Починат е.
Интересно е да се напише дека во таа заедничка сезона со Работнички во Првата лига Графичар победи во првата првенствена средба со 12:9, иако на полувремето Работнички водеше со 8:3, а со вториот меч Работнички се реваншира победувајќи со 23:13. Првиот меч е одигран на Градскиот стадион, пред 3.000 гледачи.
Тренер на екипата беше д-р Перивое Раниќ, поранешен играч на оваа екипа.

Iron Lion Zion
January 5th, 2006, 16:52
Покрај Работнички и Графичар од Скопје, во далечните педесетти години, потоа Пелистер од Битола и Борец од Велес, во поранешната Југославија, во Првата лига играа и ракометарите на Вардар од Скопје од 1975 до 1978 година. Денес Вардар Ватростална е една од најдобрите ракометни екипи во Македонија, учесник и во Лигата на шампионите, државен првак и повеќекратен победник во Купот.

Во денешниот број на Спортскиот прилог на "Утрински весник" ќе се потсетиме на еден состав на Вардар, кој во 1976 година успеа да се пласира во Првата тогашна југословенска лига. Оваа фотографија на Вардар, без онаа додавка Ватростална е снимена на 27 јули во далечната 1975 година. Инаку, во тие шеесетите години, речиси целата екипа на Графичар, поради финансиски проблеми мина во новоформираниот Вардар.

Се играше на отворени терени, оваа фотографија е снимена на малиот ракометен стадион на Вардар, во Градскиот парк, кој се наоѓаше веднаш до тениските терени на Југ, зад Зоолошката градина, каде се играа натпреварите во Македонската лига. По пласманот во Првата лига, Вардар мораше да игра во сала - во Автокоманда и на Кале.
Еве го тој состав на Вардар, кој следната година обезбеди учество во Првата лига на поранешна Југославија.
http://i33.photobucket.com/albums/d89/zlit/rkvardar1976.jpg
1. Ванчо Јовановски
Еден од нашите најдобри голмани. Има 80 настапи за југословенската репрезентација, бранеше заедно со Диздар, подоцна со Живковиќ. Подоцна бранеше за Пелистер, Трепча, Металург и во Германија за клубот Бад Швартау. Јовановски беше и тренер на репрезентацијата на Македонија, на Вардар, денес е тренер на женската екипа на Вардар.
2. Љупчо Савевски
Силен шутер, настапуваше и за Пелистер и за Работнички, играше во Германија и Франција. Беше селектор на сениорската и младинската репрезентација на Македонија, тренер во Саудиска Арабија. Денес е без ангажман.
3. Кире Ивановски
Популарниот "Ќумбе". Играше за Металург и Работнички, едно време беше тренер на машката екипа на Металург и Вардар. Брз, експлозивен и мошне нервозен. Настапуваше за младинската репрезентација на Југославија.
4. Митко Здравковски
Играч кој го посакуваа сите тренери, поради неговата дисциплинирана игра. Настапувал и за Пелистер и за Дубочица од Лесковац. Денес живее во Австралија.
5. Никола Божиновски
Беше стандарден играч на Вардар повеќе години, добар шутер. Играше само за Вардар, денес живее во Словачка. Сопственик е на фирмата "Болин".
6. Коста Чикос
Голман, подготвен во секое време да го замени на голот Ванчо Јовановски. Настапуваше за Вардар, Работнички и Бетон, дипломиран правник, работи во "Македонските железници".
7. Предраг Зорба
Висок, корпулентен, од кого стравуваа сите голмани во Македонија. Играше и за Пролет.
8. Миле Гиевски
Брз како ветер, крило. Не играше долго за Вардар, но мошне корисен играч.
9. Славе Атанасовски "Чаве"
долги години е на ракометните терени. Беше клучен играч на Вардар во одбраната, го носеше и дресот на Пролет, Работнички и Борец од Велес. Беше селектор на младинската и нашата најдобра репрезентација, тренер на Верија од Грција и повеќето екипи во Македонија.
10. Зоран Гиевски
Едно од најдобрите крила во Македонија. Неверојатно брз и пробивен, се надава голови. Настапуваше и за Работнички. Работеше во печатницата на "Нова Македонија".

Инаку, тренер на оваа екипа беше Ристо Трпчевски-Буцо.

Да потсетиме дека Вардар во прволигашка конкуренција играше против Црвена звезда, Црвенка, Дубочица (Лесковац), Борац (Бања Лука), Партизан (Бјеловар), Металопластика (Шабац), Медвешчак (Загреб), Колинска (Љубљана), Пролетер (Зрењанин), со елитата на тогашниот југословенски ракомет.

Iron Lion Zion
January 5th, 2006, 16:58
РК Пелистер успешен во некогашната Прва југословенска лига
Миодраг Мицковиќ
Ракометарите на Пелистер заедно со Работнички, Графичар, Вардар, Металург, Борец од Велес ја пишуваа историјата на македонскиот ракомет. Со години се во врвот на овој еден од најпопуларните спортови во Македонија, екипа во чии редови играа повеќето од репрезентативци на поранешна Југославија, денешни репрезентативци на Македонија. Беа и вицешампиони на Југославија, повеќекратни прваци на Македонија, четирикратни победници на Купот на Македонија, финалисти на европскиот "Челенџ куп" кога во битката за пехарот загубија од данскиот претставник Скјерн. Почетокот беше со името Пелагонија кога во далечната 1968 год. станаа прваци на Македонија, а подоцна го сменија името во Пелистер, постигнувајќи ги своите најголеми успеси на домашната и меѓународна сцена.
http://i33.photobucket.com/albums/d89/zlit/rkpelister1983-84.jpg
Во денешната рубрика " Слики во времето" ќе го претставиме тимот на Пелистер кој во сезоната 1983/84 за првпат стана член на поранешната Прва лига на Југославија.
1.Абдула Јусуфовски
стандарден првотимец, десен бек кој кариерата подоцна ја продолжи и во Јафа Промет од Ресен, член на првата лига на Македонија. Благодарен играч за секој тренер.
2.Митко Здравковски
пикер. Настапуваше и за скопски Вардар. Знаеше и од невозможни ситуации да постигнува голови.
3. Љупчо Савевски
корпулентен, силен, пробивен. Играше и за Вардар, во Германија и Франција. Беше и селектор на најдобрата репрезентација на Македонија. Успешен тренер.
4.Борко Јовичиќ
во Пелистер дојде од Криваја од завидовиќи. Брз, експлозивен, го сакаше битолската публика.
5.Пепи Манасков
легендата на македонскиот ракомет, играч со најсилен шут на нашите ракометни терени. Почна во велешки Борец, играше и во Вардар, Хамел во Германија, Кретеи во Франција, за Целје од Словенија, пред извесно време еден месец настапуваше и во Катар. Репрезентативец на поранешна Југославија и се разбира на Македонија. Денес е член на Тедико од Велес.
6.Ванчо Јовановски
сигурно еден од нашите најдобри голмани на сите времиња. Бранеше и за Вардар, Металург, во Германија. Има најмногу настапи за поранешната репрезентација на Југославија од сите македонски ракометари, беше и селектор на А репрезентацијата на Македонија, репрезентативец, тренер. Денес е тренер на женската екипа на Вардар.
7.Иво Мунетиќ тренер. На Олимписките игри во Минхен 1972 година кога Југославија го освои златниот медал му беше помошник на првиот тренер Владо Штенцел.
8.Зоран Атанасовски не беше член на првата постава, но секогаш подготвен, да влезе во игра и помогне. Играше и за Јафа Промет од Ресен.
9.Драган Маринковиќ
заедно со Манасков еден од нашите најдобри ракометари. Настапуваше за Вардар, Тиквеш, играше во Моденаво Италија, беше член на југословенската младинска репрезентација која го освои третото место на Светското првенство во Анкона. Денес живее во Австралија, каде е селектор на репрезентацијата на оваа држава. Репрезентативец на Македонија.
10.Ќамил Фестиќ
беше дојден од сараевски Железничар. И тој играше за Југословенската репрезентација.
11.Аце Станковски
југословенски и македонски репрезентативец, играше на Светското младинско првенствово Анкона за Југославија. Настапуваше за Вардар, Металург, Јафа Промет, за Морнар од Бар. Денес е тренер на јуниорската селекција на Македонија и поранешен репрезентативец.
12.Динко Вулета
во Пелистер дојде од загребски Медвешчак. И тој настапуваше за југословенската репрезентација.
13.Цане Крстевски
долгогодишен играч на Пелистер, негов тренер. Речиси сите успеси на Пелистер и битолскиот ракомет се поврзани со името на Цане Крстевски.

Iron Lion Zion
January 5th, 2006, 17:03
Интересна приказна на поранешниот македонски фудбалски репрезентативец
Станојковиќ две години играл за два клуба, никој не се жалел!
Миодраг Мицковиќ
Фудбалската приказна за Рипли, за онаа рубрика "Верувале или не". Поранешниот фудбалер на Вардар и репрезентативец на Македонија Вујадин Станојковиќ цели две години на стапувал за два клуба, во две различни лиги, беше голгетер и најдобар играч, но за чудо, тоа никој не го забележал ниту пак некој клуб се жалел поради неговиот неправилен настап за две екипи. Не, не е шега. Ова е вистинит настан, за кој и денес со насмевка на лицето го раскажуваше Вујадин Станојковиќ, поранешен фудбалер на Вардар, Партизан, репрезентативец на две држави, денес член на Стручниот штаб на најдобрата репрезентација на Македонија на чие чело се наоѓа селекторот Драган Канатларовски.

- Одамна беше тоа, на почетокот на мојата кариера. Имав 17 години и навистина во тоа време играв за два клуба. За ФК Речица, од моето село каде и денес живее моето семејство, во Општинската лига на Куманово, во саботите, во неделите настапував за ФК Пчиња од селото Трговиште која играше во Општинската лига на Врање. Што е уште поинтересно, цели две сезони 1983 и 1984 година играв за овие два клуба, бев најдобар нивни играч, дури и голгетер бидејќи во тоа време не играв во одбрана како во Вардар и Партизан, туку бев центарфор. Два клуба, две општински лиги, два сојуза а јас играв без проблеми, без некој да се жали поради мојот неправилен настап бидејќи никој не можеше да игра за два клуба и тоа во иста држава - поранешна Југославија.
Каде трениравте?
- Тренирав со фудбалерите на Речица, колку можеше да се тренира во еден селски клуб. Имав некоја природна кондиција, бев млад. За Пчиња настапував во неделите, а за Речица во саботите. Дури и тие во Пчиња не знаеја дека играм ден претходно за друг клуб. И што е уште поинтересно, за тие две години ниту еднаш не бев повреден за да не можам да одиграм за два дена, два натпревари.
- Моето играње за два клуба никој не го забележал и кога настапив за репрезентацијата на Општинската лига на Куманово на мечот против една селекција на Општинскиот сојуз на Власина. Дури на тој меч им паднав во очи на функционерите на Куманово, кое играше во Втората лига, иако две години им бев пред очите на настапите на Општинската лига на Куманово. Ме повикаа да играм за Куманово и 1985 година почнав да настапувам за трет клуб - Куманово, но сега морав да играм само за него. Веќе бев познат фудбалер, голгетер, се надавав голови во Втората лига во дресот на Куманово. Речица и Пчиња останаа само еден убав спомен на почетокот на мојата кариера.

Станојковиќ само една сезона играше за Куманово, сосема доволно да го привлече вниманието на Вардар и на покана на тогашниот тренер Илија Димоски 1985 година потпиша за Вардар. Дојде како проверен голгетер, но долго не играше бидејќи немаше право поради неправилна регистрација. Каков апсурд. Потоа тренерот Димоски го смени Вукашин Вишњевац, но кога веќе доби право на настап, за Станојковиќ немаше место во нападот на Вардар, покрај Панчев, Рингов, Здравков...
- Дури кога како тренер во Вардар дојде Андон Дончевски и јас фудбалски "прогледав". Дончевски, иако тоа не го сакав ме прекомандува од центарфор на десен бек. Ми беше многу тешко во почетокот. До тогаш мене ме чуваа противничките играчи, сега јас нив. Во таа сезона 1986/87 бев стандарден во Вардар па дури и прогласен од "Спортски новости" од Загреб како најдобро оценет десен бек во Првата лига.
Добрите игри во Вардар му донесоа и покана од белградски Партизан и од 1989 па сў до 1993 година го носеше "црно-белиот" дрес, беше стандарден, стана и репрезентативец на поранешна Југославија за која има 24 настапи за "А" селекцијата и три за Олимпискиот тим, играше и на Олимпијадата во Сеул.
Кариерата Вујадин Станојковиќ, онаа фудбалска не ја заврши во Партизан. Замина во Шведска од 1993 до 1996 година, играше за членот на Првата лига Дегефош, потоа од 1996/98 за Трелеборг, исто така во Шведска.

Заедно со Дарко Панчев и Илија Најдоски, Вујадин Станојковиќ може да се пофали дека настапувал за најдобрата репрезентација за две држави.

Веќе напишавме, за поранешна Југославија. Дебитираше на мечот Југославија - Италија во Сплит (1:1), настапи ина Светското првенство во Италија 1992 година, требаше да игра и на Европското првенство во Данска, но со распадот на поранешна Југославија, иако веќе репрезентацијата беше допатувана во Копенхаген, на Југославија не и беше дозволено да игра иако го имаше обезбедено учеството. Се замешаа ФИФА и УЕФА и на интервенцијата на Обединетите нации, наместо Југославија настапи Данска, прекуредно, како домаќин и стана европски шампион.

За репрезентацијата на Македонија, Вујадин Станојковиќ има одиграно осум натпревари. Дебитираше против Данска во Скопје 1:1 на покана на тогашниот селектор Андон Дончевски.

Денес е, како што напишавме, член на Стручниот штаб на репрезентацијата на Македонија заедно со Аднан Зекири, под раководство на селекторот Драган Канатларовски.

Зад него останаа многу натпревари, една богата и успешна кариера и интересна приказна за ФК Речица и ФК Пчиња која ќе влезе во аналите на фудбалскиот свет, како нешто несекојдневно.

Зад него остана и онаа тажна сплитска ноќ на стадионот "Пољуд", како член на Партизан на мечот со Хајдук, кога беше запалено југословенското знаме во предвечерието на распадот на поранешна Југославија, кога заедно со голманот Омеровиќ и останатите белградски фудбалери се спасуваше од навивачите на сплитските "бели" бегајќи кон соблекувалната на почетокот на второто полувреме при водството на Партизан од 2:0. И мечот со Вележ на стадионот во Мостар кога ноќта пред средбата со динамит беше тешко оштетени две влезни врати и дел од трибината и кога цел еден одред на специјалци со детектори го пребаруваа теренот и стадионот да видат дали има уште некој поставен експлозив.

Беше тоа да не се повтори, како што вели самиот Вујадин Станојковиќ, бидејќи имаше сигурно многу повеќе радосни и среќни моменти во неговата блескава фудбалска кариера.

Iron Lion Zion
January 5th, 2006, 17:08
Балкан е шести клуб од Скопје кој играл во поранешната Втора лига на Југославија
Балкан од Скопје е еден од најстарите, можеби и најстар клуб во Македонија, формиран во далечната 1921 година, на 03 февруари. Основачкото собрание било одржано во кафеаната " Трпчева меана " а за прв претседател бил избран Ѓоре Иванов.

Има некои документи дека Балкан е формиран 1919 година, но сепак официјално тој постои од 1921 год. кога на 30 мај е регистриран во Белградскиот фудбалски потсојуз. Оригиналот од овој доцумент, со кој е регистриран Балкан се наоѓа во Музејот на град Скопје.

Успесите на Балкан почнаа во сезоната 1966/67 година кога го има освоено првото место во Скопската лига, а за првпат настапи во Првенството на Македонската лига 1967/68 освојувајќи го шестото место.

Во сезоните 1988/89 и 1989/90 Балкан беше првак на Македонската лига кога се пласира во тогашната Трета лига-исток на поранешна Југославија во која покрај Балкан играа Теткс, Силекс, Брегалница, Мајданпек, Победа, Раднички(К), ФАП, Дубочица, Раднички(П), Трепча, Лирија . . .

Следната сезона, со одлични игри, под водство на амбициозниот тренер Зоран Мишиќ Балкан го освои првото место во Третата лига-исток и се пласира во Втората лига на Југославија. За овој успех големи заслуги има и претседателот на клубот Ванчо Гепргиевски, директорот Благоја Георгиевски, секретарот Гоце Јовановиќ.

Во самостојана Македонија Балкан не се прослави многу. Испадна од Првата лига, подоцна и од Втората, а последниве неколку години се натпреварува во Третата лига-север, со минимални шанси годинава да се врати барем во второлигашкото друштво.

Денес, во нашата рубрика Слики во врмето ќе ја претставиме екипата на Балкан која се пласира во Втората лига на Југославија 1991 година.
http://i33.photobucket.com/albums/d89/zlit/balkanskopje.jpg
1.Феим Бегановиќ во Блкан дојде од Југококта, има настапувано за Металург, С. Југомагнат, Вардар за сега повторно да игра за Балкан.
2.Џемаил Зекири кариерата ја започна во Куманово, за Балкан бранеше во неговите најдобри денови, потоа за цементарница, едно време и за Црвена Ѕвезда од Гнилане.
3.Цане Александровски има настапувано за повеќе клубови почнувајќи од Балкан, Силекс, тетекс, Работнички, Рад, Кикинда, едно време играше и во Германија.
4.Љупчо Рафевски кариерата ја почна во ССК од Драчево, настапуваше за Балкан, ФЦУ и Овче Поле. Денес е тренер.
5.Светозар Станковски, репрезентативец на Македонија во оние први селекции. Играше и за Балкан, Металург, долго го носеше и дресот на Вардар.
6.Мијалче Михајлов, денес интернационален фудбалски судија. Почна во Работник од Лозово, ги бранеше боите на Балкан, Металург и на крајот на Мкедонија Од Ѓорче Петров.
7.Гоце Димовски-дете на скопски Металург, беше и член на Вардар, Маџари, Пелистер, едно врме играше и во Македонија Престон во Австралија.
8.Музафер Салихи, долго години го носеше дресот на Балкан, околу две години беше член на Слога Југомагнат, но најмногу натпревари ги одигра со голем успех за Балкан.
9.Дејан Кускински беше голгетер на Балкан. И тој има настапувано за повеќе клубови почнувајќи од Малеш(Берово), Силекс, Работнички, Скопје, играше и за новосадска Војводина. Денес е тренер.
10.Борче Христов почна во Вардар, од Балкан замина за Цеље каде настапуваше за Публикум во времето кога тренер на оваа екипа беше поранешниот селектор Никола Илиевски-Џиџи.
11.Муамер Салихи и тој долго беше член на Балкан, едно време играше и за Цементарница, а на крајот за Црвена звезда од Гнилане.

Poland-Cement
January 5th, 2006, 17:20
5.Светозар Станковски, репрезентативец на Македонија во оние први селекции. Играше и за Балкан, Металург, долго го носеше и дресот на Вардар.

I remember such player from Macedonian NT, he played 3 matches in NT and he also played for Cementarnica. It it the same player ?

Iron Lion Zion
January 5th, 2006, 18:33
i think that is the same player, or maybe you're thinking og goran stankovski-gama, he was playing in sloga, rabotnicki, cementarnica, vardar....

Iron Lion Zion
January 5th, 2006, 21:07
Победа за првпат стана шампион во самостојна Македонија

Победа од Прилеп спаѓа меѓу најстарите фудбалски клубови во Македонија, почнувајќи од "Гоце Делчев", како што во почеток овој клуб го носеше името па сў до Победа и првата шампионска титула во самостојна Македонија. Низ нејзините редови мина една плејада на одлични фудбалери, Победа во изминатите шеесетина години ја тренираа многу познати тренери од поранешна Југославија почнувајќи од легендарниот Моша Марјановиќ, Василие Шијаковиќ, Хуго Рушевљанин, Фрањо Пазмањ, Никола Радоиќ, Радоица Радојчиќ, па сў до помладите Кирил Дојчиновски, Драган Канатларовски, Никола Илиевски-Џиџи, Зоран Смилевски, Лазар Плачков...

Победа играше и во Втората лига на поранешна Југославија повеќе години со голем успех, во сезоната 1966 беше на чекор до Првата лига, и беше потребен само бод во Сомбор против Раднички за да стане прволигаш, но иако водеше со 1:0, загуби катастрофално со 5:1 и прволигашката желба остана само сон.

Во самостојна Македонија Победа играше и во Купот на УЕФА, Интер тото куп, годинава за првпат во својата историја ќе настапи иво квалификациите за Лигата на шампионите.

Во денешната наша рубрика ќе ви претставиме еден тим на Победа снимен во второлигашката сезона 1971 година за кој се претпоставува, дека бил еден од најсилните во историјата на клубот.
http://i33.photobucket.com/albums/d89/zlit/pobedaprillep.jpg
1. Василие Шијаковиќ
Тренер. Поранешен фудбалер на белградска Црвена звезда. Беше доста популарен во Прилеп.
2. Благој Истатов
Еден од најдобрите голмани во Македонија. Во Победа дојде од струмичка Беласица. Од Прилеп замина во белградски Партизан, бранеше и за холандскиот прволигаш Утрехт. По фудбалската кариера беше успешен тренер на повеќе клубови и член на Стручниот штаб на македонската репрезентација во времето на селекторувањето на Хаџиевски.
3. Кирил Мирчевски
Покрај за Победа настапуваше и за битолски Пелистер. Стандарден првотимец.
4. Миле Николоски-Мицко,
Центархалф, со успех настапуваше и за скопски Вардар. Неговиот син Јане Николоски е голман на репрезентацијата на Македонија.
5. Ванчо Дрвошанов
Во Победа дојде заедно со Истатов од Беласица. Столб на одбраната, миленик на прилепските љубители на фудбалот. И тој извесно време по завршувањето на кариерата беше тренер во струмичките клубови.
6. Иван Мечев
Играше само за Победа. Десен бек, бескомпромисен борец за кого немаше загубена топка.
7. Александар Конески-Цане
За кого велат дека во Победа не бил само голман. Откако се прости од фудбалот беше успешен судија, судеше и во Втората југословенска лига, денес е контролор на прволигашките натпревари.
8. Методија Крстески
Во тоа време прв помошник на тренерот Шијаковиќ. Легендата на прилепскиот фудбал, со повеќе од 300 натпревари за Победа.
9. Воислав Бадрлица
Во Победа дојде од новосадска Војводина. Еден од првите играчи од другите републики кој играл во Прилеп.
10. Александар Трајков
Беше фудбалер од струмичката колонија, член на Беласица, одличен техничар, мошне брз.
11. Ристо Глигоровски
Голгетер на екипата. Во Победа од дојде од Караорман од Струга, потоа играше и за Вардар каде исто така се надава голови и во прволигашка конкуренција. Како гостин на белградски Партизан беше на турнеја со овој клуб во Јужна Америка каде со неговиот гол Партизан го победи "Санта Фе" и го освои првото место на "Пентагонал" турнирот.
12. Живко Ѓорѓиоски
Еден од легендите на прилепскиот фудбал и Победа. За првиот тим на Победа дебитираше на 8 март 1964 година против Трепча. Капитен на екипата, "мозок" и градител на играта.
13. Јордан Митрев
Лево крило. Во Победа дојде од неготински Вардар. Во сезоната 1971 година ги одигра сите средби во дресот на Победа.

Подоцна на оваа генерација и се приклучија Јове Магдески, Гоце Манески, Венцислав Сусулески, Тодоровски, Глушески, Најдоски, Петрески, Димоски...

Harry Potter
January 6th, 2006, 00:03
I remember such player from Macedonian NT, he played 3 matches in NT and he also played for Cementarnica. It it the same player ?


Im sure u r talkin about Gamagam (Goran Stankovski). No player named Svetozar has ever player for Maco NT. ;)

Harry Potter
January 6th, 2006, 00:04
hehheheh.... zakon ova so Vujadin Stanojkovic :howler:

Stanojkovic has played for two teams at the same time, this is for Guinis!

Iron Lion Zion
January 6th, 2006, 00:27
ima i svetozar stankovski, sega go proveriv vo mak fubal 2. i ima odigrano 4 utakmici za reprezentacija, debitiral protiv albanija vo tetovo koga se igrase 1994 godina.

Poland-Cement
January 6th, 2006, 12:34
Im sure u r talkin about Gamagam (Goran Stankovski). No player named Svetozar has ever player for Maco NT. ;)
Look here: http://www.ffm.com.mk/eng/reprezentativci.asp?rep=1&igraci=site

Stankovski Svetozar 3 defence 3 0 0 0

Iron Lion Zion
May 10th, 2006, 01:52
Пелистер, 4. македонски прволигаш на поранешна Југославија
sepak e 5-ti klub, go imaat zaboraveno Teteks koj sezonata 1981/82 ke igra vo prvata jugoslovenska liga

Љубителите на фудбалот во Битола, и не само во овој град, со носталгија се сеќаваат на овој тим на Пелистер, еден од најдобрите во тогашната единствена Втора лига на поранешна Југославија, кој пред распадот на Југославија играше и во Првата лига како четврти клуб од Македонија кој се натпреварувал во прволигашкото друштво (Победа (Скопје) Вардар и Работнички). Со овој тим Пелистер, под раководство на тогаш младиот тренер, Ѓоко Хаџиевски, во осминафиналето на Купот на Југославија играше нерешено со Хајдук во Сплит - 1:1, потоа во реваншот во Битола 2:2, иако водеше со 1:0 и 2:1. Малку требаше да приредат големо изненадување. Пелистер доби и награда за фер-плеј, бидејќи се согласи да го одигра реванш мечот со Хајдук, иако сплиќаните поради магла на скопскиот аеродром не допатува на време во Битола, но во согласност со битолчаните, натпреварот се одигра еден ден подоцна, а според пропозициите можеа да го добијат со службен резултат 3:0.

http://217.16.70.245/izdanija/1440/9212.jpg

1. Ѓоко Хаџиевски
Сигурно еден од нашите најдобри и најуспешни тренери. Успесите во Пелистер му ги отворија вратите кон поголемите клубови. Вардар од Втората го внесе во Првата југословенска лига, освои многу титули со црвено-црните во Македонија, беше тренер на ЦСКА од Софија, Војводина од Нови Сад, ја тренираше една од најдобрите јапонски екипи, Џубило, тренер на Касторија од Грција.

2. Саша Ќириќ karierata ja pocna vo timot od rodnoto selo Sloga (umin dol)
Во почетокот играше за Металург од Скопје, потоа за Пелистер, Вардар, ЦСКА (Софија) Арау (Швајцарија), за германските клубови Нирнберг и Ајнтрахт. Каде и да играше беше голгетер, репрезентативец на Македонија.

3. Зоран Петковски
Бранеше за Маџари, Македонија од Ѓорче Петров. По фудбалската кариера се преорентира на кикс бокс во кој имаше одлични резултати.

4. Влатко Костов
Дете на Брегалница. Зад себе има успешна кариера, настапуваше за Вардар, Пелистер, Локомотив (Софија) репрезентативец на Македонија. Денес успешен тренер на Брегалница, член на Стручниот штаб на младата репрезентација (до 21 година).

5. Јовица Анѓелковиќ
Од Победа дојде во Пелистер, играше и во Вардар, подоцна во Словенија. Десен бек.

6. Миле Тодоровски
Сигурно еден од најдобрите играчи во мал фудбал во Македонија. Покрај Пелистер, настапуваше и за Вардар и прилепска Победа. Денес живее во Австралија.

7. Благоја Кулески
Направи име во Победа, дојде во Пелистер, играше и во Вардар, беше капитен на Раднички од Ниш, сега живее во Австралија. Играше и за репрезентацијата на Македонија.

8. Томе Димитровски - Тарзанот
Помошен тренер. Поранешен голман на Пелистер.

9.Борче Јовановски - Бамбало
Легенда на битолскиот фудбал. Почна во РЕК Битола, долго години стандарден во Пелистер, настапуваше и за струмичка Беласица.

10. Драган Веселиновски - Пикси
Почна во Љуботен, потоа со успех играше за Пелистер, две години во Силекс, денес е капитен на Вардар. Го носеше дресот и на македонската репрезентација.

11. Дејви Главевски
Голгетер на клубот. Од Пелистер замина во белградски Рад, играше за данскиот прволигаш Вејле, се врати во Пелистер да му помогне. Денес игра за второлигашот Братство од Ресен, за да му помогне на клубот да остане во лигата.

12. Саше Милошевски
Заедно со Ќириќ, најпрвин играа за скопски Металург. Во пакет со него дојде во Пелистер, потоа во Вардар, го носеше дресот на Војводина од Нови Сад, една сезона играше во далечниот Мексико, се врати во Работнички Кометал каде по завршувањето на кариерата до неодамна беше директор на клубот.

13. Митко Стојковски
Сигурно најпознато име на фудбалот во Битола. Добрите игри во Пелистер му беа виза да замине во Црвена звезда, каде беше стандарден првотимец. Неколку години со успех играше за шпанскиот клуб Овиедо, потоа малку, до повредата за Штутгарт. Денес живее во Битола без фудбалски ангажман. Репрезентативец на Македонија.

Ambis
May 14th, 2006, 20:22
Great great stuff thanks a lot for this story Zlit :proud: i remember my dad telling me the story about how we almost eliminated Hajduk in the Yugoslav Cup and he went to the rematch in Bitola but we lost after leading twice. The first game in Split everyone was surprised cause we were big underdogs and after the 1-1 draw everyone in Split was saying who are these "zelene" :D

unnamed1
May 22nd, 2006, 23:15
Eve dojde vreme i za malce istoria



http://217.16.70.245/izdanija/2083/40443.jpg

Џина Симоновски, бил капитен на Југославија



Џина Симоновски (десно) се поздравува со капитенот на Чехословачка Копецки

Мидораг Мицковиќ
Читателите на "Утрински весник" ќе имаат можност први да ја видат оваа историска фотографија на македонскиот фудбал од првата средба на поранешната југословенска репрезентација одиграна по Втората светска војна меѓу Чехословачка и Југославија на 9 мај во 1946 година во Прага. Постарите љубители на фудбалот на фотографијата ќе го препознаат еден од најдобрите фудбалери на Македонија на сите времиња, легендата што не се заборава Кирил Симоновски-Џина. Популарниот Џина беше прв репрезентативец на Југославија од Македонија и единствен фудбалер што ја имал таа чест да биде капитен на најдобрата југословенска репрезентација, на таа прва средба. На тој меч победи Југославија со 2:0 пред околу 50.000 гледачи, одигран на стадионот на Спарта.
Југославија играше во состав: Монсидер, Станковиќ, Кокеза, Плеше, И. Хорват, Симоновски, Томашевиќ, Митиќ, Бобек, Ф. Матошиќ и Коцијан.
Во дресот на Партизан Симоновски има одиграно 177 натпревари, постигнал 61 гол. Беше член на првата генерација на Партизан 1946 година: Глазер, Чолиќ, Попеску, З. Чајковски, Ѓурѓевиќ, М. Јовановиќ, Атанацковиќ, Сереш, Матекало, Бобек, Симоновски.
Во дресот на Вардар има одиграно 75 мечеви, постигнал 25 гола.
Во својата богата кариера Симоновски повеќе пати беше тренер на Вардар, четирипати и тренер на Партизан. Пред Втората светска војна настапуваше за скопска Македонија.
Кирил Симоновски почина во Белград 1985 година.


http://217.16.70.245/?pBroj=2083&stID=68960&pR=11